Општо > Генерални Муабети
ЕКО куќи
djidji:
Има ли некој информации или да сподели некое искуство за цена и услови за градба на еко куќи, по можност цврста градба. Еве некои линкови за монтажни, пошто не успеав да најдам конвенционални:
http://www.geo-ing.com/
http://www.ekoproekt.com.mk/
http://www.hot-hot.com.mk/
http://www.lesnina.com.mk/
Во главно бараат да се доведат струја и вода, а некои бараат и претходно да имаш направено плоча на која ќе ја постават...
osmica8:
Тоа што ја прави основата на Македонската архитектура, овие ја викаат ЕКО куќа.
Типична Охридска, Крушевска, Дебарска куќа е заборавена во времето. Е сега овие на некој начин ја прават модерна.
Конструкцијата е таа, бондрук, монтажна. Само што има нови материјали.
Јас или било кој Архитект, ова истото да го проектира исто или поевтино ќе те фати како да купиш од Хот-Хот. Целата работа на овие е само реклама и маркетинг финта. Немаат измислено топла вода.
Шо те интересира можи да си напрајме раат муабет, ќе ти објаснам се шо треба.
djidji:
Сакам 5x5 соба во која ќе има мини купатило, кујница и дневна и внатрешни скалички за на кров. Пред собата да има трем 5х3. Имам вода на плацот, струја до плацот, а септичка јама и плоча да изгради градителот. Колку пари клуч на рака и за колку време?
SaleSk:
Јас колку што имам сознание, Hot и Hot бараат плоча, довод на струја, вода и одвод. Понатаму ти си одбираш што те интересира, односно димензии, изглед, мислам дека имаат неколку варијанти од кој можеш да избираш, материјали кои ке ти се вградат и се тоа по 280 евра за квадрат со време на изработка од некој си 45 дена. Клуч на рака, си ставаш мебел и тераш далље...
Е сега ова твоево, односно 25 + 15 квадрата незнам дали би се нафатиле да го прават и дали ке биде по таа цена...Нели нормално...Ако не јави се па ке се информираш најдобро од кај нив...
MecheTo:
Плочата која ја бараат Хот-Хот за на неа да ја направат куќата не е никаков проблем,едно шаловање 3-4 другари и толку за еден ден е готова...
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија