Миле ќути живти се да не те сликам некое сабајле кај си паркиран
Шала на страна, што бидна со таа улица кај вас, повеќе на паркинг личи, него на улица?
На паркинг сум паркиран или околу зграда. Опелот не ми е веќе таму ама има еден куп џанк наоколу, нема куртул едноставно.
Кај мене има 3 улици, не знам на која мислиш. Таа што е нормална на Т Гологанов не е многу прометна за пешаци и пешаците кои проаѓаат од тука претежно одат накај последна 24-ка и ја сечат меѓу зградите. Тие што не ја сечат помонуваат од левата страна по тротоар и тука нема проблем, едниот тротоар е паркинг и сега за сега е доволно за сите возила.
Женевска е тотален хаос, паркира кој каде стигне. Дури и да нема возила има контејнери на сред тротоар така да нема некоја сврха истиот. Меѓутоа улицата е доволно широка па сите се движат по улица. Повремено некој ќе се плесне на сред тротоар и тоа пред школото и градинката, чисто да им го крене притисокот на сите сабајлечки.