Едно е да возиш скапаница (тамче, пикап) за да преживееш, друго е да збориш на Ајфон и да возиш фризиран Голф 4 со пазарски ксенон, фолии на стакла, бандажи и ауспух..али на јагленов погон.
Се согласувам дека човекот со голфот си пати од блага форма на ретардација но во основа е исто, дали од ќејф дали од мука, и двете штетат на сите. Најди друга работа, не мора да возиш тамче. Ако се оправдува на тој начин (немам избор морам да се греам на дрва, морам да возам тамче, морам да горам гуми, морам да фрлам шут покрај пат да не плаќам депонии) ондак заеби све, ај да се вратиме во праисторија и да почнеме да се убиваме меѓу себе со цел да преживееме, ич да не се замараме со цивилизација.
На крај краева субвенции за ајфон + спуштен голф со неонки нема, додека за еколошки товарни возила, печки за греење, машини за производство...итн има. (иако локалниот дебилизам ги злоупотребува, па место нов камион купува бела панамееееера тедеи)