Еве после долго време да се произнесам у темава...
I - Рандом нервози
Општо, ме нервираат точкари што не се обележале самите себе. Ептен ми е са друге дебилизма.
Ме нервираат тие што несоодветно возат моторчиња на велосипедските стази.
Не знам дали ме изнервира, ама не ми беше сеедно што на тестот што го полагав денес, место на раѓање ми стоеше "Nordmazedonien". Ги прашав надлежните дали треба да интервенирам во колоната до напишаното, пошто јебем ли га, реално гледано роден сум у Југославија, актуелниот пасош ми е од Република Македонија, а они ми пишале дека сум роден у Северна Македонија, која постои неколку недели.
II - Нервози у сообраќајот денеска
Денеска на два пати ме изнервираа, не заради друго, туку поради зголемен потенцијал за правење беља.
1. Чекам од споредна да вртам лево и да се приклучам на главна улица. Особа возач у 2ра генерација Авенсис, ми приаѓа од левата страна, вози на главната улица. Има дадено десен жмигавец, дека ќе врти ВО уличката каде што јас чекам да излезам и да се приклучам на главна. ОК си викам, супер, гледам десно да не има кола, точаци или пешаци, нема, океј, почињам да вртам лево и да се приклучувам на главната. Особа возач у Авенсис, му текнало дека не му се врти десно иако дал знак пред 30 метра, го гаси жмигавецот на 2 метра од раскрсница, и ќе ме очешаше у заден лев дел. Успут ми даде поглед, небаре јас сум нешто крив. Одамна не сум опцул така мрсно.
2. Отприлика саат време после првата дешавка, опцув уште помрсно. На стеснување поради градилиште, во непосредна близина на раскрсница со семафор, има поинакви обележувања за лентите на асфалтот, кои се во сила поради горенаведеното градилиште. Си возам како што треба, и сакам да вртам лево на семафор. Си ги следам соодветните ленти, и особа возач на Киа Сид 1ва генерација, ми се ушуња од лево, од кај што апсолутно не смее, не само поради сменетиот тек на сообраќајот соодветно обележан со новите ленти, туку и поради тоа што така активно ја загрозува безбедноста на возачите од спротивната насока. Видов у 90ти минут дека имам кола на мое лево, а и сијаличето за „мртов агол“ ми се растрепка ко лудо, па успеав да не му влезам на Сидот, да го преполовам малце. Претерувам, никој не возеше толку брзо за да има голема штета, ама сепак, ептен ме наапа самиот потег. Жива среќа што ете, сум тренирал нерви и способности возејќи низ Македонија и Балканот, па некако сум спремен на такви ситуации.