Не делува скапо ако се работи за ОЕМ амортизери. Веројатно во деловите не се само амротизери, туку и горните „лагери“, соодветни bump stops, и гумени заштити за амортизерите. Можно е и нови федери да има.
Ако сакаш афтермаркет, подобро ти е од Германија да бараш, отколку од Македонија. Без разлика, од кај и да зимаш, рачунај дека ако ги ментнеш сите овие делови, ќе биде цената околу 300+ евра за пар.