Дормео Душеци

<< < (10/17) > >>

Opel.Mk:
Е добро де темава е во офф топик муабети нема што тука
ако е за така има: зимски кондури,Вадење/добивање дозвола за огнено оружје(пиштол),Убави Мачиња! :) (18+),Домашни Миленици... и уште 300 други !!!

marjanot:
Има некој ставено Дормео на кревет со сандак доле (оние што имаат еден плакар под кревет)?
Ме интересира пошто нели треба да има вентилација за душекот а во Дормео ми кажаа дека треба да има бар 10цм слободен простор помеѓу душекот и добрата под него :)

gOJDO:
Мојот нов брачен кревет е со сандак долу, меѓутоа нема фиоки кои се отвараат, туку има латофлекс механизам кој се крева и се спушта. Го фаќаш од делот кај нозете и го креваш нагоре како хауба на автомобил, па потоа го спушташ. Самиот механизам е таков што ти го олеснува кревањето и спуштањето на душекот. За жал најголема димензија за латофлекс со овој механизам која ја има кај нас е 180х200, па моравме да си го редуцираме спијачкиот/еб*чкиот простор.

Механизмот може да се вгради во кревети предвидени за таков механизам. Мојот кревет е направен од WoodMark, фирма која се занимава со дизајн и изработка на мебел во Македонија.

Banzai:
Јоги си е Јоги :)

marjanot:
Цитирано од: gOJDO на Март 15, 2012, 10:50:46

Мојот нов брачен кревет е со сандак долу, меѓутоа нема фиоки кои се отвараат, туку има латофлекс механизам кој се крева и се спушта. Го фаќаш од делот кај нозете и го креваш нагоре како хауба на автомобил, па потоа го спушташ. Самиот механизам е таков што ти го олеснува кревањето и спуштањето на душекот. За жал најголема димензија за латофлекс со овој механизам која ја има кај нас е 180х200, па моравме да си го редуцираме спијачкиот/еб*чкиот простор.

Механизмот може да се вгради во кревети предвидени за таков механизам. Мојот кревет е направен од WoodMark, фирма која се занимава со дизајн и изработка на мебел во Македонија.


Таков е и нашиот само не од WoodMark. Значи си иде Дормео на него без проблем така?

Движење низ форумот

[0] Индекс на пораката

[#] Следна страница

[*] Претходна страница