И јас имам како на Јове, Гри Спорт, италијански. Ги има во Рибок, во ГТЦ. Цена од прилика 6-8000ден.
Цела зима ја поминав со танки чорапи и дури и жешко ми беше понекогаш. А за вода, нормално дека не пропуштаат.
Сите модели имаат таква Gri TEX заштита и изолација. А ѓонот е Vibram.
А можиш и да ѕирниш во Артурс - Конверс, и таму има некои италијански многу добро изгледаа.
А помеѓу алпина и планика, би одбрал алпина. Мислам дека планика заостанаа во времето. Дури сега се апдејтуваа со Вибрам ѓон и со модерни заштити.