Автор Тема: Основна форумска култура.  (Прочитано 47285 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43371
  • Il Moderatore
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #75 на: 12 Февруари 2019, 08:11:18 am »
@Принц фрли уште некоја, овие тешки дискусии не се решаваат со еден пар балони :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3963
  • MadaFunker
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #76 на: 12 Февруари 2019, 23:14:24 pm »
Пар не бркале работа...у реду еве триплета  ;D

New blood of old school

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43371
  • Il Moderatore
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #77 на: 13 Февруари 2019, 00:09:54 am »
Пар не бркале работа...у реду еве триплета  ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А бе читаш ти асално?! ЕДЕН ПАР не бркаат работа.. дај фрли два пара, три пара, четири пара ;D После немало форумска култура! Е па нема кога не читате што е напишано!!!

ВАКА:

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16005
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #78 на: 02 Јули 2019, 17:33:43 pm »
интересно е што повеќе пати посочената “елита“ на форумов, постојано мора да има некој што ќе биде ОМРАЗЕНА ЛИЧНОСТ, личност која според нив се движи на тенка линија меѓу бан и член... едно време бев јас тоа, после беше бугар, па дихтот, па мацко, па измеѓу (околу 2 години не баш голема моја активност на форумов) незнам кој бил, ама сега е ВАН... ако убаво се сеќавам, пред 2-3 години ван беше во таа елита каде што секој збор  му се почитуваше, а сега се пљука по него...ок, никој не е цвеќе за мирисање, никој не е перфектен, но некој има моќ да заврти против една личност сите копја да бидат фрлени...
Од друга страна, повеќе пати пишав дека форумов е приватна сопственост, и на него важат правилата кои што сопственикот со администрацијата ги наметнува, или биди член или одчлени се. тоа му доаѓа како на свадба кога си, музиката свири со свој репертоар, тебе ако ти паше играј оро, ако не тргни се на страна и не сметај на другите што се забавуваат... на форумов сум член скоро од самиот почеток, а тоа се скоро 9 години, и јас видов многу промени, различни аршини на мерење за секој посебно, различни казни за иста грешка од различни луѓе, но еј, тоа е во приватниот сектор, ако ми се свиѓаш ќе те дружам ако не, кој те тркала, среќен ти пат на друга локација (форум)... за овој мој поминат период тука, запознав стотина нови луѓе, повеќето ок, но еден помал дел се поприлично дволични, а администрација не ги препознава. кога дојде кулуминацијата за непочитување према мене, се повлеков, како што се повлекоа и еден куп други “саглам“ луѓе, бидејки, како што и реков, не им се играше оро на таа музика...
Како заклучок ке кажам дека всушност, типично балканска работа е НЕКОЈ постојано да биде црна овца, постојано да биде крив и секогаш кога ке напише било што, да биде пљукан, напишаното да биде обезвреднето, само затоа што е од него напишано, па макар тоа била нај црната или нај белата вистина, ама во тој момент е лага и глупост, бидејки нели, црната овца го напишала... Сопственикот на форумов @zeroSignal во еден погоден момент (кога јас бев баниран за иста глупост и навреда која јас ја добив, а членот не беше ни јавно опоменат иако го пријавив) ми ја објасни скалата на која се мери дали некој ќе биде казнет или не, односно чекорите до кои секој член ке стигне до бан, и ок, ја прифаќам таа скала, бидејки е НЕГОВА СКАЛА, НЕГОВО БОДУВАЊЕ НА НЕГОВ ФОРУМ,кој што он го плаќа, он го одржава, он се замара со него... НАЈ ИСКРЕНО, скалата негова е долга... процесот до банирање е доста оддолжен... зеро и администрација се доста по меки од мене... јас ако се прашував, ке кинев многу порано и побрзо, ама еј, реков више, он е газда он си знае... ;) тука не важат ОПШТИ ПРАВИЛА, туку важат правилата на форумот кои се само и само за овој форум, и се дозволува премногу... или играј оро, или тргни се и не сметај... ;) и јас точно тоа и го направив, се тргнав, за да не сметам никому... е вака, одвреме навреме ќе читнам нешто, и уште поретко ке напишам нешто, бидејки и за тоа бев критикуван, дека ПРЕМНОГУ ДОЛГИ ПОСТОВИ сум пишувал... ок, тоа сум јас, така се изјаснувам, детално, прецизно и обемно, за да нема грешно разбрани текстови и реченици, а тоа сметало на некои членови, кои искрено, не ни знам дали се сеуште тука активни и присутни...

позз срцки, сите ве сакам... ;)
« Последно менување: 02 Јули 2019, 17:40:03 pm onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #79 на: 02 Јули 2019, 18:27:52 pm »
На ван секој збор му се почитувал пред 2 години? :D Изгледа за кајгана да не правиш муабет. Уште кога почна да се расфрла со глупости за гмо и геополитика се виде дека типот нема допир со реалноста. Иначе да, се согласувам со ова што си го напишал генерално, особено за дволичноста.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5227
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #80 на: 06 Јули 2019, 09:38:19 am »
Сопственикот на форумов @zeroSignal во еден погоден момент (кога јас бев баниран за иста глупост и навреда која јас ја добив, а членот не беше ни јавно опоменат иако го пријавив) ми ја објасни скалата на која се мери дали некој ќе биде казнет или не...
Oва се би било во ред - кога би се применувало еднакво за сите членови и неселективно.
Но правилата не се применуваат еднакво за сите и се применуваат селективно само за некој.

И тука лежи проблемот. Пошто и како се друго така и форумов е одраз на општеството и државата во која живееме, а овде живееме во општеството и држава каде истите закони не важат исто за сите, и се применуваат селективно. Или уште полошо, тие што се на власт прават што сакаат без разлика на законите и правилата (а истото важи за сите влади што биле на власт досега).

Како во државата така и по форумиве. Мене и јавно ми кажаа дека ќе ме банираат иако таму не прекршив ниту едно (напишано) форумско правило. Кој не ми верува а го интересира, нека ми ги пребара последните постови од пред неколку месеци после кои им објаснив дека не ми е никаков проблем јас и самиот да се одстранам од форумов. Пошто голем е интернетов и постои конкуренција за времето кое го вложуваме, и постојат места кои повеќе си ги ценат корисниците.

Цитат
...односно чекорите до кои секој член ке стигне до бан, и ок, ја прифаќам таа скала, бидејки е НЕГОВА СКАЛА, НЕГОВО БОДУВАЊЕ НА НЕГОВ ФОРУМ,кој што он го плаќа, он го одржава, он се замара со него.
Точно е дека негов е форумот. Само на крајот на краиштата ниеден форум не вреди ништо без корисниците на форумот... Па затоа секој сам нека си донесе заклучок каде води односот кој ги брка и ги демотивира корисниците да го користат форумот. Исто како што секој за себе одлучува каде ќе го троши времето за онлајн дисксусии.

Но да не должам ете подолу цитат во кој Марјан прилично (по)добро успева да ја сублимира суштината на работите:

Овде на форумов ако се рече дека Ванчо е крив крив е. Тука најдобро е перењето кај бушав, акумулаторите на анџело, сервисот на маршер. Греењето на конан е глупост, дихтунгот е вмро, алфа светиња, а голф најголемо ѓубре. Овде нели гледаш дека мора да се прилагодиш на мислењето на таа една одбрана екипа.
...
Ќе дојде човек ќе пише 2-3 поста ќе види не го прифаќаат и бега. Не гледаш ли дека се е собрано тетки на куп и државна администрација. Олабави малку, терај си на ладикур.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1042
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #81 на: 01 Март 2023, 20:27:24 pm »
Ве молам да си го приберете членот @Vlatce-Vectra . Бан нешо да попие нема смисла. Пронајден во пост, си ја ишка мувата од капата и вреѓа.

Отсутен Redneck

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 111
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #82 на: 01 Март 2023, 21:21:19 pm »
Ве молам да си го приберете членот @Vlatce-Vectra . Бан нешо да попие нема смисла. Пронајден во пост, си ја ишка мувата од капата и вреѓа.
Бизнисмениште да се прибереш ти, Влатче си е супер и ретко реално ликче во денешно време покрај сите егоисти.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1042
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #83 на: 01 Март 2023, 21:28:29 pm »
Шо си пуштил и песови, санки твитер е. ОК. Мислам дека не е во ред ваквиот начин на комуникација. И се надевам админите ќе го решат проблемот. Толкуод мене. Лека ноќ.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29149
    • CARclub.mk
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #84 на: 01 Март 2023, 22:02:01 pm »
Дечки, ај колективно олабавете со личните навреди и терајте нормална дискусија. Ако сакате да се пцуете, можете и на друго место. Благодарам.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4101
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #85 на: 30 Јули 2023, 15:51:45 pm »
Можеби ќе бидам долг, но сакам да се искажам.
Пред сѐ голема благодарност за дружбата на форумот, а и надвор од него. Култура 0, однесување 0.
Се напаѓаме Македонци меѓусебно. Член сум на многу форуми и најверојатно таму ќе продолжам со мислења. Конкретно форумите drive2.ru, opelteamserbia.com и останати други ми оставиле впечаток како треба да изгледа еден форум на кој пред сѐ се има основна форумска култура, без ниедна навреда (се случува еднаш месечно подбивање и се заработува перманентен бан). Се почитува туѓото мислење и не се подбиваат со никого групно. На овој форум дознав како е да си странец во својата држава. Пак ќе го напишам тоа што го напишав во тема каде што не беше местото за пишување такви нешта.
Не сум навредил никој освен Саше и јавно се извинив за тоа и пибарав прошка, но веќе дојде до некој степен каде што не се издржуваше повеќе и го навредив бидејќи во секоја тема пишува против мене.
Сум средувал проблеми бесплатно на возила, имам правено ремапи бесплатни на доста членови тука, имам шверцано масла и делови во вредност од над 300€ и пак сум бил навредуван. Цел ден го поминав во читање стари постови на Бугар, Лошипатишта, Стратро, Маршер, Џиџи, Онак(најголем впечаток ми остави) и сфатив дека покрај неговото преголемо знаење за механика бил исмеван доста. Па луѓе, што сакате повеќе?
Знам луѓе кои го имале беџот легенда уште пред неколку години и го напуштиле форумот. Имам со многу од нив слични мислења и сум водел долги разговори во врска со форумскага култура на овој форум. Ќе го цитирам едниот:
"Што да ти кажам повеќе... Сељаци кои немаат ни едно возило претставено на форумот, а знаат дека туѓото не чини. Некој купил ново возило и ставил гумени патосници и наместо да му честитаат ново возило веднаш долу читаш коментар "Чамец", и уште 10 коментари под него од ист карактер. Бев долго време на форумот и откако видов во каква околина се наоѓам културно се повлеков."
Доволно ја опишува ситуацијата, културата и сељачаната на форумот.
Пробав 3 или 4 пати да се вратам на форумот со надеж дека ќе дадам сѐ од себе за да угодам на "старата гарда" на форумот, пробав да бидам несебичен и да помагам за проблеми околу електроника и слично, носење масла по набавна цена, сетови ламели од Грција, дискови, седење 24/7 на форум и прв пишував за решавање на некој проблем и среќен сум што решив 90% од проблемите без да побарам ништо за возврат освен кучтурно однесување, но за жал уште повеќе се плукаше кон мене.
Барам од класниот да ме банира во согласност со останатите членови на форумот кои се против мене. На голем дел им се извинив и им пишав приватна порака за "помирување" иако не сум навредил ни директно, ни индиректно, но за жал и на таа порака сум добил негативен одговор.

Едит: Цитирам човек што многу го ценам и кон кого на сличен начин беше лошо зборувано.
Извини Влатко што ти си во цитатов, лично немам ништо против тебе, само ја опишувам форумската култура на "завидно ниво".
Твојата дрскост и правење на сезнајко така длабоко ќе ти врати нема да си ни самиот свесен за тоа. Тврди колку што сакаш како што и јас и сите други тврдиме или делиме мислење ама не користи вокабулар како да си во сред село излезен да се препукуваш. Однапред се извинувам за мојот истресен коментар.

https://www.kamikaze-collection.com/
истото важи и за тебе,прочитај што си напишал погоре,не ти е селски вокабуларот туку рамен на еден сезнајко што мисли дека сите овци му се на број и си седи во трлото,а волкот 10 му скинал :).Години наназад се борам на форумов со такви како тебе,и еве уште напредувам,спротивно на желбата и љубомората на некои од твој "културен "ранг :) .И Камиказе го има кај нас?Ако си толку културен,ќе ја прочиташе темава прво па после ќе се истресеше со коментарот твој.Ама егото на култура не ти дозволи да признаеш дека само еден пост прочита и скина :).Да беше барем малку културен колку што се правиш ќе речеше извинете;касно се вклучив.Селани има на форумов,ама тоа не ги прави деградирани во општествово и гледам и читам дека се покултурни од тебе.Уживај си ти пак со стадото :) и јас се извинувам што морав да се симнам на твое ниво.Моментално работам кола од 50.000€.Читал човекот на форум како љубоморна група штом се појавам на форум почнуваат со плукање,па рекол ќе возам до Прилеп да видам дали е вистина,чунки таму сите се професионалци,пс решил во селово да ја донесе,туку арно што не го прочитал твојов последен пост,ќе се вратеше на Плетвар :).Пуста завист.
« Последно менување: 30 Јули 2023, 16:22:24 pm nestor04 »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #86 на: 31 Јули 2023, 08:41:33 am »
Драма!

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1712
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #87 на: 31 Јули 2023, 16:54:05 pm »

Не знам како се другите форуми, али дека форумов е како куќна слава сум рекол неколку пати. 20 -тина души се активни со години и тоа е тоа.
Треба многу работа да се прошири, прво дизајнот не еволуирал со години, слика да закачиш треба 3-rd party хостинг страни да бараш па да линкаш, но, си има сопственик и веројатно си ја тера неговата политика.
Модерацијата реално е мн полабава него на други форуми, можеш да пцуеш, да се тепаш на тастатура, и никому ништо.

Мене повеќе ми "пречи" што нема повеќе содржина од аспект технички работи како што пример има на ит мк форумот, но што е тука, каков е таков е.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4740
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #88 на: 31 Јули 2023, 17:19:25 pm »
Драма!
Esmeralda

Sent from my Pixel 7 Pro using Tapatalk

Присутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1978
Одг: Основна форумска култура.
« Одговори #89 на: 31 Јули 2023, 22:39:29 pm »
Televisa Presenta ....