Ве начнав пред некое време да ми помогнете на тема монитор за работа, ама некако сама се разреши дилемата бидејќи разговарав со човечки ресурси на работа и ми обезбедија Samsung монитор од 23.5", нов CH CH CH
Во меѓувреме, решив да се помирам со "work from home" ситуацијата и се преместив од трпезариската маса на custom made биро кое го „дизајнирав“ (читај му кажав на татко ми како сакам да изгледа па крпевме летви, ногари и други материјали) да ми одговара на амбиентот.
Поради димензиите на бирото, нема место за паралелно да стојат и мониторот и отворениот лаптоп, па направив monitor stand од MDF и ногарчиња од дршка од метла
Сега, лаптопот стои затворен под stand-от.
Поради тоа, немам пристап до камера за видео состаноци, па ми требаше некое решение. Имав низ дома држач за телефон за во кола, и го залепив на постољето од мониторот (секако претходно ставив проѕирна заштитна фолија), и бидејќи на телефонот веќе имам такво метално крукче, телефонот ќе го ставам тука и ќе ми служи како веб-камера кога ќе ми треба.
И финално, имав уште еден комплет ЛЕД сијалици какви што ставив на телевизорот. Ги наместив на мониторот, секако можат веднаш да се отстранат без никакви траги, така да грижата за опремата од работодавецот си останува на 100%.
Си купив и
Logitech MK470 тастатура и маус. Барав минималистички комплет со позадинско осветлување, не успеав да најдам, изборот беше или позадински осветлено, или минималистичко. Се одлучив за второто.
(Морам да ги пофалам DDStore, им се јавив и прашав дали може да го набават комплетот само за да видам каква е тастатурата за куцкање. Госпоѓата ми рече дека нема да е проблем, сепак се работело за поскапо парче опрема и разбирала, и така и бидна.)Финален резултат: