Значи секоја нова кола произведена од Јануари 2005та мора да ги задоволува Еуро 4 стандардите за емисија на штетни гасови.
Тоа не значи дека кола произведена 2003/2004та не ги задоволува. Може да ги задоволува, може не. Зависи од спецификациите на самото возило, зависи од првата хомологација во државата на производство.
Но, не се раководете на пишаницата од mobile.de или autoscout24.de. Конкретно во Германија, во помалиот дел на сообраќајната (Дводелна е, големиот дел е за сопственикот, малиот е за техничките спецификации на колата), пишува кои емисиони стандарди ги исполнува.
Но.... Тука има еден мал детал, што џамбазите во Германија го злоупотребуваат. Тука има т.н. еколошки зони во центарот на секој град (Umweltplakette). Имаш црвена, жолта и зелена плакета. Која кола во која класа е (црвена, жолта, зелена) зависи кои емисиони стандарди ги исполнува, и дали е бензин или дизел.
Дизел со еуро 1 и еуро 2 е црвена плакета. Со еуро 3 е жолта. Со еуро 4 е зелена. (Еуро 3 со ретрофит на ДПФ + технички + ТУФ ако исполнува еуро 4 стандарди, добива зелена плакета).
Бензинец кој исполнува минимум еуро 2 стандарди (значи еуро 3,4,5), автоматски добива зелена плакета.
Ако возилото има зелена плакета, џамбазите автоматски пишуваат дека бензинецот има Еуро4, иако тоа не е случајот.
Но, напишаново по никаков случај е гаранција дека ќе мине на хомологација во Македонија. Да речеме увезеш дизел од 2003та, ретрофитираш ДПФ, и пак да не ти дозволат да го возиш. Ќе го увезеш, ама нема да имаш дозвола да го возиш.
Конкретно, за бмв-то што го има Дејзи постирано погоре, со добар софтверџија за ИНПА или ДИС, тоа БМВ се конфигурира да задоволува еуро 2, еуро 3 или еуро 4 стандарди.