Совет за кола на старо фамилијарна (караван) прифаќам се за предлог ако може и искуство или зошто е предложено (добар мотор, удобна вожња, малце троши, ефтин сервис, ефтини делови ....) што и да е причината за моделот. Барам година дена читам разгледувам памет немам више
Во моментов имам пежо 207 1.4 Дизел (2008) прв газда сум имам поминато 120 000 км и Шкода Фелиција бензин/плин исто прв газда има поминато помалце од 60 000 км работи не се служа а и не ни троши. Да не должам многу ми треба поголема, понова, поудобна, побрза за на пат кола не дека нешто брзо возам ама дизелот на угорница натоварен нема душа и нема реално место со две деца за на одмор нема шанси мал багашник, а фелицијата некако не ми е за надвор од МКД.
Го имам прашано мајсторот кај што го носам пежото на сервис вика стварно незнам што да ти предложам најубаво ТУЛЕ на пежото сега за сега.
До сега имам гледано само каравани и тоа
Audi A4, A6 бензин дизели ал роуд све е у оптег години од 2008 до 2015
VW Passat, 2010-2016 Golf 7 исто караван бензин(мајсторот на овој муабет ми спомна ако зимам понов модел стрикно дизел демек новиве бензини не биле како фелицијата исто имале заебанции како дизел мотор ) дизел алроуд пасат
исто имам гледано
Mazda 6 karavan 2013 - 2015
i30 karavan 2013
Kia Ceed karavan 2013
исто Volvo имам гледано
секој предлог е добре дојден дури и да не од овие модели
буџет незнам различни коли за едни од 5-10К евра за другите од 10 до 15к евра