Па кажуваш дека се “подобри и од некои позвучни имиња”, без на никаков начин да го поткрепиш тоа...
Од каде тоа дека се подобри? Според кои критериуми?
Секогаш докажува тој што негира. Јас ги купив и ги тестирав и се подобри од Valeo, Remsa(сум ги немал, но од искуство на други кои ги познавам) и Ashika(нив ги имав и гледам ги нема исто така во анкетата, а не ги ни предложувам да ги има, многу лошо искуство имав со нив). Имаат одлична цена, достапни се онлајн, имаат заеднички каталог и огромен избор. Имаат чамфер дизајн како што имаат само најскапите брендови, не квичат, одлично кочат и ладни и загреани. Прават прашина умерено. Цените им се багатела.
Што се запаливте толку? Да не си помисливте си ги рекламирам, дека ги увезувам или нешто слично? Не сум на форумов за бизнис, туку да помогнам и да најдам решение за работи поврзани со автомобилот.
И да- за цената се подобри и од Textar и од Pagid и од ATE и од BREMBO и од FERODO и тн.
Толку ли е тешко да се додаде уште еден избор во листата? Кој знаел и пробал ќе си избери COMLINE(ALLIED NIPPON). Кој не ги знае ќе ги прескокни. За овие останатите за сите ли добивавте специјално објаснување за да ги ставите?