Благодарам.
Дени нешто има спомнато дека не траат елџињата.
Зошто поконкретно не LG?
Моите земаа лг 43" 6400. Вака одличен си е за парите. Мада не сум го тестирал на филм.
Реално зборено се е рекла казала муабети. Јас кога зимав телевизор пред 6 години, опалив 50,000 денари за ЛГ и ми кажуваа од сервисите никако не зимај Сони, постојано ни носат на сервис. Друг ќе ти каже Сони се Сони, се друго не чини. бирај што има подолга гаранција, поголема дијагонала, и оверал поубав телевизор за нормална сума. Комшија ист период кога земав јас зема Филипс, тогаш сите викаа Филипс не чинат одма се расипувале, еве го уште го користи без проблем, така да ќе се сведе на дали ќе ти се погоди.