Автор Тема: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?  (Прочитано 449505 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8065
  • Малерозен дрводарец
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2865 на: 27 Јануари 2021, 17:17:38 pm »
https://www.neptun.mk/categories/televizori/SONY-KD-65-X-7055-BAEP
За ова што мислите? Некако голем попуст само незнам дали е реална првичната цена или пукната у плафон па демек голем попуст сега?
Тоа што нема андроид не ми е проблем , имам firestick 4k преку него ке гледам иптв

Бил толку, ама одамна.

Се прашувам дали и таа цена е добра, многу е блиску до 8-ма генерација...
Јес да е 65 инчи, ама ако веќе ти се дава кеш, види да не има некаде поефтина и 65-ка од 8096 сериите :)

Едит: ништо, побарав и многу се поскапи.

Цепај со овој, штом имаш Андроид посебно, па и не е страшно. :)
Серијата 8 е подобра, таа е со андроид ама е поскапа сегде.  Ке идам после да видам у живо дали ке ме фати око( а незнам како нема да ме фати :))

Земи гледај ги од поблиску и земи 55-ка 8096 :D
Потлачени!

Џаба радите, нече вас платити!

Отсутен antibiotic1

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 291
  • МАЗДАШ
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2866 на: 27 Јануари 2021, 19:39:47 pm »
 sony- то што го збориме  е со VA панел :) нека си го чуваат. у техномаркет има 8ма сериа 55 инча за 40000ден тоа ке го размислам
Old Mazda's never die, they just get faster.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5973
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2867 на: 27 Јануари 2021, 20:03:42 pm »
Мислам дека со Сони телевизор нема утка.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2868 на: 27 Јануари 2021, 20:08:22 pm »
Сонито во 2020 веќе ги уназадија 9000 моделите па сега треба да гледаш 9500 сериите а па за 8000 сериите да не праиме муабет. Али можно е моделите за кои праите муабет да се 2019

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2869 на: 04 Март 2021, 09:18:29 am »
Јас пак се вратив на темава ;D, пред се едно фала до @marjanot  зошто пред неколку месеци го прашував на темава конркетно за неговиот модел на сони и од тогаш почнав активно да барам телевизор и ме натера повеќе да читам и разберам што е тоа што го барам од телевизор.

Читајќи по форуми и ривјус како што претходно повторив на форумов дека 2020 моделите на сони 9та серија, конркетно xh9096 вади полоша слика од 2 години постариот модел xf9005 пред се поради значително намален HDR brightness а добиваш за возврат само побрз интерфејс и хдми 2.1 поддршка  за PS5/XBOX а тоа немам и ако купам во иднина пс5 нема ништо да ми биде ако играм на 60фпс. Дури и ден денес стариот модел го наоѓам по продавници за околу 800 евра додека новиов се продава мааалце поскапо за 850-900 евра. Самото тоа укажува дека новиот е правен само за гејмери ама за гледање филмови и содржини сепак е скалило подолу од стариот телевизор. Се разочарав, па гледав све што може од philips oled, lg oled, samsung q90t итн.

Па така, долго време го меркав појакиот модел xh9505 со Х1 ultimate процесор, дупло повеќе осветлесност  за ХДР содржини ама нема ХДМИ 2.1. По сите форуми и тестови на јутуб многу лесно се гледаше разликата во квалитетот помеѓу xh9505 и xh9096 особено кога станува збор за прикажување на црна боја. Морам да напоменам после кога го изгледав ривјуто за xh9096 https://www.youtube.com/user/hdtvtest тогаш пресеков зошто телевизорот повеќе нема smooth gradation option, односно кога гледаш контент со послаб квалитет како кабелска телевизија или јутуб се појавуваат како бранови (на пример гледаш во небо) и транзицијата на сликата не е постепена.

После научив дека вториов има повеќе dimming zones. На крај се двоумев покрај овој и да земам олед од LG, конкретно CX3 моделот. Нормално, овој вади подобра црна слика ама беше поскап некои си 150-200 евра плус незнам што ќе му биде после 4-5 години користење пошто знаеме дека имаат проблем со burn in. Исто така HDR brightness е за 30% помало во споредба со сонито. Ах, ќе заборавев, гледав и самсунг q80t и q90t ама кога разбрав дека нема поддршка за dolby vision ондак и самсунгот испадна од игра.

Така да на крај се решив за XH95 или по нашки xh9505. Пошто имам веќе саундбар 2.1 јбл  со сабвуфер и  dolby vision поддршка, звукот е нешто неверојатно. На стариот телевизор бев побрзан само со оптички аудио кабел и во споредба звукот со новиов телевизор е како да имам нов саундбар, нешто неверојатно како звучат dolby vision содржини. Буквално како да си во кино, ѕидовите дома ми се тресеа од вибрации кога го гледав вчера spiderman. Секоја чест. Можам да замислам каков би бил звукот да имав 5.1 dolby vision.

Телевизорот е одличен, би му го препорачал на секој кој што е мераклија на неверојатно добар квалитет кога се работи за гледање хдр/dolby vision филмови. Андроидот работи перфектно + има и apple tv.

Неверојатно добра слика, контраст, црните елементи се скоро одлични (да, не е олед сепак), но самата осветленост кога гледаш хдр/dolby vision е со еден збор wow. Како да си внатре во филмот со глумците  :), прав доживљај е гледањето филмови на телевизоров во комбинација со соундбар. Се надевам ќе ме служи долго, како што самсунгот ме служеше без проблеми скоро 8 години. И морам на крај да го пофалам даљинското, одлично е и плус има осветлување и навечер нема проблеми за користење.







Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29137
    • CARclub.mk
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2870 на: 04 Март 2021, 09:50:18 am »
Честито! Одличен телевизор, и јас го меркам истиот, фала ти што ми потврди! :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11694
  • Архитект
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2871 на: 04 Март 2021, 09:50:51 am »
Супер. Си одбрал 100хз панел.
Одличен избор.

Со здравје да се гледа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10123
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2872 на: 04 Март 2021, 11:39:26 am »
Среќа си имаше караван за да ти го собере :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54738
  • Махер
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2873 на: 04 Март 2021, 11:45:13 am »
Среќа си имаше караван за да ти го собере :)
Си го собира и во седани. Проверено.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10886
  • 430i
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2874 на: 04 Март 2021, 13:25:33 pm »
децава ја гледаа Stranger Things на Сонито
содржината е во 4К долби вижн

ние претходно ја гледавме на стариот телевизор во фул хаде
приметив дека пола серија уствари не сме ја изгледале

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1040
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2875 на: 04 Мај 2021, 14:01:32 pm »
Видел ли некој исто или слично некаде кај нас (црно стакло-метал коомбинација), битно ми е да може да се монтира ТВ 55’ или ако е без тој вертикалниот држач да е барем 100 до макс 120см широко да може да се стави на него?


Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2876 на: 12 Мај 2021, 12:50:44 pm »
Шо уред ми треба за да можам од модемот на А1 да поврзам CRT телевизор?
Аналогните ги исклучија, сега ништо нема.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4989
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви требk
« Одговори #2877 на: 12 Мај 2021, 13:09:24 pm »
Шо уред ми треба за да можам од модемот на А1 да поврзам CRT телевизор?
Аналогните ги исклучија, сега ништо нема.
Ти треба таков бокс шо ги даваат,  барем еден ти следува со договорот побарај си, а, ќе мораш лан кабел да влечкаш до телевизорот, баш пред некоја недела сњ мафтав со истото.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6076
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2878 на: 12 Мај 2021, 14:31:44 pm »
Не те сваќам, значи има модем/рутер што и да е тоа, без интернет, само телевизија и фиксен.
Телевизорот ги фаќаше само аналогните пошто таков е, сега сите се дигитални, а тв-то нема „декодер“ за дигиталните.

Не знам со ланот шо сакаш да кажиш, само во газот можам да си го закачам, во телевизорот тешко.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3538
Одг: Каков телевизор сакате, имате или ви треба?
« Одговори #2879 на: 12 Мај 2021, 14:38:38 pm »
Веројатно SCART ти треба, ако уредот од А1 има SCART порта.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"