Како некој што всушност го возел C5 Aircross на пат (и на патека, колку и да беше чудна таа одлука околу настанот...), можам да кажам дека суспензијата си функционира како што треба.
Многу пољуљава ми беше претходната генерација на Hyundai Elantra (сигурно ќе се сети и
@velestrumf на моментот) отколку новиов C5 Aircross. Суспензијата на Еркросот не е нешто посебно „софистицирана“ - баш напротив, технологијата е прилично едноставна (многу, многу, многу поедноставна од хидрауличната суспензија која ја имаа порано, и која стварно си беше супер-напредна и супер-комфорна, ама комплицирана и скапа) и си работи баш како што треба.
Поентата ми е... Да, Еркросот се љуља, ама не се љуља нешто ау-бау многу да се паѓа во несвест. Не би го нарекол небезбедно љуљав, ниту пак некомфорно љуљав. Ако се земе колата во контекст на тоа што е - практичен, семеен, комфорен SUV... Тогаш, „љуљавоста“ е дури очекувана.