Автор Тема: НАЈБРЗИОТ ЦИРКУС СЕ ВРАЌА НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ Формула 1 од 2012 повторно во САД  (Прочитано 3017 пати)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7889
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk


НАЈБРЗИОТ ЦИРКУС СЕ ВРАЌА НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ

Формула 1 од 2012 повторно во САД

Прв пат во историјата на Ф1 во Америка патеката според првокласни светски стандарди ќе биде изградена токму за овие потреби, изјави Еклстон

Шампионатот во Формула 1 од 2012 година ќе се врати во САД, изјави првиот човек на ова натпреварување Берни Еклстон. Домаќин на најдобрите возачи на денешницата ќе биде Остин, главниот град на државата Тексас, а потпишан е и договор на десет години.
- Прв пат во историјата на Формула 1 во САД, патеката според првокласни светски стандарди ќе биде изградена токму за овие потреби, изјави Еклстон.
Според договорот кој е потпишан во Остин, 15-от град според големината во САД, ќе биде домаќин на трките од Формула 1 до 2021 годинина.
- Многу сме горди што успеавме да постигнеме договор со сопствениците на комерцијалните права во Формула 1. Веќе неколку години грижливо работевме за да го донесеме ова фантастично збиднување во Остин и државата Тексас, и повторно во САД, изјави извршниот директор и промотор на трката Тејво Хелмунд.
Последната трка за Големата награда на САД е одржана во Индијанополис во 2007 година, а на неа триумфираше Луис Хамилтон во Мекларен. Еклстон од тогаш бараше нов домаќин бидејќи тимовите, произведувачите на автомобили и спонзорите посакуваа да се вратат на еден за нив најзначајните пазари. Во последно време како можни локации за трката во Формула 1 се спомнуваше Њујорк, но и Лос Анџелес, како и патеките во Калифорнија или Флорида.


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=09559F8910185B49980C8AA4396403A0

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33898
  • Таков е животот... јебига
Џабе ќе се мачат. Еве ја 2012-та каде иде.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Од задњата трка у Индијанополис наваму сум ги замрзел. Само у уса може да се деси публика да гаѓа Формула 1 болид со пластична флаша вода.

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
За џабе се враќаат според мене.Чим во Индијанаполис што претставува историска патека не можеа да донесат публика уште потешко ќе биде во некоја пустина во Тексас.Плус американците не ја гледаат ни својата Indy Car серија иако возат одлични возачи,мислам дека има последен рејтинг на гледаност од сите професионални спортови.Со цел да се привлече публика финалето на сезоната беше на небезбедната патека во Лас Вегас и сите знаеме како заврши таа трка :(.За нив само постои NASCAR и тешко дека тоа ќе се смени во наредните години.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54743
  • Махер
Од задњата трка у Индијанополис наваму сум ги замрзел. Само у уса може да се деси публика да гаѓа Формула 1 болид со пластична флаша вода.
На Маса му смрдеше на пиво болидот? Стока...