Их... тоа со каблите е мачка во вреќа.
Инаку,
@smole, bi-wiring е интересен концепт, но зависно од цената на кабелот, бргу станува скапа играчка чија повратна вредност не е баш поволна. Она што би го направил (и сум го направил кај мене, не давам рандом совет) е кај звучник кој има повеќе од еден пар терминали, да се заменат стандардните jumper-и кои доаѓаат со звучниците со парче од кабелот кој се користи за звучнички кабел.
Ако се користи кабел на метар, ти требаат уште 20цм вкупно.
Каблите имаат поента како составен дел од системот. За жал, најголемиот дел од хобистите не пристапуваат системски кон градењето на систем. Знам дека звучи како тавтологија, ама немам поинаков начин да се изразам.
Но кога се пристапува здраво кон градење на систем, и кога се земаат сите компоненти во предвид од самиот почеток (што може да биде проблем секако од финансиски аспект), релативно лесно се утврдува правилното ценовно ниво на каблите кои тука следуваат и со тоа се завршува муабетот...
...тоа што ние сме луѓе што мислиме дека со 100е кабел, уредот од 200е ќе звучи како уред од 1000е е друга работа.