Po kazuvanjata na prijatelov, dobro im odi, i rabotat na naracki za klienti od nadvor, posebno zapadna Evropa, taka da....
Верувам дека е така, и искрено ме радува што конечно можеме да зборуваме за учество на локални производители на светскиот пазар. Ова е нешто за кое се залагам повеќе од 15 години.
Ne znam zs site se fatija bas za toa.
Токму поради сите работи наведени претходно.
Имено, нова компанија на пазарот кој веќе е востановен пристапува од подредена позиција. Мора многу, навистина многу да се труди и вложува за луѓето да и обрнат внимание нејзе и на нејзините производи. Луѓето кои ги развиваат оваквите производи знаат кои метрики се важни за промоција на работите.
@DENDE-LANCERED ова не е реакција на твоето пишување, туку поголемо воочување на работите. Затоа и пишав дека можеби е потребно воспоставување на подобра приказна. Објавата која ја линкуваше на FB, речиси сигурно следи од параметри кои на авторот на ФБ страната му се доставени од производителот (веб сајтот е многу оскуден). Ако е така, производителот контролира кои параметри ќе се објават.
И повторно, ако е така, се прашувам кои се целните потрошувачи на оваков производ ако примарната метрика која се промовира е масата на финалниот производ. (*)
(*) И количината на капацитативност и бројот на излезни транзистори во активните засилувачи, ама тоа е друг муабет.Да се навратам на претходната аналогија, што ќе кажеме за возило ако наведеме дека има "огромен мотор со 12 цилиндри", а притоа да не се наведе (1) која моќности при кои параметри на возење, (2) кој погон, (3) која шасија, (4) кои сопирачки?