Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 134440 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1335 на: Март 14, 2019, 11:24:24 am »
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1135421136660822&id=266187900250821

Prijatel raboti vo firmava sto gi proizveduva zvucnicive.
250kg eden tezi :D
Jesse Frederick Langlois Focal called, they want their utopias back.

Focal Utopia +100.000$

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1336 на: Март 14, 2019, 11:40:44 am »
Искрени честитки за македонска компанија која решила да се проба во high end audio светот. Бара посветеност, вложување, и истрајност.

Земајќи го тоа во предвид, секако, не е лошо малку да се поработи на приказната. Дадените параметри како одлика на добро парче опрема ме потсетуваат на старите добри (*) тепкарошки времиња, каде уреди се продаваа(т) по девизата - "феноменално е појачалово, 40кг жива мера!".

Податок за тежината на звучник значи за неговите перформанси отприлика исто толку колку што за перформансите на едно возило зборува вкупниот волумен кој го зазема во просторот.

(*) Не се ни стари, ни некогаш беа добри.


Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1337 на: Март 14, 2019, 14:24:21 pm »
Убаво срочено. Како што напредува технлогијата, ни парите веќе не се пресудни за да се добие одличен звук. Пимер:
1. JBL LSR 305, врвни мониторки кои на запад можеа да се најдат за 200е ПАР
2. Buchardt S400, врвни пасивни монитори кои звучат подобро и од "250кг" звучници, за цена од околу 1400е.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1338 на: Март 14, 2019, 15:03:38 pm »
Би сакал да бидам малку појасен, па уште неколку забелешки.

Пред тоа, дополнување - не сум ги слушал наведените производи, не им ги знам карактеристиките, и соодветно НЕ можам да донесам никаков суд за нивниот квалитет според наведените податоци. Од слика, звучниците изгледаат извонредно изработени (што е проблем во Македонија, верувајте), и изборот на компоненти делува квалитетен (ако се водиме по цената на компонентите). Но збунува инсистирањето на нерелевантни податоци од типот на маса. Каде се (1) генерална осетливост, (2) основна топологија, (3) образец на зрачење, (4) резни фрекфенции итн...? (*)

(*) Тука не ги сметам дизајнерите на аудио опрема кои не ги мерат своите уреди, туку дизајнираат исклучиво "на уво".

Звучници од овој тип инхерентно имаат добри карактеристики на некои полиња, поради самата големина. Очекувани се високи нивоа на динамика како и силен сигнален излез (output), но се е последица на расудување по слика. Од друга страна, директни недостатоци се барања за голема просторија (големо растојание од странични ѕидови (ако треба) и генерално големо растојание до позицијата на слушање. Што би рекло, просторија за слушање 10м х 10м. Карикирам.

Ај да го земеме за пример тука споменатиот Buchardt S400. Не сум го слушал, но објавените податоци се овде:

https://www.buchardtaudio.com/s400-detailed-description

Наведено е се што сум напоменал погоре, и многу повеќе. Дури и без слушање на мониторите можам да донесам суд дали ќе бидат во насока на она што (1) мене ми се допаѓа, (2) ќе работи со остатокот на мојот систем, (3) ќе работи со мојата просторија.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4781
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1339 на: Март 14, 2019, 15:42:17 pm »
Tezinata kako komentar ja navedov cisto kako podatok koj me iznenadi, ne veruvav deka do taa mera se odi.
Ne znam zs site se fatija bas za toa.

Po kazuvanjata na prijatelov, dobro im odi, i rabotat na naracki za klienti od nadvor, posebno zapadna Evropa, taka da....

Plus vo opisot stojat i komponentite vgradeni taka da ne e samo na sliki.

Kako i da e, me raduva faktot sto i kaj  nas se resil nekoj kvalitetno da raboti i sozdava, a negativni komentari ke ima kako i za sekoj drug proizvod i toa ne menuva apsolutno nisto vo realnosta na rabotite.

Kako sto spomna Insides po sliki se gleda deka izrabotkata e na dosta do ro nivo sto i ne e taka lesno da se dobie, a komentarite u stilot za pomali pari se dibiva isto gi sfakam kako muabetite za sporedba na Mercedes i Suzuki na primer, i dvete ke te odnesat od tocka A do tocka B, ali nacinot e razlicen neli :D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1340 на: Март 14, 2019, 16:47:00 pm »
Po kazuvanjata na prijatelov, dobro im odi, i rabotat na naracki za klienti od nadvor, posebno zapadna Evropa, taka da....

Верувам дека е така, и искрено ме радува што конечно можеме да зборуваме за учество на локални производители на светскиот пазар. Ова е нешто за кое се залагам повеќе од 15 години.

Ne znam zs site se fatija bas za toa.

Токму поради сите работи наведени претходно. :)

Имено, нова компанија на пазарот кој веќе е востановен пристапува од подредена позиција. Мора многу, навистина многу да се труди и вложува за луѓето да и обрнат внимание нејзе и на нејзините производи. Луѓето кои ги развиваат оваквите производи знаат кои метрики се важни за промоција на работите.

@DENDE-LANCERED ова не е реакција на твоето пишување, туку поголемо воочување на работите. Затоа и пишав дека можеби е потребно воспоставување на подобра приказна. Објавата која ја линкуваше на FB, речиси сигурно следи од параметри кои на авторот на ФБ страната му се доставени од производителот (веб сајтот е многу оскуден). Ако е така, производителот контролира кои параметри ќе се објават.

И повторно, ако е така, се прашувам кои се целните потрошувачи на оваков производ ако примарната метрика која се промовира е масата на финалниот производ. (*)

(*) И количината на капацитативност и бројот на излезни транзистори во активните засилувачи, ама тоа е друг муабет.

Да се навратам на претходната аналогија, што ќе кажеме за возило ако наведеме дека има "огромен мотор со 12 цилиндри", а притоа да не се наведе (1) која моќности при кои параметри на возење, (2) кој погон, (3) која шасија, (4) кои сопирачки?

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1341 на: Март 14, 2019, 18:11:53 pm »
Ппомош колеги. Каде во МК може да најдам ваков или случен држач?

http://www.amazon.com/VideoSecu-Clamping-Mounting-Surrounding-MS56B/dp/B000X9O8SI/ref=sr_1_18?ie=UTF8&qid=1435040343&sr=8-18&keywords=surround+speakers+wall+mount


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1342 на: Март 14, 2019, 21:44:45 pm »
Ппомош колеги. Каде во МК може да најдам ваков или случен држач?

За која димензија на основа?

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1343 на: Март 14, 2019, 21:52:49 pm »
Okolu 19cm ili 7.5 inchi.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1344 на: Март 14, 2019, 22:23:29 pm »
Okolu 19cm ili 7.5 inchi.

Со толкава платформа, не би знаел. Слични држачи во Аудио Центар (ГТЦ) за JBL Control One. Нешто слично во Конрад, Артист и Мими.

Отсутен Ordevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 248
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1345 на: Март 20, 2019, 23:40:56 pm »
Стигна вчера, за помалку од 2 недели. Функционира и со Bluetooth и со оптички кабел, само излезот преку 3,5мм е страшно слаб. Немав 2х2 RCA кабел, ќе земам па ќе пишам апдејт.(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Go probla li so RCA? Sakam da naracam vakvo...
Имате искуство со враќање назад до Кина? Цена за поштарина? Ова не го бива :)

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен goki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 144
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1346 на: Март 21, 2019, 17:05:45 pm »
Како да го поврзам ресиверот со новиве телевизори? И од каде да го купам тој некој кабел. Мерси.

"Every time I press one of these black controls, labelled in black on a black background, a little black light lights up black to let me know I've done it."

Отсутен Ordevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 248
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1347 на: Март 21, 2019, 17:07:23 pm »
Како да го поврзам ресиверот со новиве телевизори? И од каде да го купам тој некој кабел. Мерси.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Anhoch има 100%. Барај оптички кабел (toslink).

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3878
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1348 на: Март 21, 2019, 17:26:11 pm »
Како да го поврзам ресиверот со новиве телевизори? И од каде да го купам тој некој кабел. Мерси.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Дoле десно пишува digital input, последнот влез е optical. Купи кабел како што кажа голегата.

Отсутен goki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 144
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1349 на: Март 21, 2019, 18:14:02 pm »
Ок, не очекував да биде толку евтин 150-200 ден.( Анхоч ). Дали е квалитетен? Дали има поквалитетен или нема да приметам разлика?
"Every time I press one of these black controls, labelled in black on a black background, a little black light lights up black to let me know I've done it."