Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 159700 пати)

Отсутен Mikius

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4271
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1395 на: Април 10, 2020, 21:35:29 pm »

Отсутен Ordevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1396 на: Април 10, 2020, 22:36:13 pm »
И јас би NR1200, во поглед на конективност и во поглед на јачина е пред РМ6006.

Што се однесува до Denon, најдобро да ги слушнеш двете со твоја музика, што ти се допаѓа повеќе, тоа да си купиш. Мислам дека во Аудио центар ќе ти овозможат да ги споредиш.

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 841
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1397 на: Април 10, 2020, 23:12:21 pm »
Читајќи по форуми, Marantz NR1200 се спомнува како многу сличен (малце послаб од) Denon DRA-800H, a во Аудио Центар се идентични со цена. Совет?

Иста фирма, во основа. Marantz се уште се фура како по-премиум бренд од Denon, демек бренд идентитет и препознавање за стерео опрема. Би се зачудил ако навистина има фундаментални разлики помеѓу нив.

Мислам дека во Аудио центар ќе ти овозможат да ги споредиш.

Во овој период, малку тешко мислам.  :D

Отсутен smole

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2341
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1398 на: Април 10, 2020, 23:20:37 pm »
Што се однесува до Denon, најдобро да ги слушнеш двете со твоја музика, што ти се допаѓа повеќе, тоа да си купиш. Мислам дека во Аудио центар ќе ти овозможат да ги споредиш.

За таа цена ќе мора да ги слушнам, макар и на нивни звучки да не се килавам со моите, али нека помине лудилово.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10012
  • Архитект
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1399 на: Април 12, 2020, 10:55:39 am »
ги гледам Marantz PM6006 и Marantz NR1200, мислам дека ќе одам со второто.

И да одиш со второто. NR1200 има и мрежен порт, и BT, и HDMI преклопник (ако има потреба), така што може да биде солиден центар на систем за домашна забава.

Читајќи по форуми, Marantz NR1200 се спомнува како многу сличен (малце послаб од) Denon DRA-800H, a во Аудио Центар се идентични со цена. Совет?

Втора работа - и звучниците и појачалава кои ги гледам имаат bi-wiring. Има ќар од тоа или да се оди како до сега со по еден кабел по звучник?

Лично не сум тестирал bi-wiring ама читав доста по интернетов за тоа.
Кажуваат дека реална разлика во звук нема. Да видиш само како појачалото ја распоредува силата. Дали може да префрли цела снага на 2 канали или цело време е на 4.

Има ликови кои што купуваа оптички кабел од 100еур, кажуваат дека тоа дава скроз различен звук од колку со еден кабел.

Отсутен Mikius

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4271
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1400 на: Април 12, 2020, 11:29:50 am »

Како што кажа ликот од видеото што го постирав погоре, многу е субјективно.
Кај еден другар не успеав да воочам некоја битна разлика во квалитет, исто и самиот не беше нешто воодушевен од bi-wiring.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 841
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1401 на: Април 15, 2020, 21:02:45 pm »
Их... тоа со каблите е мачка во вреќа.

Инаку, @smole, bi-wiring е интересен концепт, но зависно од цената на кабелот, бргу станува скапа играчка чија повратна вредност не е баш поволна. Она што би го направил (и сум го направил кај мене, не давам рандом совет) е кај звучник кој има повеќе од еден пар терминали, да се заменат стандардните jumper-и кои доаѓаат со звучниците со парче од кабелот кој се користи за звучнички кабел.

Ако се користи кабел на метар, ти требаат уште 20цм вкупно.

Каблите имаат поента како составен дел од системот. За жал, најголемиот дел од хобистите не пристапуваат системски кон градењето на систем. Знам дека звучи како тавтологија, ама немам поинаков начин да се изразам.

Но кога се пристапува здраво кон градење на систем, и кога се земаат сите компоненти во предвид од самиот почеток (што може да биде проблем секако од финансиски аспект), релативно лесно се утврдува правилното ценовно ниво на каблите кои тука следуваат и со тоа се завршува муабетот...

...тоа што ние сме луѓе што мислиме дека со 100е кабел, уредот од 200е ќе звучи како уред од 1000е е друга работа.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3582
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1402 на: Април 18, 2020, 13:07:40 pm »

Гледам дека прилично солидно ја разбираш проблематикава па ајде ако може некој совет. Моментално имам:
1. интергирано појачало NAD3020
2. тјунер NAD
3. грамофон самсунг
4. Звучници Elac EL 61s
Воглавном го употребувам за слушање радио, понекоја плоча и некогаш гледање филмови. Звучниците се врзани со НАД-от со таскер кабел од логинг.
Би сакал да напраам некој мал апдејт во смисол:
1. интерконекциски кабел меѓу тјунерот и појачалото
2. кабли за звучниците
3. понатаму 3,5мм интерконекциски за со тв/андроид бокс
За кабли гледав, читав, истражував и со оглед на тоа дека не ми е некој wow системов не би давал многу пари. По странски форуми ги најдов каблите од https://ghentaudio.com/. Си ги слушнал? И дали воопшто размислувањево ми е добро и дали нешто ќе добијам :)

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1403 на: Јуни 13, 2020, 14:32:47 pm »
Некоја препорака за Блутут преносно звучниче но да има и ФМ радијо,некое искуство нешто да ми предложите.
Ова го видов,за таа големина има одличен звук за цена од 2000ден.

https://www.galerija.com.mk/kupi/vivax-vox-bluetooth-zvucnik-bs-101-red/
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 841
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1404 на: Јуни 14, 2020, 20:05:53 pm »
Гледам дека прилично солидно ја разбираш проблематикава па ајде ако може некој совет.

Доцнам како не знам што, ама ајде прво да прашам дали е се уште релевантен проблемот пред да коментирам? :(

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3582
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1405 на: Јуни 14, 2020, 20:35:01 pm »
Гледам дека прилично солидно ја разбираш проблематикава па ајде ако може некој совет.

Доцнам како не знам што, ама ајде прво да прашам дали е се уште релевантен проблемот пред да коментирам? :(
Да да, не сум чепкал ништо :)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 841
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1406 на: Јуни 15, 2020, 12:36:24 pm »
Да да, не сум чепкал ништо :)

Супер.

ОК, разгледав низ Ghent Audio, делуваат солидни, особено затоа што користат студиски кабли.

Еве што би рекол јас - сето ова можеш да го направиш локално:

1. Во Аудиокултура има (имаше до пред некое време, треба да се праша) - Canare (4s11 за звучнички, L-4E6S за интерконекти). Алтернативно, во AVC Group секако има Cordial (CLS 425 за звучнички, CME 220 или CMK 222 за интерконекти);
2. Во Логинг има извонредни (иако не се ефтини) RCA конектори (Neutrik Profi - вредат секој денар); исто има и прилично добри банана конектори (HQS-SCC019);
3. На MDPC-X (https://www.cable-sleeving.com/), има извонредни црева кои даваат феноменален изглед на финалниот кабел, доволни ти се 10 метра за било која комбинација - бирај боја;
4. Најди (за да не ја купуваш иако не е скапа) клешта за кримпање на туљци за да може да споиш лицнаст кабел (звучници) со банани кои се штрафат.
5. Уживај. :)

Ако треба уште нешто, кажувај.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9853
  • Giulietta QV
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1407 на: Јуни 15, 2020, 14:00:06 pm »
Некоја препорака за Блутут преносно звучниче но да има и ФМ радијо,некое искуство нешто да ми предложите.
Ова го видов,за таа големина има одличен звук за цена од 2000ден.

https://www.galerija.com.mk/kupi/vivax-vox-bluetooth-zvucnik-bs-101-red/
имаш на Макпетрол за 1.600.ден со верна поени
не е ништо посебно, ама да пополни тишина го бива
блутут, радио,  сд картица прима и аукс влез има

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1676
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1408 на: Јуни 15, 2020, 21:50:30 pm »
Ова ќе го земам,има година гаранција а и за низ двор и за на викендицата на Тиквешко ќе биде доволно.

https://m.anhoch.com/product/599868095/speaker-trevi-bluetooth-xr-84-plus-rechargeable-wmicrophone-radio-microsd-blue
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!