Здраво колеги,
Веќе подолго време гледам половно возило за мене и некако тешко се одлучувам.
Благодарение на членот
@loopz кој ми препорача јети, не само што ми препорача туку и ми стана омилено возилце
и сега само јетковци барам по огласи.
После неколку месеци потрага и неколку понуди на јетковци со нереално ненормално високи цени на нашиов пазар, налета еден домашен
https://reklama5.mk/AdDetails?ad=3870703Со оглед на тоа дека се изначитав добри коментари за стариот модел, за фејслифтов немам информации како се покажал како половно возило. Го гледав овој од огласот, изгледа зачуван и ок според километража и години.
При возење преку лежачки или нагло кочење нешто крца на предница, наводно гумици на балансштангла било, али не се разбирам.
Као да не сакаше да влезе во 3та брзина кога ја нагазував, од втор обид влегуваше без мака, тоа малце ме загрижи.
Гумите не беа нешто.. али ќе изодат уште следна сезона.
Друго не приметив.
Со опрема е тапа, active верзија е, не е ambition како што пишале.
Друга опција као да немам моментално, гледам и нисан кашкаи 2014-, али доста непознат за мене како производител/модел.
Тигуановци, некако држат цени...
Тоа е тоа, ајде клабери, ве очекувам со мислења за јетито. Тешка е одлукава за јетиво, ту би ор нот ту би
Однапред благодарен