Автор Тема: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008  (Прочитано 15333 пати)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« на: 23 Февруари 2021, 11:52:35 am »
Дојде време да го претставам новиот член во семејството.

Некое време бев во потрага по малце по фамилијарен хеч во однос на тоа што го поседуваме (Јас возам Peugeot 206, сопругата вози Opel Corsa C), па разгледував Peugeot 308, Seat Leon, Kia Ceed, Renault Megane. Лично најмногу сакав Peugeot 308 меѓутоа колегата ми ја понуди Kiata од негов пријател па се решив да одам да ја погледнам.Колата има ситни каросериски забелешки и во ентериерот сепак е половна кола.Ја прегледа и пријател кој што работи во Киа и рече дека за парите воопшто да не се размислувам да ја земам одма. Цената беше стварно пониска во однос на останатите кој што се по огласи. Така да падна изборот за нецели 24 часа :).

Се работи за Kia Ceed произведена 2008 година. Купена во 2008 година во Прилеп. Моторот е 1396 cm3 и испорачува 109 hp :). Има поминато во моментот 136к километри, ја имам сервисната историја и сервисната книшка до 100к, односно сервисирана е во Киа до тогаш.
Опрема има прилично стандардна:
Мануелен клима уред,
10 воздушни перничиња,
Висинско и длабинско подесување на воланот,
Висинко подесување на седиштата со Lumbar support, се подесуваат по сопствен вкус,
CD/ MP3 радио со фабрички USB и Aux влезови
Електрика само на предните стакла,
Електрични ретровизори со греење,
Клима во glovebox,
Контроли на воланот( За жал е гумен не е кожен :( )

 Колата ги задоволува сите домашни потреби, комфорна е и има пристоен багажник. Моторот е прилично океј за градска вожња, на автопат се осеќа дека и фали 6 та брзина, односно веќе се осеќа малце бучава на 130-140 kmh. Потрошувачка градска е околу 8,5 литри на 100 според борд компјутерот.

Откако ја купив имав проблем со сецкање испод 2000 rpm (отворив тема за тоа) кој што се реши со поместување на ланчето. односно ланчето имаше прерипано 1 забец.И вториот проблем кој што го имам меѓутоа го немаме средено, вентилацијата многу слабо дува на средните излези, односно тие што се насочени кон возачот.Долните излези и горните према шофершајбната дуваат најнормално. Најверојатно е некоја клапна, ако би имал некој предлог што да би направил би бил добредојден.
Направив сервис, сменив уље и сите филтри, и променив 2 стабилизатори и задна упорна спона.

Планови за во иднина:
Во потрага сум по централната конзола за светло на кровот (скршена е, незнам како е успеано да се скрши),
Да се вгради плински систем
Треба да купам летни гуми, имам само зимски
Да се средат гребаниците по браниците
Да се вградат сензори за паркирање ( сопругата не е баш највешт шофер за паркирање, така што колку толку би и помогнале)

Отприлика тоа би било за колата, во прилог и неколку слики

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #1 на: 23 Февруари 2021, 12:24:09 pm »
Со здравје да се вози! Имаше една форумска,  за добра цена ја даваа, да не е таа?

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10034
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #2 на: 23 Февруари 2021, 12:38:46 pm »
Со здравје да се вози.

Тоа со вентилацијата не верувам дека е до клапна (мислам дека е една за сите тие 4 отвори), провери ако можеш на друг Сид како дува.
На i10kata пак е обратно, уште како нова приметив дека на централните отвори дува нешто појако од крајните отвори, проверив на друга од салон, исто беше.

Едит:
Отпосле сфатив дека под централни отвори мислиш на сите 4 што се на средина :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2102
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #3 на: 23 Февруари 2021, 12:39:51 pm »
Со здравје вози и многу безгрижни километри
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #4 на: 23 Февруари 2021, 12:53:03 pm »
Со здравје да се вози! Имаше една форумска,  за добра цена ја даваа, да не е таа?
  Не е таа, 3200 ја земав, што искрено мислам дека е прилично поефтина од останатите. :)

Со здравје да се вози.

Тоа со вентилацијата не верувам дека е до клапна (мислам дека е една за сите тие 4 отвори), провери ако можеш на друг Сид како дува.
На i10kata пак е обратно, уште како нова приметив дека на централните отвори дува нешто појако од крајните отвори, проверив на друга од салон, исто беше.

Едит:
Отпосле сфатив дека под централни отвори мислиш на сите 4 што се на средина :)
Јас лошо напишав знам :) Многу слабо дува на централните, ке го пуштам на најјако целиот воздух искача од долните отвори за вентилацијата :(

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #5 на: 23 Февруари 2021, 13:12:20 pm »
Таа беше 1.6.
Охооо па со таа цена тебе ти останале пари и да ги фрлиш овие патосници како кладиво и да и купиш нормални теписонски на колава за да заличи. Согласно процедурата подолу:
Имам предлог како за само 60* секунди ќе ја направиш колата значително попријатно место за седење.

Ти текнува на оние што фрлаат ѓуле кладиво (фала Дени) на олимписки игри? Овие фраери:

Е, на приближно сличен, или ако можеш ист начин фрли ги гумените патосници, и стави внатре фини, меки, теписонски. Одма ќе се дигне нивото на колата за барем 2 пати. Верувај ми! Си видел некогаш Ролс Ројс (пошто тој е на BMW) со гумени патосници?

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #6 на: 23 Февруари 2021, 13:20:19 pm »

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Искрено ужасни се. Останати се од минатиот сопственик, ке им дојде време да се сменат посекако :) :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8782
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #7 на: 23 Февруари 2021, 14:12:23 pm »
So zdravje da si ja vozish. Na vremeto koga izlegoa vakov model proceed vozev, mnogu merak mi napravi

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1711
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #8 на: 23 Февруари 2021, 14:27:01 pm »
Живо џабе, инаку се зезав за таа форумската   таа беше колку две твои со цената.

Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 166
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #9 на: 23 Февруари 2021, 17:35:38 pm »
Со здравје да се вози Сидот, одличен избор си направил
Јас 9 години го возев (редизајнот), со истото ниво на опрема. Освен редовни сервиси, немав скоро никакви проблеми.

Моторот е одличен, плин трпи без проблеми и би ти препорачал одма да му ставиш. Околу 6-та брзина, во право си, и фали, ама не е толку страшно.

Приметив шалт таблата се пододлепила, ама тоа е, мене ми се одлепи кај радиото, и во гарантен рок ми ја сменија.

Поздрав

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1406
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #10 на: 23 Февруари 2021, 17:48:10 pm »
Живо џабе, инаку се зезав за таа форумската   таа беше колку две твои со цената.
И плус по една регистрација и мал сервис за истите :)

Со здравје да се вози друже, одличен избор!
П.С. За 5 години ќе можеш да ја дадеш поскапо, на киа само расте цената :)

D-r Ordevski

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #11 на: 23 Февруари 2021, 18:40:45 pm »
Со здравје да се вози Сидот, одличен избор си направил
Јас 9 години го возев (редизајнот), со истото ниво на опрема. Освен редовни сервиси, немав скоро никакви проблеми.

Моторот е одличен, плин трпи без проблеми и би ти препорачал одма да му ставиш. Околу 6-та брзина, во право си, и фали, ама не е толку страшно.

Приметив шалт таблата се пододлепила, ама тоа е, мене ми се одлепи кај радиото, и во гарантен рок ми ја сменија.

Поздрав

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Фала ти :) Исто и зет ми го редизајнот кај него шалтаблата му се одлепи и менувачот почна да му се лупи меѓутоа му ги сменија во гарантен рок. На мојата од дамна и е поминат. Ке видам ако по отпадите најдам некоја убава шалтабла би ја земал или гледав видеа како да се прелепи меѓутоа колку ке бидам стручен околу тоа незнам. Плински уред ке биде вграден посекако во наредните месеци :)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #12 на: 05 Март 2021, 20:07:16 pm »
Апдејт на темата. Среден проблемот со вентилацијата, заглавена била клапната. Ја отворивме, исчистивме сега си дува одлично :) :)

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1588
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #13 на: 05 Март 2021, 21:48:05 pm »
Убава создравје да се вози, ја порба ли пералната до бензискава со жетони е како што знам?

Отсутен JR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 947
    • nobrain.dk
Одг: Kia Ceed 1.4 CVVT 2008
« Одговори #14 на: 06 Март 2021, 00:17:29 am »
Супер ауто , баш гледав денес една сива за женами.. добри се ок мотор за низ град... со здравје да се вози

Sent from my iPhone using Tapatalk
You need people like me. You need people like me so you can point your fuckin' fingers and say, "That's the bad guy."