Автор Тема: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT  (Прочитано 6995 пати)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« на: 22 Јануари 2021, 16:25:05 pm »
Здраво,

Неодамна се подновив со Kia Ceed со 1.4 CVVT мотор. Имам проблем односно под 2000 обртаи сецка, неможе да се вози со константно држење на гаста. Над 2000 обртаи нема никаков проблем. Проверени се свекиците и бомбините и тие се во ред. Идеа некој што би можело да биде проблемот? Колата при палење или работење во место нема никаков проблем. Проблемот со сецкањето се јавува само кога колата се вози под 2000 обрати.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #1 на: 22 Јануари 2021, 16:28:42 pm »
И во прва ти сецка, одмосно во сите брзини?

Можеби треба да смениш навика од возење дизел :)

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #2 на: 22 Јануари 2021, 16:31:42 pm »
Да, сецка во сите брзини. Невозможно е да се вози под мала гас. Mоторот прави misfire. Приклучена е на Delphi DS150 дијагностика и не покажува никаков проблем. Цел живот возам бензинци не е до тоа :) :(

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #3 на: 22 Јануари 2021, 16:39:13 pm »
Најпрво дали фрла некоја грешка - некој сензор да не не ти чини и сл. Дијагностика значи.
ЕДИТ: Си пишал веќе дека нема грешка :)

Ако нема грешки тогаш пробај ова:

1) Ресетирај го компјутерот на колата

Еве едно туторијалче шо најдов од Скоти


Многу е важно да не ја турираш колата после ваков рестарт, вози нормално, менувај брзини како што треба :)

2) Ако тоа не ти го реши проблемот, пробај со Brake Cleaner да ја изчистиш усисната грана и MAF сензорот.

Ете да бидеме конзистентни со Скоти


3) Ако ни тоа не го реши проблемот смени ги и каблите (ако имаш некоја пукнатинка може да фрла искра на блокот и да ти прави проблем).

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #4 на: 22 Јануари 2021, 16:42:38 pm »
Ништо чудно претходниот сопственик да не можел да го отклони проблемот и применил тактика "бриго преѓи другоме", и сега ќе имаш еден куп "експериментирање".

Обиди се и на друго место да дијагностицираат, собери повеќе мкслења.

Пробај во лер да ја држиш на тие вртежи, чисто да видиш дали нешто се дешава.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #5 на: 22 Јануари 2021, 16:48:20 pm »
Дедото летоска го имаше истиот проблем на Голф 4 1.6 SR. Испадна скинат кабел од свеќиците.

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #6 на: 22 Јануари 2021, 16:52:03 pm »
Најпрво дали фрла некоја грешка - некој сензор да не не ти чини и сл. Дијагностика значи.
ЕДИТ: Си пишал веќе дека нема грешка :)

Ако нема грешки тогаш пробај ова:

1) Ресетирај го компјутерот на колата

Еве едно туторијалче шо најдов од Скоти


Многу е важно да не ја турираш колата после ваков рестарт, вози нормално, менувај брзини како што треба :)

2) Ако тоа не ти го реши проблемот, пробај со Brake Cleaner да ја изчистиш усисната грана и MAF сензорот.

Ете да бидеме конзистентни со Скоти


3) Ако ни тоа не го реши проблемот смени ги и каблите (ако имаш некоја пукнатинка може да фрла искра на блокот и да ти прави проблем).

Ако мислиш на кабли на свекици нема... директно одат бомбините врз нив. Извадени се бомбините проверени немаат пробиено никаде и има ставено нови свекици. Чудното е што само под 2000 обртаи го прави тој проблем, над 2000 нема апсолутно никаков проблем ниту сецкање ниту ништо.На автопат ја кренав 170 без никаков проблем, иако не е голема брзина...


Ништо чудно претходниот сопственик да не можел да го отклони проблемот и применил тактика "бриго преѓи другоме", и сега ќе имаш еден куп "експериментирање".

Обиди се и на друго место да дијагностицираат, собери повеќе мкслења.

Пробај во лер да ја држиш на тие вртежи, чисто да видиш дали нешто се дешава.
Кога ја купував колата се чув со вработен од Киа кој што ја провери колата кај нив е носена за сервисирање и рече дека колата до последниот сервис односно пред 30к километри немала никаков проблем и ми рече да ја зимам да не се мислам воопшто. Колата има поминато 135к. Го чекам веќе една недела да се јави да ја однесам да ја провери што би можело да е проблемот. Рече дека можно е и ланчето да има прескокнато 1 забец па да прави misfire, ама сеуште го чекам да ми се јави да ја провери.... Дали возможно ланчето да го има направено тоа незнам. Ако имате предлог каде да би ја однел за да би можел некој да ја среди би бил благодарен.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #7 на: 22 Јануари 2021, 16:59:35 pm »
А каде била сервисирана за тие 30к км откако поскеден пат била кај нив?
Од друга страна што го чекаш вработениот да ти се јави?
Оди им во сервис да проверат.

Ете, скокни и до Кореа аутотрејд, истиот мотор е и во Хјундаи.

Не мора веднаш да поправаш, присобери повеќе мислења.

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 164
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #8 на: 22 Јануари 2021, 17:06:34 pm »
А каде била сервисирана за тие 30к км откако поскеден пат била кај нив?
Од друга страна што го чекаш вработениот да ти се јави?
Оди им во сервис да проверат.

Ете, скокни и до Кореа аутотрејд, истиот мотор е и во Хјундаи.

Откако ја купив ја однесов на кратко ја го ѕирне проблемот, Тој ја приклучи на дијагностика и не му појави никаков проблем. Тој ги извади и бомбините и свекиците и ги провери. Немаше време тогаш да отвори некаков капак за да може да го провери ланчето и рече дека ке ме бара да му ја однесам. Јас го прашав да ја однесам во Киа меѓутоа тој ми рече дека пак он ке треба да ја поправа па подобро би било тој сам да ја среди.  Најверојатно е сервисирана локално затоа што има лепепенки од тоа кога се правени сервисите и што е менувано. Последниот сервис е направен пред 5000 километри и е ставено 5w30 Titan уље. Се мислам деновиве да отидам искрено било каде затоа што проблемот ужасно ме нервира и поради тоа не ја ни возам во моментот колата, старата кола си ја возам.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10039
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #9 на: 22 Јануари 2021, 17:19:50 pm »
Скокни до Кореа и види што ќе ти кажат, не верувам дека ќе те одбијат дека е Киа.

Кога ќе размислам, на колега Опелот му сецкаше и испадна дека плинот му ја пореметувал мапата...
Но сметам дека претеруваше со возење на ниски вртежи...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5968
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #10 на: 22 Јануари 2021, 18:22:48 pm »
Дизните не е лошо да ги проверите.

Полото ми се сецкаше така, до 2000 рпм, над не се осеќаше буквално ништо.

Првата и третата беа за чистење.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13472
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #11 на: 22 Јануари 2021, 22:47:41 pm »
Да бе, нема кабли оваа. Mea culpa.
Coil packs како и да се викаат.

Епа ништо дизни или некоја пумпа за гориво.

Пробај со ова ресетот што ти викав. Не губиш ништо.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4923
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #12 на: 22 Јануари 2021, 22:51:11 pm »
Може и од срање бензин да се понаша вака, истроши го и стави од асална  бензинска, некое адитивче и избичи ја добро.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3120
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #13 на: 22 Јануари 2021, 23:29:37 pm »
So koj se znaes od kia ? Najverojatno e ripnat lanecot 😉

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: Сецкање Kia Ceed 1.4 CVVT
« Одговори #14 на: 23 Јануари 2021, 00:45:44 am »
А дали провери каква е состојбата на филтер за гориво ? И дали е сменет филтер за гориво пред некои сервис? Инаку не верувам дека е рипнат ланец. Вакви проблеми можно е пумпа за гориво,филтер за гориво , еден од дизните , (инјекторот) , усисната грана е испуштен воздухот треба да е дихтува убаво друго не ми текнува

Sent from my SM-T720 using Tapatalk