Автор Тема: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење  (Прочитано 2733 пати)

Отсутен aantonio

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« на: 27 Декември 2020, 20:44:38 pm »
Здраво на сите.
Нов сум на форумов, па сакам да прашам дали некој има искуство со проблем со палење со било која кола. Проблемот е што до пред некое време палеше ок, па почна да пали од 2-3 пат за денес воопшто да не сака да запали. Акумулатор и свеќици се сменети и пак истиот проблем. Доколку некој има искуство и некакви препораки, добродојдени се.
Поздрав и благодарам

Отсутен aantonio

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #1 на: 27 Декември 2020, 22:53:59 pm »
https://youtube.com/shorts/FP6RCXZYIYQ

Ова се случува само при прво палење, после колата нема гајле.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5636
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #2 на: 27 Декември 2020, 23:02:36 pm »
На дијагностика ја имаш ставено?

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk

Отсутен aantonio

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #3 на: 27 Декември 2020, 23:12:27 pm »
Да, не покажува ништо.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1904
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #4 на: 27 Декември 2020, 23:21:30 pm »
Филтер за гориво сменет е?

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5636
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #5 на: 27 Декември 2020, 23:23:03 pm »
Имаат доста бравовци проблем со палењето кога е ладно (бензинци) сеа ги читав србите.
Еве прочитај овде,пробај со некоја постапка.
https://www.fiatforum.com/bravo/311246-cold-start-engine-bad-idle-10-15-seconds.html

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #6 на: 28 Декември 2020, 00:09:33 am »
Од каде ставаш гориво? И какво гориво,95ка 98ца/100ка?

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен aantonio

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #7 на: 28 Декември 2020, 00:26:25 am »
Филтер за гориво сменет е?

Sent from my SM-J600FN using Tapatalk

Кога ги менував филтритр по продавници кога барав ми кажуваа дека колава нема филтер за бензин.
Од каде ставаш гориво? И какво гориво,95ка 98ца/100ка?
Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

На макпетрол ставам 95ка.

Заборавив да напоменам колата има и плин, меѓутоа проблемот не де појави после ставање на плин, него доста покасно.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #8 на: 28 Декември 2020, 05:41:35 am »
Исти проблем имав до пред некој ден со Опел мерива. Проблем со првото палење. Со мајсторот месец дена  се мачевме да откриеме што и е.  На дијагностика не кажуваше ништо. Проблемот најверојатно (четврти ден денес ке видиме како ке запали)  го најдов во бензинот. Проблемот почна кога по грешка на Макпетрол пумпашот ми стави 95ка наместо 100ка. Би те советувал да го потрошиш бензинот до една четвртина па и повеќе и да одиш на бензиска за 1000ка па и повеќе да ставиш ултра 100ка.

А јас ке те информирам како запалила денес

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен aantonio

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #9 на: 28 Декември 2020, 18:15:38 pm »

Ќе пробам кога ќе ја оправам. Сеа ја оставив кај Аце во расадник па да види што и е.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #10 на: 28 Декември 2020, 20:11:51 pm »
И денес запали без проблем.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk

Отсутен aantonio

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #11 на: 30 Декември 2020, 22:58:42 pm »
Мал апдејт, проблемот бил во пумпата за бензин

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7578
  • Плинаш!!!
Одг: Фиат Браво 1.4 Т-џет 2008 проблем со палење
« Одговори #12 на: 31 Декември 2020, 05:40:38 am »
Во истото се сомневам и кај мене. Најверојатно таа зеза.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk