Зетот и сестра ми ги користат повеќе години, не се сеќавам колку.
Зетот пушеше Давидоф и кашлаше растураше, го увлекуваше димот длабоко. Откако се префрли на "муштиклава" не кашла повеќе.
Имаа некои зафрканции со пуњачите и самите муштикли од паѓање, но при "рекламација" во салон им ги заменија комплет со понови модели, ова во Белград.
Јас попрво ќе се откажам отколку да се прешалтам. Начинот на држење во рака е поразличен, не можеш да ја маткаш низ прсти и го нема психолошкиот момент на палење и гасење класична цигара.
Кога пушиш iqos само пушиш, нема работење со цигара во рака
Плитко го вовлекувам димот, не кашлам, и често ми се случува да заборавам да запалам цигара ако врткам чачкалица низ прсти