Автор Тема: Купувам голф 6 - понудете  (Прочитано 13825 пати)

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Купувам голф 6 - понудете
« на: 18 Октомври 2020, 23:43:20 pm »
Здраво на сите!
Веќе подолго време размислувам да се подновам со подобра кола од сегашнава, но сега посериозно.
После подолго време разгледување коли по огласиве и во мк и во странство, мислам дека 90% сум одлучил тоа да биде голф 6, освен ако некој ептен ме предомисли за друго ;D.

Ве молам ако има некој што нуди или знае некој што нуди зачуван примерок нека постира овде.

Мои желби (може ќе попуштам на нешто...):

- да биде поново 2010-2012 год.
- дизел, мислам дека 1.6 би ми одговарало повеќе од 2.0, со оглед на тоа дека почесто возам градска, годишно макс 15.000км, а и мислам дека 2.0 држат повисока цена.
- 5 врати (3 не иде у обзир)
- километража макс 150/200к (по можност оригинални со сервисна ;D)

И секако без удари/фарби, гребаници не се проблем, нормално е на половна кола.

Слободно ако некој сака да ме предомисли за голфот, нека каже мислење/причина или нека понуди и нешто друго (од конкурентните модели на голф - мала, со 5 врати, дизел,).

Буџет до кај 7.500 еур +/- тука некаде.

Благодарам однапред!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5678
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #1 на: 18 Октомври 2020, 23:45:55 pm »
Од таа година мислам треба да го заборавеш 1.6тди

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #2 на: 19 Октомври 2020, 00:05:36 am »
Од таа година мислам треба да го заборавеш 1.6тди

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk

Искрено повеќе сакам 2.0 поради 140те кс...
А зошто 1.6 да го заборавам? Баш читав доста позитивни мислења како наследник на 1.9?

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1470
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #3 на: 19 Октомври 2020, 00:44:27 am »
2.0 tdi сакаш поради 6те брзини.
разгледај и 1.4 тси чим возиш пичесто градска.

Sent from my Mi A3 using Tapatalk

Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5678
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #4 на: 19 Октомври 2020, 01:33:15 am »
1.6тди имаа проблем со дизните,ако ти е за во град земи 1.2тси 105кс мислам дека имаше член од форумо.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2133
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #5 на: 19 Октомври 2020, 08:39:55 am »
@MB Се надевам ќе се јават членовите што имаат подетални информации околу проблемот со дизните на првите серии на 1,6 тди (мислам Сименс дизни беа), а после VW се врати на Бош дизни, е сега некој да пише начин како да провериш кои дизни ги има конкретниот модел (дали по код на мотор, година на производство), секако покрај другите работи што треба да се видат/проверат на колата.
Добро е што знаеш што сакаш, конкретен модел, ама не игнорирај некој модел на Леон од тоа, па и поново годиште, ако е подобар примерок од некој Голф што го гледаш.
Знам дека пиша дека бараш дизел ама на твое место не би ги исклучил бензинците, 1,4 тси можеби за Голф 6 а 1,2 тси кај Голф 7. Јас лично и плинот би го зел како опција, секако на атмосферски мотор, 1.6 со 102 кс (моментално има еден примерок од Швицарска со 202.000 км и сервисна книшка, 4 нови зимски гуми, вреди да се види и провери, го пратам човекот извесно време, постира огласи на ФБ, цена мислам 6.000 е му бараше, ова како пример ти го давам). Кај дизел имаш повеќе ризик фактори (ДПФ, ЕГР, дизни, турбина и фамозниот двомасен замаец), освен ако не ти е проблем одржувањето.

Моментално има еден Сеат Леон 2013 година со 1,2 тси и 86 кс со 120.000 км, пишува дека има сервисна од Порше со фиксна цена 7.700 евра, исто на ФБ, ако сакаш црвена боја  :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #6 на: 19 Октомври 2020, 09:50:58 am »
1.6 ТДИ, 2010/2011 годиште си имаат мака со Сиеменс дизните, ЕГР, а како последица на тоа и ДПФ. За у град не би гледал дизел, не му е тоа намената, исто како ни 2.0, ни 1.6 не е за у град, си бара отворен пат.
Еве кај мене е чипуван 1.6 тди со 135кс и 320нМ, сосема солидно, но затоа и за 130.000км ќе си сменам и комплет сет ламела, потисна, замаец.

Размисли за нешто друго, освен ако не најдеш примерок кај што сите мани се средени, ама па после останува маката за регистрација за која година (сега уште поминува на технички), ако нема ЕГР и ДПФ.

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #7 на: 19 Октомври 2020, 10:19:23 am »
@MB Се надевам ќе се јават членовите што имаат подетални информации околу проблемот со дизните на првите серии на 1,6 тди (мислам Сименс дизни беа), а после VW се врати на Бош дизни, е сега некој да пише начин како да провериш кои дизни ги има конкретниот модел (дали по код на мотор, година на производство), секако покрај другите работи што треба да се видат/проверат на колата.
Добро е што знаеш што сакаш, конкретен модел, ама не игнорирај некој модел на Леон од тоа, па и поново годиште, ако е подобар примерок од некој Голф што го гледаш.
Знам дека пиша дека бараш дизел ама на твое место не би ги исклучил бензинците, 1,4 тси можеби за Голф 6 а 1,2 тси кај Голф 7. Јас лично и плинот би го зел како опција, секако на атмосферски мотор, 1.6 со 102 кс (моментално има еден примерок од Швицарска со 202.000 км и сервисна книшка, 4 нови зимски гуми, вреди да се види и провери, го пратам човекот извесно време, постира огласи на ФБ, цена мислам 6.000 е му бараше, ова како пример ти го давам). Кај дизел имаш повеќе ризик фактори (ДПФ, ЕГР, дизни, турбина и фамозниот двомасен замаец), освен ако не ти е проблем одржувањето.

Моментално има еден Сеат Леон 2013 година со 1,2 тси и 86 кс со 120.000 км, пишува дека има сервисна од Порше со фиксна цена 7.700 евра, исто на ФБ, ако сакаш црвена боја  :)
@Filip MK фала ти за мислењето.
Добро би било да нѐ просветли некој паталец за дизните ;D.

Во однос на дизел вс бензин, некако под кожа ми е дизелот затоа и не сум размислувал за бензин. Може и да се предомислам  ;D. Али ако биде бензин може тој 1.4 тси бидејќи е помоќен. Не би гледал испод 100 кс. Мислења за 1.4 тси?

Искрено леонот МК2 фејслифтот ми е на второ место после голфот по изглед, но не знам апсолутно ништо за нив.
Еве нека биде и тоа опција.

Црвено не би зел.. Ептен ако се друго е врв па да ми остане бојата да ја преболам. Ова е веќе МК3. Дизелите не ми се во буџет, бензинов да.

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #8 на: 19 Октомври 2020, 10:36:12 am »
И тоа со дизните се решава, репарација во Србија е 100 еур по дизна, нови се 300-400 по дизна...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11699
  • Архитект
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #9 на: 19 Октомври 2020, 10:55:55 am »

1.4 tsi првите серии не се за машала.
Мислам дека имаа некој проблем со ланчето и склони се кон карбонски наслаги. На плин не возат.
Ама добри перформанси имаат и добра потрошувачка.

Види Фокус 1.0 екобус, 1.6/1.5 екобуст, тие се добри.
Ако не ти смета шо има мал багажник Фокусот

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5978
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #10 на: 19 Октомври 2020, 11:09:29 am »
И тоа со дизните се решава, репарација во Србија е 100 еур по дизна, нови се 300-400 по дизна...

Ако, убаво.

Што се случува после? Со репарација се оправаат за стално, или може да се очекува пак проблем?

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #11 на: 19 Октомври 2020, 11:10:25 am »
И тоа со дизните се решава, репарација во Србија е 100 еур по дизна, нови се 300-400 по дизна...

Ако, убаво.

Што се случува после? Со репарација се оправаат за стално, или може да се очекува пак проблем?

Кој да го знае, не сум стигнал до таму...

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #12 на: 19 Октомври 2020, 11:15:51 am »
1.6 ТДИ, 2010/2011 годиште си имаат мака со Сиеменс дизните, ЕГР, а како последица на тоа и ДПФ. За у град не би гледал дизел, не му е тоа намената, исто како ни 2.0, ни 1.6 не е за у град, си бара отворен пат.
Еве кај мене е чипуван 1.6 тди со 135кс и 320нМ, сосема солидно, но затоа и за 130.000км ќе си сменам и комплет сет ламела, потисна, замаец.

Размисли за нешто друго, освен ако не најдеш примерок кај што сите мани се средени, ама па после останува маката за регистрација за која година (сега уште поминува на технички), ако нема ЕГР и ДПФ.

@AUUU не дека само градска возам, еднаш неделно или на 2 недели возам по 150км за викенд. Али останатите денови по 10тина км дневно градска.
Што е прифатливо возење за дизелаш?

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11699
  • Архитект
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #13 на: 19 Октомври 2020, 11:18:42 am »
Подолги релации за поголем мотор.
Јас низ град правам многу кратки релации. 1-2- 3км. Колата не е загреана кога ќе пристигнам, се мачи кутрата. 1.9 jtd. Потрошња на зима е 9- 10. Баш заради тоа.

Среќа многу малку низ град возам, па супер ми е. :)

Отсутен MB

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 39
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #14 на: 19 Октомври 2020, 11:33:37 am »
1.6тди имаа проблем со дизните,ако ти е за во град земи 1.2тси 105кс мислам дека имаше член од форумо.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

@riki_staff може линк од голфот на членот или пинг на членот?