Да ве поздравам после долго време.
Поминав карантини чуда врагови да се сретнам повторно со мојата кола. И тоа мораше да се помине, ризикував ама пројдов се што требаше да се помине.
И сега веднаш да го поздравам
@dbl.dzo пошто се интересираше за состојбата околу колата.
1. Тоа што имаше течење беше причина од климата, како и што се претпоставуваше. Сопругата цело време возела со уклучена клима и нормално после гасење на климата, веднаш сопре кондензацијата.
2. Направен е мал сервис!!!
- сменети сите можни филтри.
- сменето масло и сега е ставено Elf Full Tech Fe 5W-30 (да напоменам тоа масло што е сега внатре е ACEA C4/ RN0720)
- сменети задни дискови.
- сменет јазик на англиски на таблата.
- ситни поправки на брисачи и фарови.
3. Во план ми е да менувам спони и баланс штангли. Напред се две, позади една. Таа позади не е толку важна, а за ова напред треба да најдам соодветна понуда што ќе ми одговара. Отом потом ќе видиме што ќе се случува. Полека се ќе се средува.