Ова е за со мотор инаку тешко да стигнеш некаде. За веслање е кајак. Предобри се кајаците.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Супер е кајаков, ама имам едно дете вишак, нема кај да го ставам.
Епа памти го постов за во иднина:
https://intexcorp.com/products/sporting-goods/parts-accessories/motor-mount-kit/
https://intexcorp.com/products/sporting-goods/parts-accessories/transom-mount-trolling-motor/
https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=http://honda-makpetrol.mk/wp-content/uploads/2015/10/Cenovnik-marine-sep17.pdf&ved=2ahUKEwispJKEiarrAhVnk4sKHVijCuo4ChAWMAB6BAgHEAE&usg=AOvVaw2zJEjO4aJmVTrz0_756LGK
У план ми е тоа моторче да се закачи, здравје.
https://bestway.si/nosilec-za-motor-hydro-force
имам сам напраено носач за електромотор, од тие 5-6кг тежок, да се држи а и чамецот не ти е за вистински мотор.. инаку кумот на синот зема пред 7-8 години од Чешка и Интекс 4 маринер и Хонда бензинско од мислам 2,5коња , ама пишман е оти е четиритактно... но Маринер 4 е голем чамец, само не навлегувам колку е квалитетен и траен... сега има од Кочани носи Украински, се поскапи од Интекс ама подобар матерјал и се
Имам и јас Маестрал 9 и Томос 4ка, ама преголеми се и претешки за носење.
Летово помина на веслање, колку да се тргнеш од плажа за да се избањаш. За следната сезона ми е во план моторче, е сега дали електрично, дали бензинско мало? Проблем со електричното е акумулаторот што треба да го мкнеш со тебе и да го полниш...
еден ми тврдеше дека било многу заострени прописите по случката со дечкото што се удави, дали за Преспа мислеше...наводно треба Регистрација и испит за секаков моторен чамец, а со мал електричен мотор демек смее да се оди само 50метри од брегот, исто и со веслање, башка морало сигурносен елек...всушност за Охрид е доволно 50м. Јас летоска бев во Охрид 2 пати, ама со кајак и веслав, но не големи релации, онака рекреативно, а елек и немам, носам пераи во кајакот... Порано, до 2000 имав и моторен чамец, со пенти од 3-3,5кс, , ама само во Грција возев, никој не ми побарал ништо. После земав кану, одговара и за веслање и за електромотор, го имам уште ама не сум го користел 10 години, може ќе го активиррам здравје наредното лето, имам и 2 електромотори самоделски ама добри, само треба батерии да земам. Пред 3 години во Ормос Панагиас дури сакав да најмам чамец од 20кс за 4-5 души, не бараа Дозвола, само не најдов уште некој да поделиме, оти 70 евра беше дневно. Наводно и таму е многу заострено.
Има друга работа со чамциве сега, климата е непредвидлива од некаде 1999, почна тоа ЕлНињо, па ненадејно знае да здува и на море...Инаку пред тоа, 1995 имам одено со синот и ќерката кога беа помали со обичен лесен чамец и електромоторче и на едно островче кај Вурвуру, немавме проблеми. езерата се пак уште полоши, понепредвидливи се. Охрид знаат да излезат бранови а Дојран пак излегува некоја бура што моси лесен чамец.... така да ова 50метра за нашите езера не е проблем, едино ако некогаш пак отидеме во Грција , Вурвуру има 2 убави островчиња што се на 200 метра од брегот, а големиот остров е на 1-1,5км, таму одевме со моторниот чамец.
За твојот чамец не ти треба богзнае колку тешка батерија, зависи која релација би ја возел, еве да кажеме 18Ач, околу 6кг батерија. Подобро е од бензински ако си на одмор во апартман или стан, немаш проблем, не смрди ништо, ја полниш во соба, затворени се. Сега има и полесни, Литиумски, како за тротинетите, ама не знам дали почнале за чамци да ги користат, малку е шубе осетливи се на вода, има и електроника во батериите мислам...