Ако инсинуираш дека сум анти-ваксер, грешиш. Јас сум вакциниран, жена ми е вакцинирана и двете деца се комплет вакцинирани. Двете деца имаа тешки контра ефекти од вакцините, но сепак ги вакцинирам зошто мислам дека бенефитите се поголеми од ризиците. Но избрзана вакцина, скокање на чекори во фаза на испитување, користење на mRNA вакцини за кои појма немаат како и дали ќе делуваат, не благодарам. А инаку да довербата во вакцините е разнишана кај луѓето, не конкретно за вакцините туку за нивниот квалитет. Во Југославија постоеше Торлак и никој не се сомневаше во квалитетот, сега имаме вакцини од производители што се на црна листа на СЗО, вакцини со декларации со поминат рок, лекови шверцани од паралелен увоз пакувани во Сирија, антибиотици што не делуваат, се е станато бизнис.