Автор Тема: Проект "Корона"  (Прочитано 2415 пати)

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4448
  • хаУс мајстор
Одг: Проект "Корона"
« Одговори #30 на: Мај 19, 2020, 16:58:03 pm »
Почнавме со спрејчиНата, ставено нешто од пластиките во филер. Тие каде што имаа скршени парчиња им влегов со леткумот и на мое изненадување добро залепија, пробано е оптеретување со поголема сила врз истите и не попуштија, но од внатрешна страна посекако ќе ги армирам со мрежичка.
Инсталацијата ја извадив комплет за да го исчистам рамот, денес ќе гледам да ја вратам пошто вчера машината ја закачив на рамот па сакам да пробам да го запалам.

Sent from my A1 Alpha using Tapatalk

Пoтпис,дaтa,пијaм,вoдa.

Отсутен Zile

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5796
  • Плинаш!!!
Одг: Проект "Корона"
« Одговори #31 на: Мај 21, 2020, 19:02:49 pm »
И го запали?

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4448
  • хаУс мајстор
Одг: Проект "Корона"
« Одговори #32 на: Мај 21, 2020, 22:08:57 pm »
Не, до пред саат време се мавтав со него. Да земам утре унимер и да видам што ме мавта.
Како и да е, почнува на живци да ми иде, сум видел кинеско ама како ова, богами не. Кинез со педигре.
Пoтпис,дaтa,пијaм,вoдa.

Отсутен Zile

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5796
  • Плинаш!!!
Одг: Проект "Корона"
« Одговори #33 на: Мај 21, 2020, 22:48:31 pm »
Ехх ако не те зеза не е интересно. Секогаш кога правам нешто и ако го направам од прва без никаков проблем дури чудно ми е

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9202
Одг: Проект "Корона"
« Одговори #34 на: Мај 21, 2020, 23:39:13 pm »
Не, до пред саат време се мавтав со него. Да земам утре унимер и да видам што ме мавта.
Како и да е, почнува на живци да ми иде, сум видел кинеско ама како ова, богами не. Кинез со педигре.

Немој само по пластиките да се размавташ,тазе фарбани се 😄

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4448
  • хаУс мајстор
Одг: Проект "Корона"
« Одговори #35 на: Јуни 05, 2020, 10:35:39 am »
Кинезот запали конечно, убаво си работи, т.е работеше убаво додека не изгасна :D
Значи на кратко кажано, да се заебаваш со инсталација на кинез ти е исто ко рубикова коцка да решаваш со затворени очи.
Од електроника сменив скоро се, останаа само жиците од моторот, еден од проблемите што не сакаше да запали беше вода во изолацијата од инсталацијата, втора најверојатно статорот од палењето имаше спој, истиот го сменив со нов и почна да фрла искра на свеќица. Е сега, истиот кога го запалив моторчето го преебав со ставање погрешни/подолги штрафови на магнетот, па како вртел ги стругнал намотките па затоа и изгасил, од грешките се учи, 1000мкд у вода.
Малку ми се одолговлечи работава, до сега требаше да го возам, ама јбг.
Симнав од нет целосна шема од инсталацијата, могуча варијанта е да ја пуштам на ново целата, пошто старата има многу вишок кабли и кинески срања од додатоци како тину нину аларм, сензор на штендер, нешто жици од блокажи...и незнам дали ќе имам живци за истата да ја дотерам.


Уште нешто, што масло се користи за полнење амортизери?

« Последно менување: Јуни 05, 2020, 10:41:09 am зоки-златен »
Пoтпис,дaтa,пијaм,вoдa.

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5363
Одг: Проект "Корона"
« Одговори #36 на: Јуни 05, 2020, 21:51:21 pm »
Секоја чест за нервите при електриката :) после на памет се ќе знаеш

Масло знам дека се бира во зависност од тоа каква амлртизација сакаш. Се сеќавам другарот така бираше на неговиот Јамаха ДТ125.
Не се сеќавам од како како и каков тип на масло се става во амортизер, ако не пише некој ќе го прашам.
Него ако мемуваш масло, семеринзите какви ти се? Ако пуштаат уље, џабе ќе ставаш. Јас се сеќавам на времето кога едниот беше попуштил, не ми се исплатше од тоа што прашував, нов земав околу 1000 беше.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4448
  • хаУс мајстор
Одг: Проект "Корона"
« Одговори #37 на: Јуни 05, 2020, 22:17:49 pm »
На нет глеам дека ставаат fork and shock absorber full synthetic oil SAE 10W medium.
Барајќи шеми по нетов налетав на оригинално User Manuel за моторчево, може и таму да има нешто информација, треба да ѕирнам.
Семеринзи ќе сменам посекако, моментално само едниот е растечен ама ќе го отворам и другиот чисто да видам за количина на масло колку да ставам. И прашинарки или dust cover треба да сменам, испукани се од надвор.
Нови не планирам да купувам зошто се изгор скапи, а доста пари имам фрлено до сега. Се плашам на крајот да не испадне дека подобро ќе беше нов да земам...
Пoтпис,дaтa,пијaм,вoдa.