Автор Тема: Citroen C3 1.4HDI 2007  (Прочитано 5250 пати)

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Citroen C3 1.4HDI 2007
« на: 08 Април 2020, 18:02:57 pm »
Го имам од Ноември 2019 и се вози како втора кола, поточно го вози женами и се вози претежно низ град. Стартно, прегледно, големи странични прозорци, задоволителен багажен простор (за намената), одлична потрошувачка, одличен за низ град или кратко патување. Не знам кое точно ниво на опрема го поседува но за намената е сосема доволна. Од опрема има:
ABS,
Airbag,
Trip CPU,
ISOFix,
електрични прозорци (возачко и совозачко),
електрични ретровизори,
висинско подесување на волан,
4 звучника (напред),
мануелна клима,
адаптивен волан,
14" челични бандажи.

Нема многу, но тоа што го има, си работи. Механички е во одлична состојба, од надвор има некоја забелешка но не е страшно, нешто од тоа може да и се корегира. Липот напред фали, али како што приметив скоро на сите од 2005-та нагоре им фали, поради тоа што се многу ниски напред ваљда.

Во прилог некоја фотка од неа, ќе направам подобри кога ќе поминат фркиве.
 


Досегашни промени:
MP3/USB радио,
Паркинг сензори,
Led сијалици на задна таблица,
Променети сијалиците на часовникот и климата,
Извадени старите навлаки.

Идни идеи, желби и промени (по редослед на приоритет):
15" алуминиумски бандажи за летна сезона,
Полирање на фарови,
Извлекување на вдлабнатината на багажникот без фарбање,
Хемиско чистење на седишта и под,
Хромиран завршеток на ауспух,
Корекција на гребаници,
Преграда на багажниот простор,
Led магленки,
Преден лип,
Led позиција,
Затемнување на стакла,
Секвенционални трепкачи на крило,
Звучници на задни врати,
Промена на часовникот со поголем дисплеј.

Автомобилот е земен од пријател и отприлика му ги знаев маните, така да прво нешто што го средив беше промената на прегорените сијалички (12V 1.2W T5) на часовникот и на климата. Еве и некоја слика од промените, се надевам некоја од нив ќе му биде некому корисна.


Промена на сијаличка на часовник






Промена на сијалички на клима



Кога веќе ги извадив сите пластики, излепив и фолија на централната конзола. Операција која што не излезе баш најдобро, карбонската фолија не изгледа добро и се одлепува. Немам најдено време да ја поправам, а и можно е да ја извадам или да ја заменам со обична сребрена фолија.




Монтирање на паркинг сензори





Промена на задните сијалички со Led сијалички





Извадени старите навлаки и исчистени седиштата (валканото е од сунѓерот од навлаките, не е земја или прашина  ;D ).




Промена на батерија на клуч (DL1620 3v).



Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10124
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #1 на: 08 Април 2020, 18:37:54 pm »
Тоа ти е Француз, секогаш ќе имаш занимација со ситници :)
Кај Меганот првите сијалички рикнаа веќе по 7мата година.

Убаво и зачувано изгледа.
Честито и со здравје да ја возите.

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #2 на: 09 Април 2020, 17:02:45 pm »
Фала другар. Да се враќа понова и подобра :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2133
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #3 на: 09 Април 2020, 19:34:00 pm »
Со здравје да се вози, едно време ми беше како опција, некој детак повеќе околу одржување, правеше нешто, менуваше, сервиси?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3826
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #4 на: 09 Април 2020, 19:50:23 pm »
Со здравје да се вози
Со здравје да се вози, едно време ми беше како опција, некој детак повеќе околу одржување, правеше нешто, менуваше, сервиси?
Што те интересира од прилика?

Истиот мотор на ц2-чето го иам, механички се скоро идентични...

Sent from my Mi 9T Pro


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5678
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #5 на: 09 Април 2020, 20:04:04 pm »
Зитриен...креатив технолоџи....😁.
Со здравје возење 🙂

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2133
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #6 на: 09 Април 2020, 20:09:57 pm »
@KaZaN Ќе тркнам до твојата тема со Ц2, онака ме интересира како се движат цените за одржување, сервиси, резерни делови, проблеми
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #7 на: 09 Април 2020, 20:26:50 pm »
Со здравје да се вози, едно време ми беше како опција, некој детак повеќе околу одржување, правеше нешто, менуваше, сервиси?

Немам ништо чепнато, како го земав така е. Гуртни му сменив позади само. Регистриран е до август со зелен картон.
За некои 4000км треба улје да му се смени, за 10000 каиш. Акумулатортот му е од 2016та али ја преживеа зимата, го освежив пред некој ден, така да наредната зима обавезно ќе треба акумулатор.
Глеам има мал акумулатор, 64Ah или 66Ah. Морам да напоменам дека без youtube немаше да можам да го извадам, комплицирани французиве...
Исто, мењавав сијаличка на лев фар, имам слики колку пластики треба да излезат и колку простор има за да се протне рака, правено е за мало слабо нежно француско раче...



Јас за втора кола уствари гледав опел корса или поло  :D , ова ми излезе ептен случајно, но интересна ми е за чепкање, никогаш не сум имал француска кола.

Со здравје да се вози
Со здравје да се вози, едно време ми беше како опција, некој детак повеќе околу одржување, правеше нешто, менуваше, сервиси?
Што те интересира од прилика?

Истиот мотор на ц2-чето го иам, механички се скоро идентични...

Sent from my Mi 9T Pro


И со Peugeot 206 се доста слични во механика и електроника. Освен задната суспензија.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5678
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #8 на: 09 Април 2020, 20:29:51 pm »
Не е мал акумулаторот,јас на 1.9Мултиџет користам 60Аh

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk

Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #9 на: 09 Април 2020, 20:39:37 pm »
Може дека сум навикнат на 75ка.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3826
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #10 на: 09 Април 2020, 20:54:12 pm »
@KaZaN Ќе тркнам до твојата тема со Ц2, онака ме интересира како се движат цените за одржување, сервиси, резерни делови, проблеми
Не знам колку сум пишувал, и дали сум пишувал цени на зафатите и деловите, али како и да е, ако треба некоја информација сум на располагање.

Sent from my Mi 9T Pro


Отсутен AlexAl1en

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 386
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #11 на: 11 Април 2020, 06:15:52 am »
На таблата оние црти за температура по колку покажуваат? Пример колку една, две и три црти.

Отсутен Azriel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 697
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #12 на: 11 Април 2020, 08:29:18 am »
Колку кошта редовен сервис за ц3 дизел уље и филтри? :)
« Последно менување: 11 Април 2020, 09:27:49 am Azriel »
Seat Leon 1.4 TSI

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3826
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #13 на: 11 Април 2020, 10:55:34 am »
Колку кошта редовен сервис за ц3 дизел уље и филтри? :)
Меѓу 2500 и 3000.

Sent from my Mi 9T Pro


Отсутен acekovac

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Citroen C3 1.4HDI 2007
« Одговори #14 на: 11 Април 2020, 14:32:53 pm »
На таблата оние црти за температура по колку покажуваат? Пример колку една, две и три црти.

Facelift е, нема црти за температура, само за гориво, што е малку глупо.