Автор Тема: преграден зид помеѓу станови  (Прочитано 2543 пати)

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
преграден зид помеѓу станови
« на: 25 Март 2020, 14:51:35 pm »
здраво друштво, се надевам некој има искуство на темава, па ќе помогне :) имам 2 стана кој се моментално споени како 1 и сакам да ги разделам како што биле некогаш, треба да изградам зид, да напоменам од двете страни има паркет кој треба да се зачува колку што е можно.

Опција 1: 10 cm профил на средина, по 5цм звучна и топлинска изолација, од двете страни би оделе по 2 табли, една од гипс една од дрво за поголема цврстина. Предност е што е брзо за градба, чисто и нема малтерај, овде ме мисли дали би имал доволно цврстина!? тоа е најголемото прашање.

Опција 2: Класична цигла, од едната страна изолација + 1 гипс табла, од другата страна само гипс табла. Со редење на гипс табливе би го избегнал материсувањето на зидот. Недостаток е што самото градење со цигла е погнасно, треба малтер, мислам дека ќе имам и поголемо оштетување на паркетот.

Опција 3: термо изолациона цигла + по една гипс табла од двете страни.

Гледам по интернетов нешто Ytong плочи/сипорекс, ако има некој искуство нека сподели

Отсутен Roci

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #1 на: 25 Март 2020, 15:06:06 pm »
Najednostavna varijanta 1vata  ;D
Jas bi odel so taa 😁👌

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #2 на: 25 Март 2020, 15:42:30 pm »
W115 Преграден ѕид од Кнауф.

http://knauf.mk/wp-content/uploads/2016/11/W11-Tehnicki-list-2010.pdf

2 табли гипс картон - челичен профил - гипс табла - челичен профил - 2 табли гипс картон.

Профилите ти одлучи колкави ќе ги ставиш. Дали 50мм или 75мм. Во зависност колку простор имаш.

Последните табли кои се финиш во собите гледај да се дијамант табли. Тие се цементи и се далеку поцврсти од гипсените.
Измеѓу во шуплината нормално ставаш камена волна за изолација.

Се ова нормално со користење на кнауф материјали и со мајстори кои си ја знаат работата.

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #3 на: 25 Март 2020, 16:15:58 pm »
1вата е дефинитивно наједноставна, најчиста и најлесна варијанта.

Фала за линков, таман да разгледам подетално. Прв пат слушам за дијамант табли, супер!

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • хаУс мајстор
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #4 на: 25 Март 2020, 18:23:01 pm »
Осумка, како ти тоа се осмелуваш после толку учење, искуство и проекти како архитект, тука да ни постираш линкови од нет. Срам те било ;D ;D

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8522
  • Пичлеме
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #5 на: 25 Март 2020, 19:11:14 pm »
Море Зоки, после толку совети од неговата област што ги има споделено, оправдано е малце да одмори чоеко :) (биталчани, се бранат, то е)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43342
  • Il Moderatore
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #6 на: 25 Март 2020, 19:24:34 pm »
Осумка, како ти тоа се осмелуваш после толку учење, искуство и проекти како архитект, тука да ни постираш линкови од нет. Срам те било ;D ;D


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #7 на: 25 Март 2020, 20:40:08 pm »
Осумка, како ти тоа се осмелуваш после толку учење, искуство и проекти како архитект, тука да ни постираш линкови од нет. Срам те било ;D ;D

Не гледаш дека линкот е со македонски описи. Можи се крие нешто позади тоа.
;)

Отсутен Cranium

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 929
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #8 на: 25 Март 2020, 21:15:53 pm »
Опција 1 ти е најчиста варијанта, се слагам со @osmica8 заради најголемата звучна изолација.
Јас моментално за мене правам преграден ѕид меѓу две соби со 75мм профил и по две табли со тоа што надворешната табла e соник (има зголемена густина а со тоа и подобра звучна изолација) и во средина место обична термо изолација ставам 40 килска камена волна.

Отсутен зоки-златен

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6864
  • хаУс мајстор
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #9 на: 25 Март 2020, 21:43:59 pm »
Осумка, како ти тоа се осмелуваш после толку учење, искуство и проекти како архитект, тука да ни постираш линкови од нет. Срам те било ;D ;D

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
У стилот на Васе, у центар :D

Отсутен goranoh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 68
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #10 на: 26 Март 2020, 16:53:27 pm »
Опција 1 ти е најчиста варијанта, се слагам со @osmica8 заради најголемата звучна изолација.
Јас моментално за мене правам преграден ѕид меѓу две соби со 75мм профил и по две табли со тоа што надворешната табла e соник (има зголемена густина а со тоа и подобра звучна изолација) и во средина место обична термо изолација ставам 40 килска камена волна.

супер и јас дефинитивно ќе одам со таа варијанта, само уште да одлучам точно каков профил и какви табли. На крај кога ќе завршиш пиши како си задоволен :)

Отсутен Pane-G

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 251
Одг: преграден зид помеѓу станови
« Одговори #11 на: 09 Април 2020, 19:57:47 pm »
Пофтино е со два гупс кнауф и во средина челичен профил и тервол и звучна изолација и тип топ ќе биде и ќе држат топло во текот на зимата


Sent from my iPad using Tapatalk