Автор Тема: Skoda Kamiq 1.0 TSI  (Прочитано 5035 пати)

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Skoda Kamiq 1.0 TSI
« на: 18 Март 2020, 10:53:54 am »
Да го преставам и новото, полуприватно-полуслужбено :) возило, Skoda Kamiq 1.0 TSI. Сум го возел 1.0 TSI моторот доста досега, но првпат ќе го користам како секојдневно возило, па ќе пренесам и овде импресии.

Затоа што секако возилото се правеше по нарачка, опремата ја направив како што јас мислев дека треба. Му ставив дополнително 18ки фелни, Dynamic пакет (спортски седишта, црн плафон внатре, спортски волан, алу педали), фабрички затемнети стакла, TOP LED задни светла и уште неколку ситници. На некој начин, инспириран од Karoq-от на @Lhasa Green , си направив моја варијанта на Kamiq Sportline :)

Моментално возилото има поминато 200км, требаше досега да има барем 1.500, но ситуацијата е таква каква што е :) Засега можам да забележам дека моторот одлично ја носи каросеријата, а менувачот има нешто подолги степени од тоа што сум навикнат досега кај бензинец, но мислам дека на првото подолго патување ќе се навикнам.

Во прилог и некоја слика:





Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #1 на: 18 Март 2020, 10:56:20 am »
Честито нова службена/приватна кола! :D

Одлично изгледа, ем големките тркала, ем црните детали, дури и белата боја.

Плус, спорт седиштата се прекрасни, треба да видам дали можам да ги упасирам во Голфот.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #2 на: 18 Март 2020, 11:07:48 am »
По нарачка без 15мм пониската суспензија?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #3 на: 18 Март 2020, 11:12:37 am »
Да да, сите Oктавии кои досега ги возев беа со додадено спортско подвозје, но сметам дека кај Kamiq нема потреба. Следното возило после Kamiq-от ќе биде новата Octavia и таа секако ќе има спортско подвозје :)
Aus Liebe Zum Automobil...

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54664
  • Махер
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #4 на: 18 Март 2020, 11:13:37 am »
Да да, сите Oктавии кои досега ги возев беа со додадено спортско подвозје. Следното возило после Kamiq-от ќе биде новата Octavia и таа секако ќе има спортско подвозје :)
Паметно, поготово за овие возила.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #5 на: 18 Март 2020, 14:40:25 pm »
честито ново ауто, многу добро изгледа, со арно да се вози и многу убави моменти во него.
У потесна листа ми е за избор на возило, и тоа со 1.0 TSI (85KW), верувам и кај тебе е истиот.
Провози го некоја иљадарка, па пиши пак и на отворено и го град како се покажува моторот, дали е навистина доволен за ова возило.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 33882
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #6 на: 18 Март 2020, 14:56:33 pm »
Моторот дефинитивно е доволен за каросеријата меѓутоа кога ќевлезеш во возилото и ќе го осетиш моторот ќе видиш дека те тера да возиш опуштено и тактички. Е кога возиш опуштено тогаш моторот станува одличен за каросеријата.
Ако планираш однапред да дивееш со возилото тогаш не, не е доволен моторот, си бара 2.0 турбо.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8782
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #7 на: 18 Март 2020, 22:32:59 pm »
Со здравје да се вози. Убаво си го нашминкал стварно го личи  ама сепак требаше 1.5 tsi.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1318
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #8 на: 18 Март 2020, 22:44:00 pm »
Моето идно возило  :-* :-* со здравје да се вози

Присутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2101
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #9 на: 19 Март 2020, 11:27:40 am »
Со здравје да се вози, кој 1.0 тси е во прашање, со 95 или 115 кс? Дали е солиден багажниот простор?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 508
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #10 на: 19 Март 2020, 11:53:28 am »
Во прашање е 115кс со 6 брзински менувач. Според мене моторот е сосема доволен за ова возило, секако дека 1.5 TSI ќе биде побрз, но јас сум пензиониран веќе од брзо возење :) Сепак, кога ќе почнам да го возам малку почесто на отворено ќе напишам како се однесува во категоријата која мене ми е најбитна - еластичност односно меѓузабрзување.

Багажниот простор е 400 литра, помал од Scala за некои 70тина литра, но за споредба Golf 8 има багажник од 380 литра. Формата му е прилично правилна.

Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #11 на: 19 Март 2020, 11:56:57 am »
Бујрум слика од багажник:



Бујрум, нашиот цел тест, тука -> https://www.carclub.mk/2019/11/20/test-skoda-kamiq-1-0-tsi-115-ambition-sovrseno-mu-odgovara-na-gradot/

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 694
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #12 на: 19 Март 2020, 16:52:55 pm »
@andrej_111 со здравје да се вози. Мислам дека е солидно повеќе наменско возило и доста комфорно.

п.с. ќе те барам после кризава за да го пробам 😁

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20048
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #13 на: 19 Март 2020, 18:35:59 pm »
Честито нова службена/приватна кола! :D

Одлично изгледа, ем големките тркала, ем црните детали, дури и белата боја.

Плус, спорт седиштата се прекрасни, треба да видам дали можам да ги упасирам во Голфот.

За кај тебе од ГТИ таман ќе си се.

Отсутен terzziski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 696
Одг: Skoda Kamiq 1.0 TSI
« Одговори #14 на: 20 Март 2020, 02:17:12 am »
Честито Андреј, со здравје да те служи и многу безгрижни километри.
У скоро време да частиш кафе и да се повозиме. :)

Може и една компарација да направиме помеѓу 1.0 и 1.5 кај мене. Не знам колку е точна разлика во тежина меѓу Карокот и Камик, но еве би сакал да видам како забрзува Камик-от со 1.0 мотор. Кај мене со 1.5 сум презадоволен.
И ме радува што е рачен мењач. :D