Автор Тема: Купување половно возило во Германија  (Прочитано 16527 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #30 на: 22 Јануари 2020, 09:23:27 am »
Фала Луки на инфо и за осигурањето и за типот на гориво. Најверојатно не би идел со кола до МК никогаш, ама не се знае, но во секој случај прв избор ми е турбо бензин. Немам читано дали ако забранат дизел во градови, ќе биде за сите дизели, или Еуро6 ќе може да се возат секаде како и бензинците. Но од друга страна Еуро6 дизел не верувам дека има до 8000, ќе морам поголем буџет да одвојам у тој случај.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20538
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #31 на: 22 Јануари 2020, 09:44:22 am »
Зашо бе да не одиш со кола? Можеме да се чекаме сите на некоја станица и да фатиме заедно кон родната грутка :)

Зависи што и какво возило би барал, меѓутим брзо пребарување на мобиле.де за возило со 4/5 врати, до 8000 евра, Еуро 6 дизел, со сервисна книшка и во возна состојба, ми извади околу 100 резултати во околината на Франкфурт. Има Форд Фокус караван, Опел Астра караван, Форд Ц-Макс итн итн. У принцип, тие што на брзина ги видов, имаат преку 130 000 км поминато.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #32 на: 22 Јануари 2020, 11:11:36 am »
Не кажа никогаш кои ти се параметрите за барање.
Освен голимена на возилото и цена.

Колку км? Јачина на мотор? Опрема?

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #33 на: 22 Јануари 2020, 13:43:50 pm »
@velestrumf  пре би со авион, а и не верувам дека би сакал да идам накај МК, веројатно еднаш у 5 години би рекол.
Барам кола со помалце од 100К поминато, те што помалце подобро, средно и повисоко ниво на опрема, детали не сум гледал, ама па и ретко има коли тука без опрема :)
За мотор, до кај 150 КС макс, било бензин или дизел, а минимум 90 отприлика.

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #34 на: 22 Јануари 2020, 15:46:39 pm »
Е така.
Кога би гледал кои модели имаат турбо бензин мотори, тогаш ќе го намалиш кругот.
Значи Хонда отпаѓа, киа отпаѓа и хјундаи.

VW има 1.2 и 1.4 тси. Со ланче, со каич, па затегачи па незнам што.... Ако сакаш да се замараш кој од нив беше добар, а кој лош мотор. Слободно гледај олф, Октавија, Леон.
Peugeot - 308 има 1.2 и 1.6 турбо бензин. До сега не сум слушнал и прочитал лоши работи за тие мотори.
Форд - Фокус 1.6 до 2013 мислам, после тоа оди 1.5. Одличен мотор, супер кола за возење. Малку грдичка. Има некој рикол за казанчето за антифриз и некоја ситница.
Фиат/Алфа Ромео - 1.4 мулти еар - Генерално добар мотор. Кај првите верзии некогаш се појавува проблем со системот за воздух ама тоа до 100 000км сигурно е средено.
Опел Астра - 1.4 и 1.6 турбо. Моторите немаат мана, само колата е тешка и малку повеќе трошат гориво. Во комбинација со автоматик се многу лоши.
Меган 1.2 и 1.4 тце - исто така ок мотор. Малку поголем потрошач од Vw, форд и Алфа.

Нека дополни друг со други модели. Мене за овие ми текнува само.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #35 на: 22 Јануари 2020, 22:15:52 pm »
Не би ги отпишал Хонда,Хјундаи и Киа, без разлика што немаат турбо мотор, сепак според мене имаат солидно мотори и доверливи аута се.
Од половни французи имам предрасуди и одбојност, не би сакал нервози со ситници да имам. Иако не бев за Форд, исто од предрасуди, можам да ги ставам у исто купче како и Опел, сепак сега би ги земал во предвид. Дефинирањево на возило сигурно ќе потрае, моментално планирам селење во празен стан, па на тоа сум фокусиран, ама може и да ми текне да отидам кај некој дилер ако начекам фино ауто, да ми одговара големината и се друго и да го зимам, со гаранција па колку толку помирен да сум. Иако и таа гаранција не сум сигурен што се покрива, али со нов TUV би требало да е ок.
Да искоментирам и за Фиат/Алфа, иако барем алфите ми се многу убави, не ми се доверливи а и не ми се при срце толку па да се решам тоа да зимам како прво возило тука. Здравје може понатака за ќеифови праење.

Присутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11685
  • Архитект
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #36 на: 23 Јануари 2020, 00:22:22 am »
Ако веќе ти значи доверливост и пратиш такви работи. Тогаш прочитај за Џулиетата. Која е една од најдоврливите хечови од сите споменати.
Погоден модел.

Исто така ми текна на Мерцедес Б класа. Има 1.6 турбо мотор 122 или 125кс. Ако ти влегува во буџет.

https://www.carbuyer.co.uk/reviews/alfa-romeo/giulietta/hatchback/reliability

https://www.whatcar.com/alfa-romeo/giulietta/hatchback/used-review/n913/advice

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #37 на: 23 Јануари 2020, 06:28:30 am »
B class ми е најпрв избор, но таква би земал не постара од 3-4 години, која е доста над буџет, здравје понаката.
Многу одамна имав начекано сајт со димензии на простор во кабина, за возач, совозач, патници, за скоро сите возила и можеше спроедби да се прават, ама сега не го наоѓам. Корисно би било да споредам, барем ќе елиминирам некои возила, а може и некое да додадам во листата за полесно одлучување.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #38 на: 02 Мај 2020, 16:05:23 pm »
дефинитивно се решив да земам ново возило, со финансирање или лизинг. Бев денеска до најблискиот салон на Киа, многу без загреан за XCeed-от. Покреј него седнав и во Ceed SW и Sportage. Наместив позиција за седење како што ми одговара, па дури и малце на штета на мојот комодитет, те да имам удобна позиција за седење и за подолги патишта, значи нозете малце подисправено, мада за вакво нешто само у Суперб ќе ме собере. И резултатот е, мали се за мене и да може дете да седи позади мене во седиште, а да не му се приклештени нозете. Веројатно ќе испаднат од игра Киа моделите, па следно ќе биде да ги проверам Шкода (Камик, Карок, Скала) повторно и да споредам. Би сакал и Астрата да ја видам, на изглед ми се допаѓа, не знам како е внатре со простор. Со оглед на тоа дека кииве се мали, не знам дали да гледам уопште Хјундаи и30 и Туксон.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10034
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #39 на: 02 Мај 2020, 16:19:02 pm »
Колку си дугачок ;D

Кога веќе си седнал во Сид, од поновиве модели коли во таа класа што сум седнал, Фокусот има нешто поголем простор на задни седишта, меѓутоа седењето на задните седишта е малку поисправено. 
Не знам за Шкода Скала, но претходникот Рапид исто така имаше прилично простор.
Хјундаи ти е слично, да не кажам исто како на Киа :)

Ме чуди како не си имал простор во Спортажот.

Ако во Сид немало место, со Астрата не се ни обидувај.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6358
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #40 на: 02 Мај 2020, 16:25:52 pm »
Шкодите сите модели се познати по огромен простор, особено на задна клупа. Од сите тие три модели што ги спомна ја би идел на Карок.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #41 на: 02 Мај 2020, 16:45:29 pm »
2 метри сум висок, и моментално имаме А класа втора генерација, и патување до Грчка знае да биде напорно, заради положбата на нозете, и под колено стално имам болки заради положбата на седењето и нозете. Позади мене ќе седи син ми, уште малце 4 години ќе прави, и треба место и за неговите нозе да може да ги движи. Денеска кога пробував, позади мене имаше отприлика 15 цм простор до задното седиште, што мислам дека е премалце.Имам пробано од постарите модели на киа сид, и мислам дека повеќе простор имаше внатре него најновиов модел.
Спортажот и не е така големо возило внатре, кога си 2 метра висок :) Много малце повеќе простор од сидот, да не речам и незначително.
Карокот и Камикот ги видов во Скопје, слични по простор внатре, но сепак Карокот покомотен ми беше. Ако идам на Карок ќе мора на 1.0 ТСИ верзија, 1.5 ТСИ или 1.6 ТДИ се прилично скапо во Германија, а немам толкав буџет.
Рапидот го имам возено доста, службено ауто ни беше, и седан и спејсбек верзијата, и да, солидно комотен е. Спејсбекот беше поубав внатре, те пластиките на шалттаблата беа поубави од кај седанот, повисоко ниво на опрема имаше и не беше лош да речеме.
Ќе видам и Фокус чим го спомнавте.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 844
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #42 на: 02 Мај 2020, 17:34:21 pm »

Octavia?
Претпоставувам штом си гледал karoq дека и octavia ќе влезе во буџет (ако има од старите модели сеуште.за новите не знам како се со цена)

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10034
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #43 на: 02 Мај 2020, 17:47:31 pm »
Убаво си приметил, новиот Сид има помалку простор во однос на постариот.
Истото важи и за i30. (Го возам претходниот модел).

Пред да ја земам i30kata, на пола чекор бев да земам Спејсбек кој имаше повеќе простор на задните седишта.
Ако се следи еволутивната стапка, би требало Скалата сепак да нуди повеќе простор во однос на денешната i30/ceed, а сепак да е поевтина од Фокусот :), ако се гледа буџет :)
Значи, отиди си пешки во салон и врати се со нова Шкода :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20538
Одг: Купување половно возило во Германија
« Одговори #44 на: 02 Мај 2020, 21:15:21 pm »
2 метри сум висок, и моментално имаме А класа втора генерација, и патување до Грчка знае да биде напорно, заради положбата на нозете, и под колено стално имам болки заради положбата на седењето и нозете. Позади мене ќе седи син ми, уште малце 4 години ќе прави, и треба место и за неговите нозе да може да ги движи. Денеска кога пробував, позади мене имаше отприлика 15 цм простор до задното седиште, што мислам дека е премалце.Имам пробано од постарите модели на киа сид, и мислам дека повеќе простор имаше внатре него најновиов модел.
Спортажот и не е така големо возило внатре, кога си 2 метра висок :) Много малце повеќе простор од сидот, да не речам и незначително.
Карокот и Камикот ги видов во Скопје, слични по простор внатре, но сепак Карокот покомотен ми беше. Ако идам на Карок ќе мора на 1.0 ТСИ верзија, 1.5 ТСИ или 1.6 ТДИ се прилично скапо во Германија, а немам толкав буџет.
Рапидот го имам возено доста, службено ауто ни беше, и седан и спејсбек верзијата, и да, солидно комотен е. Спејсбекот беше поубав внатре, те пластиките на шалттаблата беа поубави од кај седанот, повисоко ниво на опрема имаше и не беше лош да речеме.
Ќе видам и Фокус чим го спомнавте.
Зашто не побараш поголема кола на старо?

Се надевам дека нема да имаш административни препреки за да добиеш разумна понуда за кредит/лизинг.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.