Автор Тема: Квалитетот на воздухот во Скопје  (Прочитано 538213 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4740
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3990 на: 14 Декември 2018, 08:25:26 am »
Најопасни се пм2.5. Истите овие дома не исчезнуваат и најголем проблем претставуваат во затворен простор. Си ги мерел бројите што ги тврдиш горе?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3624
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3991 на: 14 Декември 2018, 09:23:03 am »
@zlatkoa Како што знам имаше дома мерач за PM честички па може да сподели некој вредности за резултатите дома, надвор и со отворена/затворена надворешна врата.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3992 на: 14 Декември 2018, 09:56:32 am »
Мене ме интересира дали некој мерел колку е загадено дома со затворени врати без прочистувач.

И дали со прочистувач приметувате разлика со прашината по дома?

Лани другар мереше на најголемото загадување во Аеродром(на булевар Србија) кога беше 900 и нешто, дома му било 12, без претходно луфтирање.
Со пуштен прочистувач се намалило на 3. Мислам дека Xiaomi имаше.

Ако отвориш прозор ќе биде повеќе.


Јас дома имам еден наједноставен, без сензори и чуда. Прашината е намалена многу во собата, ама па и два-три пати дневно се луфтира, за разлика од лето кога се отворени прозорите.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3993 на: 14 Декември 2018, 10:00:01 am »
@zlatkoa Како што знам имаше дома мерач за PM честички па може да сподели некој вредности за резултатите дома, надвор и со отворена/затворена надворешна врата.

По препорака на @Dodo купив мерач на ПМ честички.

Живеам во Ново Лисиче.

Во послените 4 недели максимумот што го имам измерено на балкон е 836 РМ2.5 честици (не ја знам мерната единица, затоа пишав само бројка)

Живеам во одлично изолиран стан, со Рехау прозори кои дихтуваат како Голф.

Имам и филтер за воздух.

Ако надвор загаденоста е 500, тогаш внатре без вклучен филтер загаденоста изнесува 150/170 РМ2.5

Со вклучен филтер оваа вредност ја одржувам на околу 20/30 РМ2.5 честички. Подоле не успеав да ја симнам.

Така да најискрено ве советувам да си воведете превентива по дома со филтри и со маски кога шетате надвор.

Озбилен сум, до јаја, не се зафркавам.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3994 на: 14 Декември 2018, 11:39:20 am »
Од каде го зема мерачот?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3201
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3995 на: 14 Декември 2018, 11:56:58 am »
Од каде го зема мерачот?
Ebay

Ќе го побарам линкот после ќе пуштам.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6337
  • Бенве сие бенве
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3996 на: 14 Декември 2018, 12:00:31 pm »
Квалитетот на воздухот во Македонија

Sent from my VTR-L29 using Tapatalk


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5227
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3997 на: 14 Декември 2018, 12:12:10 pm »
Ако си скептик ич не троши пари :)

На прочистувачот му е потребна длабока верба :)

Ова би било најблиску до вистината. На жалост.
Сензорите кои се во прочистувачите, мерат загадување во најчистиот дел од домот - веднаш тука кај што е прочистувачот. Се пречистуваат САМО механички честички, хемиските загадувачи НЕ. Смешно малата количина активен јаглен што ја има во ваквите прочистувачи, се заситува за многу кратко време и потоа не прави ништо.

За тоа на што се сведуваат ваквите уреди, а тоа се две работи - вентилатор и механички филтер за прашина (и помали пм честички), не би смееле да коштаат повеќе од ~2000ден.

Но тоа кажано - кој има да фрли пари несразмерно за добивката што ќе ја има во вид на почист воздух, прочистувачот е сепак подобро да се има отколку да се нема.


Во врска со барањето за препорака за прочистувач: Најголемиот (физички) уред за што помалку пари. Да има доволно силен мотор за вентилаторот, и да има достапни евтини заменски филтри, или да се лесни за своерачно менување материјал (на пример, заменскиот филтер да е сличен на автомобилските филтри за воздух). Само бегајте од најскапите и бренд имиња (како Цептар, на пример).





Озбилен сум, до јаја, не се зафркавам.
;D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1508
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3998 на: 14 Декември 2018, 14:21:48 pm »
Ако на некој не му се даваат многу пари, јас го имам овој. 3400 денари, 700 денари е филтер нов.

Нема сензори, после луфтирање му треба 20 тина минути да го снема мирисот на чад во соба од 20тина квадрати.

https://medicushelp.com.mk/prochistuvach-na-vozduh-pa600/

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6908
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #3999 на: 14 Декември 2018, 17:27:48 pm »
Ако на некој не му се даваат многу пари, јас го имам овој. 3400 денари, 700 денари е филтер нов.

Нема сензори, после луфтирање му треба 20 тина минути да го снема мирисот на чад во соба од 20тина квадрати.

https://medicushelp.com.mk/prochistuvach-na-vozduh-pa600/
Епа сензорите ја дигаат цената највише.

ХЕПА филтри стававме у бели соби каде што се произведуваат лекови, после Г9 на клима комората. Така да чим тоа задоволува било кој усисивач со квалитетен хепа филтер ќе брка работа... треба да се измери.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9900
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4000 на: 15 Декември 2018, 21:07:06 pm »
Најопасни се пм2.5. Истите овие дома не исчезнуваат и најголем проблем претставуваат во затворен простор. Си ги мерел бројите што ги тврдиш горе?
на It форумон бобарај ако сакаш подетално има на долго и на широко... Шаоми тамо гио фалат ама 2015-та бил 20-22к... ту мач, ќе умрам подобро ама 22к не давам за пластика која е поштетна него пм частиците.
Него препорака за маска ?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17280
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4001 на: 15 Декември 2018, 22:39:54 pm »
на It форумон бобарај ако сакаш подетално има на долго и на широко... Шаоми тамо гио фалат ама 2015-та бил 20-22к... ту мач, ќе умрам подобро ама 22к не давам за пластика која е поштетна него пм частиците.
Него препорака за маска ?


Каков цар.

Отсутен RedEco

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4630
  • Passat B8
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4002 на: 16 Декември 2018, 01:12:58 am »
preporaka za maska...

Vasko Cacanoski
December 14, 2017
Совет за маски до сите (оправдано) загрижени од воздухот. Бидејќи возам точак, потребна ми е маска (повеќе од на тие што „се спасуваат“ возејќи коли и со тоа придонесуваат на уште поголемо загадување), па веќе 2 сезони (релативно) редовно користам маски. Многу сум револтиран од фирми - лешинари кои сакаат да ве излажат користејќи ја големата загриженост во врска со воздухот, што и ме мотивираше да го пишам ова.

1. Стандарди. Задолжително купувајте маски со ознака FFP2 (еквивалент N95, т.е. филтрира 95% од честичките) или FFP3 (еквивален N99, 99% од честичките) (повеќе инфо https://en.wikipedia.org/wiki/Respirator) . А кај нас како заштита од загадувањето се продаваат маски без стандарди, со FFP1, хируршки маски... Сетоа тоа е украс, грд украс... лешинари шиткачки преварантски...

За еден ист производител од иста продавница, најчесто FFP3/N99 е многу поскап од FFP2/N95. Доколку тоа е случај, и доколку не работите со био-хазардни гасови (скопскиот воздух сепак баш и не е составен од био-хазардни гасови, иако е многу загаден), сепак тие 4% разлика во филтрацијата пресметајте си дали вредат разликата во цената што ја имате како избор.

2. Активен јаглен. Многу лешинари ќе ви продаваат маски со активен јаглен кој не е корисен за филтрирањето на ПМ честичките, туку апсорбира само молекули (https://en.wikipedia.org/wiki/Air_purifier… -> activated carbon). Овие маски се многу поскапи од тие без јаглен. Затоа, лешинарите што ви ги продаваат овие маски како заштитa од скопскиот воздух, веднаш да ги заобиколите. Ако имате други здравстени проблеми, надвор од загадувањето со pm честички, тоа е друго. За филтрирање на простории каде се готви/пуши со вакви филтри, исто така има логика, но за лични маски, апсолутно е бескорисно.

3. Неопренски/шарени маски. Некои од маските на пазарот се џиџани: „меки“, „шарени“... Сетоа тоа е ок, но не е фукнционален дел од маската. Некои од нив вршат улога на термичка изолација, што можеби за зима е ок, но да си знаете дека освен естетика и можеби термичка изолација, не добивате повеќе од тоа (важен е стандардот).

5. Животен век. Не постои филтер на светов што има неограничен животен век. Дополнително филтрите со користење ги намалуваат перформансите. Затоа, немојте да се летате по фенси скапа маска и да ви е жал да ја смените, туку купете поефтини маски (со стандарди и реномирани производители) и почесто менувајте ги или менувајте ги само филтирте ако маската има филтер што се менува.

4. Цена... Од она што стигнало како информација до мене и од мое искуство имате 2 опции: итно да купите од локална продавница и да си нарачате поефтино од интернет поголемо пакување на маски.

4.а. Локално, барем засега од она што сум сретнал на .mk интернет , апсолутен фаворит е http://www.dvornik.mk/opremaGlavna.aspx?id=5 -> филтер маска (немам никава врска со фирмава и не знам што имаат на лагер :-) ). Цените им се најразумни во споредба со било каде: 50-100 денари маска, а производителот е honeywell (што не е no-name, т.е. е ок).
Додаток 2018: квалитетни маски од ЗМ, добар производител, и по слични цени има и во ecotip.com.mk (контакт детали на сајтот)

4.б. ebay/ali express. Било кој производ што задоволува FFP2/N95, и е од реномиран производител и праќа до Македонија е ок. Јас лично нарачувам (не мора да изберете баш тоа): ebay search "3M 8210" (3M производилел, 8210 е модел, стандардот е N95), во пакетче од 20 маски. Доаќа околу 10 долари (520 денари) сите, т.е. 25 денари по маска (колку поголемо пакетче, поефтино). Испораката од Кина до тука трае од 30 до 60 дена. Искуството вели дека маските се ок, се чувствува разликата,но да ви сертифицирам - не можам :-), а не можете ни вие :-) . Едиствена маана е што ластичињата лесно се кинат после неколку носења, што го решавам со хефталица. Една маска користам 7-10 дена, дневно користење 2х25 минути. Планирам да пробам наскоро со „3M 9152" (ист стандард, ист производител, друг модел) чисто заради споредба заради проблемот со ластичињата.

...
sfe e do sistemot, i pozicijata na popametnite vo nego.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9900
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4003 на: 16 Декември 2018, 01:32:27 am »
на It форумон бобарај ако сакаш подетално има на долго и на широко... Шаоми тамо гио фалат ама 2015-та бил 20-22к... ту мач, ќе умрам подобро ама 22к не давам за пластика која е поштетна него пм частиците.
Него препорака за маска ?


Каков цар.
гфолф 3-ка без таблици е 22к ебаго... еве и без филтер ми е топ, и со поефтин филтеф ќе завршиш работа. Нити кај што работиш има филтер, нити по градинки нити по школи, нити по улици. За 8 саати што ги преспивам дома не треба баш од 22к да биде. Инаку пластиката е штетна, во било која смлисла, па уште да е дишеш. Фолфот е барем железо, ’рѓа, природа. Добро сега гумите, ама ништо не е совршено...
YEP redeco тоа ми беше зборо да не давам пари за џабе, а со 1000-че ем цело семејство ќе го заститам, ем заштитен си секаде. и дома носи си ја маската, таман за пола саат пм частиците ќе се залепат за маска односно ќе се прочисти ваздухот, а и малце да го јачаш имунитетот не е на одмет. Инаку со јна маска и назард маска разликата е ден и ноќ, и дома и надвор и не знам каде. а 300 ден се и се далеку подобри од овие и филтри има по 50 денари мислам. Е сега тие максите од јна ја изгубиле способноста за хемиска филтрација или бојни отрови, но за пм частици се сеуште топ. На пример цигара тргаш ептен малце се осеќа, под ако си фарбал, со јна гас маска немаш гајле, да швајцоваш чадот ич не се осеќа... Мирис од чад од запалено, гума дрво било што ептен ептен маце. Мада тешка е за тргање не е како другиве. Него ај прашај го Васкота дали чини оваа https://www.ebay.com/itm/2Pcs-Disposable-Work-Dust-Masks-Valved-FFP3-Respirator-Face-Safety-Breathing/223270268013?epid=4016087732&hash=item33fbf1ec6d:m:muvVBANgzzqXAn-7t2d7SQg:rk:4:pf:0
Или   од овие да сака некој по 25 https://www.ebay.com/itm/2-50PC-3M9332-Dust-Mask-FFP3-Exhalation-valve-mask/173427803581?hash=item28611a45bd:m:me8nN1JoRUo4OMlXHOJCQ0A:rk:7:pf:0


« Последно менување: 16 Декември 2018, 01:49:08 am Bicikle »

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8535
  • Пичлеме
Одг: Квалитетот на воздухот во Скопје
« Одговори #4004 на: 22 Декември 2018, 15:57:01 pm »
Да не се курчите вие со посебнава тема:

Цитат
Битола со најзагаден воздух деновиве во Македонија


Лично се уверив :)