Убаво скоцкан канал, разгледајте го..
Особено ми е интересен делот каде е повеќе од очигледно дека доминантни тимови (
тимови, не шофери) се појавуваат после крупни промени на правила во Ф1 и каде секој тим има назначено луѓе за изнаоѓање дупки во истите.
Така, она што беше Ред Бул до пред некое време, сега е Мерцедес, а при првата следна поголема промена на правила ќе биде некој трет.
Иако секој тим има дозвола сам да развие шасија, најголем број од нив се приморани да ја адаптираат на мотор кој ( нели) самите не го прозиведуваат, па така еден Кими Раиконен неможе да вози исто во Ферари, Алфа Ромео или Мерцедес.
Оттука, најрелевантен показател кој шофер колку вистински вреди е во споредба со неговиот тимски колега бидејќи е единствен на патеката кој вози под исти услови.
Затоа, еве убаво скоцкано видео и за тоа...