Автор Тема: Што ти се врти низ глава  (Прочитано 273380 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20722
Одг: Што ти се врти низ глава
« Одговори #3855 на: Септември 09, 2020, 09:28:18 am »
@dbl.dzo - Audi RS6 ги завршува сите „Ако треба да имаш една кола до крај на живот, што би одбрал?“ дискусии кои сме ги правеле.
Ја би бил ОК и без караван, Една кола до крајот на животот:


Ни караван.
Ни задни врати.
Ни тач скринови.

Отсутен Diesel

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2994
Одг: Што ти се врти низ глава
« Одговори #3856 на: Септември 14, 2020, 18:01:16 pm »
LG Wing.



Сакам.
2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport

2002 VW Polo 9N 1.4 16V

Масло во менувач се менува кога се менува менувач.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 26073
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Што ти се врти низ глава
« Одговори #3857 на: Септември 14, 2020, 18:44:06 pm »
Баш глеам видео за ова... Интересно е, ама не му ја гледам поентата.

Едит: Океј, се согласувам, интересно, дефинитивно. Интересен пристап.

Отсутен Diesel

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2994
Одг: Што ти се врти низ глава
« Одговори #3858 на: Септември 14, 2020, 19:03:11 pm »
Кул е. Ептен.
2008 Opel Astra Classic II 1.4 16V Ecotec Twinport

2002 VW Polo 9N 1.4 16V

Масло во менувач се менува кога се менува менувач.

Отсутен dbl.dzo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 588
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Што ти се врти низ глава
« Одговори #3859 на: Септември 22, 2020, 12:47:32 pm »
Инаку, викендов бев во Охрид, на враќање кон Скопје бев совозач во ново Clio (колата во друга тема ќе ја опишам).

Си се возев во 2019та Clio 1.3 турбо бензинац. Не сакам многу многу француски возила, ама ми се врти во глава бидејќи беше ново ново. Барем моделов во кој се возев имаше триста гаџети и тракатанци во него за така мало количе.

Дигитална шалт табла, фабричка навигација, lane assist, команди на волан, темпомат, камери и сензори за паркирање напред и назад. Си повлеквит примерно, ќе те извади во тесни ситуации кога треба за престигнување, многу добра звучна изолација.

Не ми се допадна како си сместен во седиштето, не дека беше платно, но беше доста рамно, не беа „кади“ седишта како што сум навикнат. Исто не ми се допадна кога ќе ги испружиш нозете во совозачкиот дел, подот продолжуваше нагоре дијагонално. Јас сум мал човек генерално, ама ако си повисок ќе пречи тоа посебно на потколениците. И се разбира, си беше во пожар боја :)