Автор Тема: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp  (Прочитано 4656 пати)

Отсутен icka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« на: 23 Ноември 2019, 09:42:14 am »
Здраво на сите,

не знам дали ја има веке отворено темата околу овие 2 мотори или да ги кажам еден мотор, но мислам дека сепак се различни.

Сакам да прашам, кој од овие 2 мотори е со ланец а кој со каиш , многу муабети се вртаат дека ланците кај VW моторите не се покажени во најдобро светло?

И до колку некој е имал искуство со бензинец што да се внимава кај нив маани и предности се разбира

Во главно станува збор за дилема околу купување на половен автомобил

однапред благодарам за вашите мислења / совети / одговори

поздрав

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29156
    • CARclub.mk
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #1 на: 23 Ноември 2019, 11:19:15 am »
Ние имавме VW Passat B6 со 1.4 TSI 122, и немавме никаков проблем. Сега имаме Golf VI со истиот мотор и не сме имале некаков проблем. Passat-от го продадовме со околу 40.000 км, Голфот во моментов има околу 60.000. И двете коли освен за редовно одржување, за ништо друго не биле однесени во сервис.

Моторите имаат еден проблем со ланецот, кој се јавува кај некои, но не кај сите. Имаше неколку форумски коли со тие мотори, кај некои се појави, кај некои не. Како и кај секоја кола, колку е до моторот, толку е и до претходниот сопственик и начинот на кој се грижел за возилото.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54744
  • Махер
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #2 на: 23 Ноември 2019, 11:26:10 am »
Земи си со каиш. Чиста работа.

Отсутен icka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #3 на: 23 Ноември 2019, 12:07:59 pm »
Да , но кои од овие 2 имаат каиш или и 2та модела имаат каиш  ?

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5678
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #4 на: 23 Ноември 2019, 12:08:52 pm »
Изгледа 2-та се на ланец...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29156
    • CARclub.mk
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #5 на: 23 Ноември 2019, 12:24:48 pm »
Повторно, јас не би се потресувал. Ако е сè друго во ред со колата, проблемот со ланецот е најмал „проблем“. Се решава или во официјален сервис, или кај проверен неофицијален и тераш.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7298
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #6 на: 23 Ноември 2019, 12:28:00 pm »
Се' се решава, но со колку пари. :D

Отсутен icka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #7 на: 23 Ноември 2019, 12:31:41 pm »
во ред , благодарам,

околу замаец , овие 2 имаат фиксен замаец така нели ?

Отсутен icka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #8 на: 23 Ноември 2019, 12:32:46 pm »
во ред , благодарам,

околу замаец , овие 2 имаат фиксен замаец така нели ?

:D е тоа да , затоа и преферирам да биде каиш , не за едно туку за повеке работи , затоа што кај нас или знаат да го заменат за многу пари или не знаат да го заменат па колата ја фрлаш по хитна постапка

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29156
    • CARclub.mk
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #9 на: 23 Ноември 2019, 12:38:06 pm »
Се' се решава, но со колку пари. :D

Во официјален сервис сигурно е поскапо. Треба да се праша кај Митревски или дечките позади Топ Трејд, све заборавам како им се викаше сервисот.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6363
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #10 на: 23 Ноември 2019, 13:59:29 pm »
Здраво на сите,

не знам дали ја има веке отворено темата околу овие 2 мотори или да ги кажам еден мотор, но мислам дека сепак се различни.

Сакам да прашам, кој од овие 2 мотори е со ланец а кој со каиш , многу муабети се вртаат дека ланците кај VW моторите не се покажени во најдобро светло?

И до колку некој е имал искуство со бензинец што да се внимава кај нив маани и предности се разбира

Во главно станува збор за дилема околу купување на половен автомобил

однапред благодарам за вашите мислења / совети / одговори

поздрав
Голф5/6/Пасат б6/б7 1.4 тси ги има само во варијанта 122кс но не 125 (тоа беше кај сеат леон, октавија и јети) - како и да е моторите се потполно исти и на ланче.

Голф7/Пасат б8 1.4 тси све се на каиш и конструкциски моторите се многу различни од постарите што се на ланче (значе не е само ланче или каиш работава). Од 2013 до 2016 беа 122кс а после 125 се додека не ги заменија со 1.5 тси 130кс и 150кс.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5678
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #11 на: 23 Ноември 2019, 14:39:53 pm »
во ред , благодарам,

околу замаец , овие 2 имаат фиксен замаец така нели ?

:D е тоа да , затоа и преферирам да биде каиш , не за едно туку за повеке работи , затоа што кај нас или знаат да го заменат за многу пари или не знаат да го заменат па колата ја фрлаш по хитна постапка
Сам си одговараш на прашањето 😁.
Ицка флеви не се субуви бе човек 😂

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7298
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #12 на: 23 Ноември 2019, 16:39:08 pm »
Сам си одговараш на прашањето 😁.
Ицка флеви не се субуви бе човек 😂

Ицката од Босилово? ;D

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 767
  • .
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #13 на: 23 Ноември 2019, 19:10:13 pm »
сум возел 10 години кола со 1.4 тси со 125 коња и имаше мотор на ланец без ниту еден најмал проблем  освен редовни сервиси, така да не се замарај дали со ланче дали со каиш ти бил моторот, ретки се тие што имале проблем со ланец, па иако имал некој таков проблем тоа било до нив ради ненавремено промена на масло и со несоодветно масло. Имаше една серија на голф 6-ки произведени 2010 до 2012 кој рекламирале таков проблем, крај краева и тој проблем се решава и нема да ти кошта рецимо 1к евра туку поевтино башка ако китот го набавуваш во афтермаркет и на солиден автосервис го мењаш уште поевтино ќе ти испадне.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен icka

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 8
Одг: VW Мотори 1.4 TSI 122/125hp
« Одговори #14 на: 25 Ноември 2019, 17:52:48 pm »
Ок , некој да даде совет на што да се внимава на бензинец произведен после 2012 VW групација ?