Автор Тема: Seat Ibiza ST 1.2 TDI  (Прочитано 1301 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3949
Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« на: Септември 10, 2019, 10:11:39 am »
Барав веќе подолго време второ градско возило. Се започна некаде Јуни месец и она што го изнагледав кај мене во Латвија и Литванија беше крш до крш. Обично носени коли од Германија со никаква историја, сечени лепени кршеви невидени. Од тие што не беа увоз изборот беше многу мал и очаен, 99% од колите веќе имаа сериозна корозија. Нормално, имаш огромен избор за веќе истрошени бмв, мерцедес и ауди ама тоа не беше мојата цел.

Фатив на мобиле.де барав стриктно коли од приватни лица што имаа активна регистрација и на крајот по долги преговори со еден многу културен дечко од Германија, падна договорот за Сеат Ибица 1.2 тди караванче. Колата имаше поминато технички таму поминато пред 1 месец, така да бев сигурен за техничката состјба, што како и кога било сменето од денот кога била купена. Од аспект на комуникација, средување на папири и сетоа тоа помина без никакви проблеми.

Земав авионски карти до таму, наредниот ден средивме папири и земав од тие црвените таблици за експорт и возејќи си ја донесов колата тука. Пред некој ден ја регистрирав, без никакви забелешки, све е тип топ. Кога ја качија горе на технички за преглед го гледам подвозјето и се чудам, нема грам прашина, кал едноставно све свети како да е купена вчера колата. Јебига, Германија.

Колата е произведена 2012 со 1.2 тди 3 цилиндри мотор од 75 кс. Му ја извадов маста од Германија до тука, ме фати вкупно 1500км цело време на автопат 150-170км/ч количето си ги истера без проблем.

Јас сум многу задоволен од моторот како тегне за 3 цилиндри. Звучи како да ќе се распадне во секој момент ама си брка работа ептен сум изненаден  ;D
Во целина, колата ме изненади позитивно колку е стегната во вожња. Целата е пластикарија внатре, ама ништо не крцка и при дупки и лош пат колата се однесува многу добро без никакви непотребни тресења, звукови, све е некако стегнато и го има она германско чувство на сигурност.

Од опрема имам темпомат, клима, автоматски светла/сензор за дожд, каминг хоум-ливинг хоум светла, автоматско преклопување на ретровизори. Интересна опрема за градско количе. Останатото е стандард. Ми даде батката и друг сет зимски гуми, моментално е на Континентал Премиум Контакт 5. Во Полска и Германија на моменти стигнав до 180км/ч и колата спие. Гумите се многу многу добри.

Вчера сменив филтер за воздух и полен, а деновиве остана уште уље и филтерот за уље.

Од тоа што е сменето како дефект од претходниот сопственик последниве 2-3 години е нов ЕГР вентил, кабел за АБС и централно, нов заден лонец (според ТУВ стариот веќе имал корозија), нови амортизери предни и преден десен лагер. Останатото се редовни сервиси, дискови/плочки. Имам целосна документација од 2012 до сега што како и кога е средувано. Свака част за претохниот сопственик како си чувал документи, све наместено хронолошки.

Планирам да купам нови брисачи, тоа е тоа сега за сега.

Еве некоја слика од кога ја регистрирав некни.





*заборавив да пишам, колата ја земав со нeшто ситно под 182.000 сега со патов некаде 183.500
« Последно менување: Септември 10, 2019, 13:47:26 pm vlatko.klp »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 24225
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #1 на: Септември 10, 2019, 10:13:25 am »
Несекојдневен избор, признавам. Мислам дека од овие Ибици ни еден караван не е продаден кај нас.

Честито!

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3974
  • The Spartan General
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #2 на: Септември 10, 2019, 10:23:30 am »
Со здравје да си ја возиш другар. После потрагата конечно најде нешто што ќе ти брка работа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Filip MK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 443
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #3 на: Септември 10, 2019, 10:25:14 am »
Со здравје да се вози!
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Ordevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 269
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #4 на: Септември 10, 2019, 10:26:34 am »
Супер метод на бирање на возило на старо. И јас така би бирал :)
Со здравје да се вози, одлично изгледа!

Sent from my SM-G935F using Tapatalk


Отсутен Bokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 886
  • XSi
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #5 на: Септември 10, 2019, 10:28:05 am »
Несекојдневен избор, признавам. Мислам дека од овие Ибици ни еден караван не е продаден кај нас.

Честито!

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=2756336  ;D ;D
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3949
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #6 на: Септември 10, 2019, 10:33:21 am »
Со здравје да си ја возиш другар. После потрагата конечно најде нешто што ќе ти брка работа.
И благодарност до тебе за осигирувањето! Го нарачав и стигна кај германецов кај него дома за 24 часа!

Иначе не ни сакав многу караван зошто веќе имам караван за поголеми патувања ама пред се барав нешто што е во добра техничка состојба па тек после дали било 3 врати или каква опрема има.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 24225
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #7 на: Септември 10, 2019, 10:34:14 am »
Несекојдневен избор, признавам. Мислам дека од овие Ибици ни еден караван не е продаден кај нас.

Честито!

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=2756336  ;D ;D

Хаха, ете, имало. :D

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2195
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #8 на: Септември 10, 2019, 11:12:56 am »
Одлично градско возило, особено караван.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен AngelSK

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 372
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #9 на: Септември 10, 2019, 13:34:09 pm »
Со здравје да се вози, фино изгледа вака.

Мислев ќе земеш Шкода али ништо 😄

Отсутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2777
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #10 на: Септември 10, 2019, 13:37:45 pm »
Разумен избор, разумна форма (знам дека караваните се по чести таму каде што живееш), добра зделка.

Да те служи долго и без проблеми.


Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44936
  • Махер
    • malikovski.com
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #11 на: Септември 10, 2019, 17:21:03 pm »
Има вакво продадено во Охрид. Има и на рузвелтова. Сите се 1.2 тди, многу добро моторче.
               
    --- Objects in mirror are losing as it appears --- 
Speed kills your Pocketbook.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #12 на: Септември 10, 2019, 19:12:31 pm »
Топ е ибичево

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3949
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #13 на: Септември 11, 2019, 12:48:21 pm »
Фала на честитките.

v-max на аутобан




Инаку она што ме воодушеви зошто прв пат возам во Германија е високото ниво на култура кое што во Полска е за некој степен пониско и пред се фактот што шлеперите цело време се во втора или трета лента. Влагаш Полска и одма шлепер претекнува друг шлепер и чекаш како будала го поминува со 90км/ч а овој до него 89км/ч. И така на секои 4-5 километри.



Иначе од Берлин, па влагање во Полска сите камиони што беа со половњаци беа во ваква состојба и само фучат нагоре накај мене и после ги прават некако во локални сервиси, ги шиткаат и си тераат бизнис.



Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6436
Одг: Seat Ibiza ST 1.2 TDI
« Одговори #14 на: Септември 12, 2019, 00:50:27 am »
Со здравје да си ја возиш, многу грда кола околу изгледот.
П.С Сите што ти кажаа дека е топ и добро изгледа ти прават лице, истите тие за многу поубави коли се убиваат од јадење гомна.
« Последно менување: Септември 12, 2019, 01:17:20 am achtung »