Автомобили > Естетско Одржување
Фарбање на браник (рачно)
ARMac:
Разгледувајќи ги темиве и барајќи по Гугл се информирав дека Игор - Автопластика од Драчево е човекот кој сите го препорачуваат. Бев (едвај го најдов) и дечкото според мене солидно си ја заврши работата.
Сега сакам да го офарбам тој дел од браникот. Не би ја носел колата по сервиси едно затоа што е стварно стара, друго затоа што е крпена одоздола па со тоа и нема толку да се гледа.
Прашањето ми е како да продолжам. Дали да купам боца црвен спреј и да шприцам или треба да се искитира, да се помине со шмиргла итн.
Еве слики
А еве после лепење како изгледа.
AUUU:
Па добро го средил, колку ти наплати?
ARMac:
--- Цитат: AUUU на 12 Август 2019, 20:16:36 pm ---Па добро го средил, колку ти наплати?
--- Крај на цитатот ---
1000 бараше ако му го однесев јас (само браникот), 1500 со негова демонтажа.
+200 денари од другата страна имаше една дупка.
1700 ден. комплет без замарање за 1 ден го заврши.
зоки-златен:
Купи во спрејче прајмер или филер, прсни го кај што е лепен 3 слоја ама предходно одмасти го, можеш со крпа и алкохол. Откако ќе се исуши ишмирглај со 600ка шмиргла со вода. Избриши пак и можеш со боја да го офарбаш. Бојата можеш во спрејче готова да си земеш, нијанси на црвено имаш доста по овие бои и лакови, оди со кола и види кое највеќе одговара.
ARMac:
--- Цитат: зоки-златен на 12 Август 2019, 21:31:08 pm ---Купи во спрејче прајмер или филер, прсни го кај што е лепен 3 слоја ама предходно одмасти го, можеш со крпа и алкохол. Откако ќе се исуши ишмирглај со 600ка шмиргла со вода. Избриши пак и можеш со боја да го офарбаш. Бојата можеш во спрејче готова да си земеш, нијанси на црвено имаш доста по овие бои и лакови, оди со кола и види кое највеќе одговара.
--- Крај на цитатот ---
Фала. Го направив ова како што кажа, изгледа ок ама изгледа ја утнав малце бојата. Ќе ставам слика да се подзасуши малце.
Друго прашање сакам предната маска да ја офарбам скроз црна. Проблем ми е хромираната пластика која пола е изљуштена, пола не сака да мрдне. Би ја однел во некој сервис па ако може совет за тоа каде да ја носам. Не сакам да го хромирам истото парче него црно да иде сосе остатокот.
Зборувам за пластиката пред хладњакот на Felicia/Fabia.
Слика.
Навигација
[#] Следна страница
Оди на целосна верзија