Од мое искуство можам да ти кажам да погледнеш Тојота Аурис, многу благодарна кола, малку повисока од другите во нејзина класа, позади го нема тунелот на средина па има доста место на задната клупа. 1,4 е тром мотор за на отворено, за низ град е МНОГУ добар, ептен мазно вози, на автопат е бучна, 120 км/ч е на 3.600 вртежи.
Внатре е пластична, многу пластична.
Механички е многу едноставна и многу доверливо и благодарно возило, има мотор на ланче кој треа вечно. Ако начекаш 1,6 би требало да е по ОК. Дизелите незнам како се.
Пазарната цена е смешна кога ќе видиш што уствари нуди колава.