Во потрага сум по бензинец или бензин/плин над 2008ма година. Многу некако во око и на проба ми легнаа 1.4 т-jet моториве. Гледав Lancia Delta, не се одлучив за неа поради страв од евентуална потреба за каросериски делови и не работеше моторот по мој вкус.
Исто така Мито многу ми се допаѓа како дизајн али багажник јбг колку Југо има. Претпостаувам дека за каросериски делови важи истата приказна.
Исто во око ми западнаа и 2-3 Фиат Браво со моторот од 120кс, вака солиден вртежен момент има за 1.4. Незнам како е со удобност на подолги релации? Со постариве фиати имам искуство дека воопшто не се ергономски.
Ако имате нешто вакво видено може да пуштите, исто прифаќам и предлози на некое слично возило. Цена некаде докај околу 5000е.