Сите кинески гуми се добро покажани, јас со повеќе продавачи на кинески гуми имам правено муабет, сите така велат.
Пошто си нов член, добредојде, да не се почувствуваш недобредојден, еве јас накратко ќе ти кажам неколку работи.
Кинеска гума си е кинеска гума, некои пластика ја викаат. Евтино и истовремено добро покажано не постои, што се вели „нема и јаре и паре“
Некој ќе речи дека за постара кола, побавна кола се сосема ок, ама кога ќе излизга на првата кривина, за последиците да не збораме, колку е исплатлива.
Има „наши“ гуми кои не се многу поскапи, а имаат колку-толку подобри перформанси, на пример Сава.
Има доста голем избор на гуми што се подобри од кинеските, а не се многу поскапи.
Има и тема за гуми, има еден куп муабети, искуства, линкови до тестови... кој не го мрзи, можи да си најди доста совети:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,455.9420.html