Автор Тема: Винил култура  (Прочитано 54179 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Винил култура
« Одговори #165 на: 22 Декември 2019, 20:24:38 pm »
Следи делумен опис на процесот за чистење на плочи кој јас го практикувам.

Средства за чистење. Вклучува шишенце со раствор (средство со ензими), шишенце со дејонизирана вода, четка со природни влакна (за понежни винили), четка со вештачки влакна (за навистина валкани винили).

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Машина за чистење. Релативно едноставен склоп, мотор со директен погон и двонасочна ротација, вакуум црево со две нивоа на моќ на вшмукување, Pro-Ject VC-S MK2.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Чекор #1 - Инспекција. Плочата е поставена на машината, прицврстена со стегата, и испитана за поголеми оштетувања / валканици.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Чекор #2 - Нанесување на ензимско средство. Средството се разредува во концентрација 1:10 или 1:20 зависно од чистината на плочата. Користам Pro-Ject Wash-It. Разредувањето се прави со дејонизирана вода. Се нанесува со една од четките додека ротира плочата, и се користат кружни потези со цел агитација на средството во браздите. Стои околу 1.5 минута во оваа форма.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Чекор #3 - Вшмукување на ензимското средство. Со помош на вакуум цревото, се вшмукува средството кое останува на плочата во тек на 1-3 полни ротации. Ако има потреба, додавам 2 контра ротации со цел собирање на целото средство.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Чекор #4 - Испирање. Со помош на дејонизирана вода, нанесувам грубо 5мл на површината на плочата со цел испирање на средството и намалување на статичкиот електрицитет. Со помош на вакуум цревото, се вшмукува водата која останува на плочата во тек на 1 ротација. Не практикувам многу ротации затоа што допирот на вакуум цревото преку филцот кој е нанесен на него, предизвикува статички набој кај некои формулации на винил.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Чекор #5 - Отстранување на статички набој. Ова е изборен чекор, и го практикувам само доколку плочата има изразит статички набој. Со помош на анти-статички уред (Milty ZeroStat 3) го отстранувам статичкиот набој.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

По завршувањето на овие чекор, плочата оди во нов внатрешен омот и назад во надворешниот омот.

Се надевам не сморив. Ако нешто е нејасно, кажувајте.

Сега разбирам зошто кога пред година и ситно ти реков „абе, ти го глеам меракот, и ја размислувам да си купам грамофон“, ти ми рече „немој“. ;D

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #166 на: 22 Декември 2019, 20:39:52 pm »
Сега разбирам зошто кога пред година и ситно ти реков „абе, ти го глеам меракот, и ја размислувам да си купам грамофон“, ти ми рече „немој“. ;D


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #167 на: 24 Декември 2019, 14:25:15 pm »
Излегла..



Се надевав на дупла плоча.
Едната со оригиналната филмска музика, другата со збирката на песни од Синатра, Г.Глитер и сл..

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #168 на: 28 Декември 2019, 20:38:45 pm »
Следи делумен опис на процесот за чистење на плочи кој јас го практикувам.

Мал апдејт (цитирајќи се себе си).

Денес налетав на многу валкана плоча која стоела на делумно влажно место повеќе од 10 годиниа, па си велам да ја прикажам ефикасноста на процесот кој го практикувам со еден колаж.

Тоа лево е комбинација на прав, мувла, лепак и дополнителни непознати контаминанти.



Имаше работа и на омотот, но тоа во друга прилика.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #169 на: 29 Декември 2019, 12:59:36 pm »
Се залетав по една плоча од Петер Габриел али кога ја видов од внатре беше роскоп.
После сликава гледам дека уствари било ситница. :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #170 на: 29 Декември 2019, 17:25:06 pm »

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #171 на: 29 Декември 2019, 21:38:20 pm »
Се залетав по една плоча од Петер Габриел али кога ја видов од внатре беше роскоп.
После сликава гледам дека уствари било ситница. :)

Искрено, не можеш да знаеш додека не ја исчистиш. Можно е чистењето да отвори еден куп дополнителни проблеми како гребнатини, раширени бразди и генерални оштетувања. Оштетувања кои и онака постоеле, но звучната штета од нив била маскирана од дополнителната штета од нечистотија...

...но ако се работи за (1) ретко, (2) сентиментално важно, (3) звучно добро, (4) или било кој од наведените критериуми, издание, вреди да се засукаат ракави малку.

До пред две децении, се правеле навистина сериозни, академски истражувања на форматов, особено поради големата количина на историски важен материјал достапен само на овие формати - така што не е наведените работи само анегдотално искуствени.

Во прилог еден напис од инжинерскиот тим при EMT, кој покажува, покрај останатото, дека дури и нови "од преса" плочи треба да се чистат пред репродукција, доколку постојат можности.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #172 на: 30 Декември 2019, 09:02:42 am »
Се работи за обична плоча од Петер Габриел која можам дa ја купам пак низ градов за максимум 500 денари.



Но, оние новите кои ми се handpicked порачани од амазон и дискогс поинаку би ги третирал.
Една веќе стигна ( за рекордни 6 дена од амазон.де.. нека стигнат и другите па ќе ги сликнам.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29056
    • CARclub.mk
Одг: Винил култура
« Одговори #173 на: 09 Јануари 2020, 20:43:26 pm »
Муабетите за продажба на плочи - http://forum.carclub.mk/index.php/topic,23963.0.html

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Винил култура
« Одговори #174 на: 14 Јануари 2020, 18:55:37 pm »
Во исчекување на посебна пратка на плочи со @InSides - да се подновиме со неопходни додатоци од MFSL :)


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #175 на: 15 Јануари 2020, 13:16:31 pm »
Од каде ги купи и дали има и надворешни?

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #176 на: 15 Јануари 2020, 14:01:58 pm »
Од каде ги купи и дали има и надворешни?

MFSL се многу специфични во поглед на набавка. $20 за еден сет во САД наспроти €35 + ДДВ во Европа. Набавката од САД дополнително се комплицира со трошокот за испорака поради габаритот.

Имаат и надворешни, иако не сме ги пробале во голем опсег.

За надворешни е полесно. Има неколку мануфактури во земјава кои изработуваат. Ефтина е изработката, но влезната количина е голема (1000+ парчиња). Како некој што бил соочен со тој проблем, на неколку пати сум нарачувал (различни модели) такви количини...

...што ќе рече, колку ти требаат? Бесплатни се, ако дојдеш да си ги земеш. :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #177 на: 15 Јануари 2020, 14:10:45 pm »
До летово треба да се обезбедам со солидна бројка и на внатрешни и надворешни, а и со празни опаковки за ЦД-а од музичките, не оние slim какви што денес се продаваат.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #178 на: 15 Јануари 2020, 17:14:07 pm »
До летово треба да се обезбедам со солидна бројка и на внатрешни и надворешни, а и со празни опаковки за ЦД-а од музичките, не оние slim какви што денес се продаваат.


ОК, колкава е таа солидна бројка на надворешни? Да знам дали можам директно да те услужам? Во спротивно, ќе ти пратам контакт со фирмата што ги изработува.

Присутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 842
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Винил култура
« Одговори #179 на: 15 Јануари 2020, 21:04:24 pm »
Друштво, ако некому му се наоѓаат, мене ми требаат неколку надворешни и внатрешни (5-6), зашто низ годините се загубиле дел од опаковките. Доколку имате, ќе си платам колку треба. :)