Ако целта на слушањето музика е
слушање музика, тогаш нема друго чаре освен (1) да се оптимизира музичкиот систем околу достапните медиуми (кои и да се) или (2) да се помири човек со фактот дека нема да има оптимална продукција и да фура YouTube.
Најкомпактен пристап кон музички систем е дигитален репродуктор и активни звучници. Нема покомпактно, и по space-efficient (освен ако не одиме во BoomBox територија). Имате дигитални фајлови? Решено. Имате CD-a? Рипувајте lossless - решено. Имате плочи? Рипувајте - решено. Единствен проблем? Речиси никој нема неограничено време да го троши на реорганизација на музички формати, па затоа одиме на репродукција на она што е можно и/или достапно.
Решението на
@igor_xxxx е многу издржано. Дигитален фронтенд со Roon + Tidal (или Qobuz) и алтернативен аналоген фронтенд и чао. Roon чини пари, но дава многу ефективна замена на тактилниот пристап со преглед на еден куп информации (тоа им била и идејата). Tidal / Qobuz чинат пари, но прават достапни изданија кои се невозможни за набавка и се со потврден продукциски квалитет.
There is no free lunch.