Автор Тема: Винил култура  (Прочитано 4506 пати)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 776
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #135 на: Септември 11, 2019, 12:55:59 pm »
Ако целта на слушањето музика е слушање музика, тогаш нема друго чаре освен (1) да се оптимизира музичкиот систем околу достапните медиуми (кои и да се) или (2) да се помири човек со фактот дека нема да има оптимална продукција и да фура YouTube.

Најкомпактен пристап кон музички систем е дигитален репродуктор и активни звучници. Нема покомпактно, и по space-efficient (освен ако не одиме во BoomBox територија). Имате дигитални фајлови? Решено. Имате CD-a? Рипувајте lossless - решено. Имате плочи? Рипувајте - решено. Единствен проблем? Речиси никој нема неограничено време да го троши на реорганизација на музички формати, па затоа одиме на репродукција на она што е можно и/или достапно.

Решението на @igor_xxxx  е многу издржано. Дигитален фронтенд со Roon + Tidal (или Qobuz) и алтернативен аналоген фронтенд и чао. Roon чини пари, но дава многу ефективна замена на тактилниот пристап со преглед на еден куп информации (тоа им била и идејата). Tidal / Qobuz чинат пари, но прават достапни изданија кои се невозможни за набавка и се со потврден продукциски квалитет.

There is no free lunch. :(

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18415
Одг: Винил култура
« Одговори #136 на: Септември 11, 2019, 13:40:17 pm »
Него има ли каде да се купат нови опаковки за ЦД?
Зборам за класичните, првите што излегоа, не оние тенките.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 776
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #137 на: Септември 11, 2019, 14:17:53 pm »
Него има ли каде да се купат нови опаковки за ЦД?
Зборам за класичните, првите што излегоа, не оние тенките.

Мислам дека локално тешко. ЕМИ откако ги снема... :)

Ова е интересна опција (и цена) - но не знам за транспорт:

https://protected.de/en/cd-cases-3000

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 776
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #138 на: Септември 11, 2019, 14:28:43 pm »
Roon чини пари, но дава многу ефективна замена на тактилниот пристап со преглед на еден куп информации (тоа им била и идејата).

Глупо е многу да се цитирам себе си, но добро - сметајте го ова како дополнување на претходниот пост.

Неколку screenshot-и од Roon кои го илустрираат она што сакав погоре да го потенцирам:








Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18415
Одг: Винил култура
« Одговори #139 на: Септември 11, 2019, 20:13:47 pm »
Ама за ова мора компјутер/лап топ да ти е поврзан со озвучувањето во дневна соба или како?




Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 414
Одг: Винил култура
« Одговори #140 на: Септември 11, 2019, 20:44:31 pm »
Ама за ова мора компјутер/лап топ да ти е поврзан со озвучувањето во дневна соба или како?





@InSides ќе ти одговори поубаво, но генерално има две опции (наједноставни со опрема што ја имаме дома):

1. Мора да има компјутер на кој што ќе работи Roon серверот;
2. Тој сервер може да биде директно поврзан со аудио опремата, или:
3. ...да си стои серверот забутан во некоја соба, а да се користи некоја трета машина како end-point поврзан со аудио опремата на која што ќе се стрима преку серверот.Пример за таква машина би било некоја евтина Pi-та или слична минијатурна Windows машина со потребниот Roon Bridge софтвер.

Прилично елегантно решение што одлично функционира и изгледа.

Отсутен bear

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 60
  • Excuses don't burn calories.
Одг: Винил култура
« Одговори #141 на: Септември 12, 2019, 16:05:08 pm »
Никогаш не вели никогаш.

Присутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18415
Одг: Винил култура
« Одговори #142 на: Септември 12, 2019, 17:49:52 pm »
Благодарам @bear, обавезно ќе прашам за Питер Габриел,Џони Мичел (албум на кој свири Џако Пасториус на бас)  и Флојд плочите.

Еве што стигна денес...





Патитучи е германски принт и прилично скромен layout со стандардни информации за албумот, порачан од Discogs.

Трите од Елтон Џон се австралиски принт, купени од колекционер али внатре се брате разгледници , со постери, стикери, мали книги со текстови.Све.
Сопственикот (поточно сопственичката) дури ги искуцала на машина текстовите од албумите за да не го оштетува оригиналниот омот внатре додека ги слуша.