Автор Тема: Винил култура  (Прочитано 54455 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54741
  • Махер
Одг: Винил култура
« Одговори #90 на: 06 Август 2019, 10:41:26 am »
Тињата со амазон е што многу ретко има шипинг на ствари до кај нас. Ама ако има, не гледам проблем да нарачаш.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #91 на: 06 Август 2019, 11:03:55 am »
Цените се прифатливи.
Не знам уште колку ќе има за shipping али чекам инфо од момак кој наводно редовно порачувал од таму али да си прашам и тука...

https://www.amazon.com/s?k=jazz+vinyl&ref=nb_sb_noss_2

« Последно менување: 06 Август 2019, 11:16:53 am Stratro »

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #92 на: 06 Август 2019, 13:12:46 pm »
amazon.co.uk и amazon.de редовно испорачуваат плочи (поедноставно / почесто amazon.co.uk - немам образложение зошто е тоа така).

Секогаш (досега) биле коректно спакувани, во двојна обвивка + заштитници за аглите. Немало проблеми со оштетени плочи / омоти. Зборуваме за нови.

Царина + данок = како ќе ти се погоди. Почесто се плаќало отколку што следувало ослободување. Зависи како е расположен службеникот кој ги прегледува пакетите.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #93 на: 06 Август 2019, 13:18:31 pm »
Порачка до 45 евра без царина односно до 22 евра без ДДВ не важи?
btw...прашањето беше за amazon.com.
« Последно менување: 06 Август 2019, 13:34:58 pm Stratro »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54741
  • Махер
Одг: Винил култура
« Одговори #94 на: 06 Август 2019, 13:42:04 pm »
Шредингерова мачка е одговорот.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Винил култура
« Одговори #95 на: 06 Август 2019, 14:02:40 pm »
Порачка до 45 евра без царина односно до 22 евра без ДДВ не важи?

Важи, ама единствен начин да достигнеш сума до 22 евра е да земеш само една навистина ефтина плоча, и да налеташ на ефтин шипинг.

btw...прашањето беше за amazon.com.

Не сум сретнал ниту една плоча што можела да се испорача локално од amazon.com - што не значи дека нема.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #96 на: 07 Август 2019, 09:49:17 am »
Пример ...



Порачана...пробно.

Во меѓувреме, за грамофон овој модел се умеша во штипки..



https://djworx.com/reloop-entry-level-rp-2000-mk2-turntable/

https://www.reloop.com/reloop-rp-2000-mk2


Ги има истите карактеристики како Audiotechinca LP120 , само што e 100 евра поефтин, a цената и кај нас му е иста како и секаде на друго место, за разлика од првиов кој го преплаќам скоро дупло во однос на цената која е во Америка односно третина повеќе од цената по која се продава во ЕУ.  Die Cast, Direct drive, full manual, со вградено претпојачало и USB и доаѓа опремен со Ortofon глава.

Sanyoto е оставен на сервис/тестирање, али трошоците за оправање во старт не се мали:

- 2-3000 денари нов капак ( фабричиот е излитен и пукнат)
- 1000 денари ногарки ( ми фали една).
- минимум 2500 денари за претпојачало, бидејќи нема вградено.
- минмум 2500 денари за нова игла или дупло за нова игла со се глава.
- 1000 денари сервис/дијагностика.

Ова е се под претпоставака дека нема потреба од механички поправки внатре.
Но не е....бидејќи е direct drive, моторот е ослабен и не врти константни 33.3 rpm, а поправката на моторот во комбинација со погорниве трошоци би ја стигнала или надминала цената на нов, солиден грамофон како овој погоре.

Сега изборот се сведува на Audiotechnica LP120 vs Reloop 2000 Mk2.

https://www.audio-technica.com/cms/turntables/583f30b3a8662772/index.html

vs

https://www.reloop.com/reloop-rp-2000-mk2

Скоро исти спецификации па дури и на дизајн.
Едниот амерички со сток глава, вториот германски со Ortofon глава и 100 евра поефтин, препорачан од момак кој редовно го користи.
« Последно менување: 07 Август 2019, 14:22:17 pm Stratro »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #97 на: 12 Август 2019, 16:36:31 pm »
Мала допуна од  кај Бобан од бутките на Кеј.
Му превртев се што има (преку 2000 плочи) и изборот се сведе на ова, плус можеби уште 10 тина кои ги оставив за следен пат.



Во просек 300 ден комад.
« Последно менување: 12 Август 2019, 16:42:09 pm Stratro »

Отсутен AUUU

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6907
Одг: Винил култура
« Одговори #98 на: 16 Август 2019, 16:11:30 pm »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54741
  • Махер
Одг: Винил култура
« Одговори #99 на: 16 Август 2019, 16:43:36 pm »
Значи главното е Амазон муабет, и нивните идиотштини со шипинг за кои сите се повеќе од свесни.

Едно време немаше можност да филтрираш по тоа да има шипинг до кај тебе! Па имаше и уште има плагин за Хром или Фаерфокс "does Amazon ship to" кој ти проверува и ти кажува по некој податок за да не се замараш ако идиотскиот шипинг не шипа до тука.

Од друга страна со Ебај или Али или Гиатбест или што и да е тоа е многу понормално решено.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #100 на: 17 Август 2019, 14:41:57 pm »
Покрај амазон, за ЦД и плочи и го има ова:

https://www.discogs.com/

Добро е сортирана музиката по изведувач/жанр, а воедно има детален приказ за очуваноста на медиумот и омотот:... Мint, Near Mint, Very good, good, Fair...
Oд тука  планирам да порачам се што локално нема да можам да купам.

На странава има цена за ЦД/плоча , а цената на шипингот ја одредува секој купувач откако ќе направиш "нарачка" така да вкупната цена може да варира.

Порачав 4 албуми на ЦД ( кои ионака не се издадени на винил) откако исконтактирав барем 20 продавачи кои ги продаваат (по различна цена за албум и шипинг) и порачав она што е сметав дека е најисплатливо ( генерално гледав да се во mint или near mint состојба)  па ќе видиме како ќе поминам со нашиве кога ќе стигнат.

Многу луѓе кои продаваат плочи ЦД-а кај нас , истите ги имаат огласено на странава и генерално се задоволни од тоа како функцинира.
Можеш да си направиш свој профил, со своја слика, wish list, имаш seller rating, buyer rating,messaging со продавачите...се е фино скоцкано на прв поглед, па ќе видиме.







« Последно менување: 17 Август 2019, 14:48:34 pm Stratro »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22223
Одг: Винил култура
« Одговори #101 на: 17 Август 2019, 20:37:57 pm »
Еве нешто  за темава...

КУЛТУРНА ИЗОЛАЦИЈА: КАКО ДА НЕ НАРАЧУВАШ КНИГИ И ПЛОЧИ ВО МАКЕДОНИЈА

Оние кои го поминале процесот опишан во статијава ќе знаат точно за што станува збор. Оние кои не го поминале - не очајувајте. Има решение и за оние кои сакаат да работат на себе читајќи или слушајќи музика.

Приказната оди отприлика вака:

Нарачуваш плоча (двоен албум) за подарок од Амазон.

Со поштарина таа чини 56 евра.

Необично брзо, ти стига мејл од видот „чаршаф“ од локална експозитура на брза пошта, во која преку комбинација на цитирани закони, булет поинтс со опции кои стојат на располагање, болдирани реченици, и такви од непознати причини обоени црвено, ти е објаснета постапката за увозната процедура и плаќањето на ДДВ и царинските давачки. По спроведувањето на истата плочата може експресно да ти биде доставена до дома.

Математиката за тоа да се случи е следна:

56 евра плочите (со поштарина)
16 евра увозни давачки (ДДВ и царина)
25 евра услуга на брзата пошта (сума што те спасува од пополнување формулари, уплати и одење во Царинска испостава на аеродромот Петровец, попозната како ЦИ Аеродром 1050).

Вкупно: 97 евра, или скоро двојно од оригиналната нарачка

И сето ова не би било толку скандалозно доколку си го знаел сето ова кога си нарачувал. Но ти НЕ си барал брза, туку стандардна достава, а од Амазон самоиницијативно решиле да те апгрејдуваат, односно да ти направат услуга. Нема врска што и претходно си доаѓал во ваква ситуација и си ги молел АМАН ЗАМАН НЕ МЕ ЧАСТЕТЕ ПРАЈОРИТИ ШИПИНГ, ТРЕБА ДА ПЛАЌАМ. Љубезниот Reayansh од поддршка на корисници никако не може да разбере зошто си толку лут, и што побогу згрешиле. You should not have to pay a cent more - вели, додека се прашуваш дали да го одбиеш пакетот, да се појавиш на роденден со празни раце или да ја голтнеш (пак) горчливата пилула и да платиш двојно од она што треба.

А треба заради една законска одредба која вели дека „Стока испратена од странство од правно лице во помали пратки која ја прима физичко лице е ослободена од плаќање увозни давачки и ДДВ под услов вкупната вредност на пратката да не надминува 22 евра, со вклучени транспортни и манипулативни трошоци.“

22 евра!

Секој кој се обидел да купи книга или плоча преку интернет знае дека освен за книги од втора рака ова е неверојатно ниска сума, особено ако се купуваат по неколку книги одеднаш. За плочи и да не зборуваме.

НО, дури и да решите дека 10-те книги кои сакате да ги купите ќе ги нарачувате една по една за да не биде надмината магичната сума, тоа не е гаранција дека нема да наидете на друг вид скриен трошок - таканаречен царински преглед. Велиме „таканаречен“ затоа што пакетите (пак главно од Амазон) физички ги добивате нечепнати, значи немало никаков „преглед“, туку просто случајно ви се паднало да бидете среќникот кому за непостоечка услуга му наплаќаат околу 250 денари, за нешто што би требало да е во рамки на работно време на оној кој прегледува и што му спаѓа во работна обврска. ОСВЕН ако има нешто што не знаеме, на пример ако од секој ваков „прегледан“ пакет не следува некаков процент по учинок. Истовремено подготвени сме да се обложиме дека во пакети на кои со големи букви пишува КНИГА и е испратена од некои од големите онлајн продавачи, со целосна декларација за која фирмата гарантира, никогаш не било најдено нешто друго, на пример хемиско оружје, запаливи материи или алкохол. Кога му упативме вакво прашање на поштенскиот работник во одделот за пакети („Добро, колку пати се случило во пакетот да наидете на нешто што не е наведено во декларацијата?“), неговиот коментар беше: „Не се занесувај многу-многу, си ја знаеме ние работата“.

И тоа е што се однесува до увозната и царинска процедура. Кога пак станува збор за ДДВ-то (5% за книги, 18% за плочи), како на не-економисти никако не ни е јасно зошто некој во неговото пресметување би ја земал предвид и поштарината, кога таа е еднаш платена (во странство), и која вредност е „додадена“ во Македонија од потрошеното гориво за летање, во случајов над Германија? Зошто тогаш не се наплаќа ДДВ на каква и да е поштенска пратка од странство, па макар и на обична разгледница?

Истражувајќи што сè подлежи на ДДВ во земјава, наидовме на интересен текст за новата мерка за поврат од 15% под наслов „Дознајте кои сметки џабе ги скенирате“. Излегува дека списокот на даночни обврзници кои не се регистрирани за ДДВ е прилично голем, и содржи и некои изненадувања. На пример, дали знаете дека игрите на среќа и забавните игри не подлежат на ДДВ? Да, добивките се оданочуваат, но во цената на лозовите, ливчињата за спортска или кое и да е друго обложување или играње на среќа не е пресметан ДДВ, што директно влијае на цената, и индиректно на поголемата потрошувачка. Некој веројатно проценил дека така повеќе се исплаќа - повеќе луѓе да загазуваат во коцка (пардон, обложување), така статистички и повеќе од нив да добиваат, по што нивната добивка ќе биде оданочена со 15%. Бидејќи работата со книги очигледно не е толку вносна, некој решил и оние малкумина кои се бават со работа на себе и стекнување знаења, и кои очајно се обидуваат да се изолираат од надворешниот свет, ако ништо друго барем повремено пуштајќи си музика, да ги казни (одере, опљачка, изнервира) така за веќе никогаш да не им текне да го повторат делото.




Така ламентирајќи, сепак наидовме на нешто што нè озари и ни даде кураж. ДДВ не се плаќа и за услуги на погребални институции и крематориуми. Значи ако не може да се чита и да се слуша музика, не мора да се пакуваат куферите за некаде каде што тоа би било поедноставна, и пред сè нормална активност. Тука барем не е скапо да се - умира.


https://off.net.mk/bookbox/sakash-da-chitash-knigi-vo-makedonija?fbclid=IwAR2TUpoz2sfHwYKNPhyPPosrud9fIENlpqvGC2L71Ca6Bz5mVwQnIfuslsY



Во моментов чекам (пробно) една плоча од амазон со вкупна вредност од 20 евра со се шипинг и 3 ЦДа од дискогс од посебни продавачи со вкупна вредност од околу 10 тина евра со се шипинг.
Баш да видам колку и зошто ќе ме репнат нашиве "експерти".



Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8077
  • Малерозен дрводарец
Одг: Винил култура
« Одговори #102 на: 17 Август 2019, 23:59:15 pm »
Чекор 1: Не читај штоф.нет
Чекор 2: Нарачувај си од Џуно
Чекор 3: Профит.
Потлачени!

Џаба радите, нече вас платити!

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Винил култура
« Одговори #103 на: 26 Август 2019, 08:29:27 am »
Пристигна нова пратка од Лондон:






...а посебен highlight е следново: 30-th Anniversary во NM состојба со сите додатоци (постери и стикери)...





Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • Пичлеме
Одг: Винил култура
« Одговори #104 на: 26 Август 2019, 08:53:02 am »


Ова таман би ти одело со ѕидот :)