Здраво дечки,
разгледувам по огласиве Fiat 500, 2008-2010 година, ми треба како втора кола за сопругата за до работа и назад и да има место за децата. Во моментов вози Смарт, така да барам што е можно по мала кола, ама па и да личи на нешто. Не сум имал никакво искуство во новото „фиќо“ па ако има некој што ги возел нека ми пише на што да пазам или дали воопшто да размислувам на оваа комбинација или да барам друга кола.
Фала
Јас имам Фиат 500 1.2 Lounge.
Кога ќе го пазариш, гледај да има сочувано подвозје и механички да е спастрено. Провери заден трап, знае да коридира, ама се санира, не е страшно.
Провери си парното дали функционира ако е климатроник, имаат проблем со клапната која што знае да заглави и да немаш парно. Зафркнат дефект е, се прави ама не е ефтино.
Механички се солидни, немам забелешка. Како возило е многу подобро изработено од Цитроен Ц2, VW Up, Peugeot 107, и сличните. Имаат вложено малку љубов и знаење во дизајнот итаљаните и не е само лим и тепих. Како другите возила од конкуренцијата. Задната клупа собира двајца возрасни ама не е многу комотно. Две деца или тинејџери ќе се вклопат на задна клупа одлично. Пристапот до седиштата широк и нема проблем да се пикне некој позади. Имај во предвид дека задното седиште е наменето да пренесеш двајца возрасни од Ѓорче до Ново Лисиче ако случајно врне и немаат превоз. На задна клупа нема многу комфор за да патуваш на подолга дестинација.
Генерално електроника знае да зафркава ама не е ништо сериозно за да те одврати од купување на колата. Најчесто јавува рандом ерор за прегорена сијалица или фалично серво, ама се решава тоа со гасење мотор и пак палење. Спорадични се овие еррорчиња, не се јавуваат нон стоп. Кај мене се појавиле 3 пати во последнава година.
Потрошувачка 6.5 литри строго градска. Сервис му правам во Аутомобиле СК, ама најверојатно ќе продолжам на друго место.
Исто така провери во каква состојба е ламела, потисна најчесто овие возила се возени во градска средина и овие елементи се амортизираат многу бргу. Плус жени ги возат и многу често си ја потпираат ногата на кумплунг.
Јас би ти препорачал да си го купиш фиќото што си го намислил, одлично возило е за низ град и ако редовно го сервисираш ќе си ги врти километрите без проблем. Барај модел со повеќе опрема, сончев покрив и убави бандажи. Пред некое време сакав да го продадам Фиќото затоа што не ми беше планирано да го имам како трето возило, ама како што поминува времето, не ми се дава и ќе си го возам. Има некоја хемија што итаљанскиве коли ти ја пуштаат и те навлекуваат да ги сакаш, веројатно затоа и алфистите се толку заљубени во своите возила и покрај сите "шпекулации".
Еве ја темата од моето Фиќо, клик тука и читај.