Автор Тема: Fiat 500?  (Прочитано 1727 пати)

Отсутен GixxerMKD

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 26
Fiat 500?
« на: Мај 16, 2019, 14:24:21 pm »
Здраво дечки,

разгледувам по огласиве Fiat 500, 2008-2010 година, ми треба како втора кола за сопругата за до работа и назад и да има место за децата. Во моментов вози Смарт, така да барам што е можно по мала кола, ама па и да личи на нешто. Не сум имал никакво искуство во новото „фиќо“ па ако има некој што ги возел нека ми пише на што да пазам или дали воопшто да размислувам на оваа комбинација или да барам друга кола.

Фала

Отсутен AllMightyMe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4846
Одг: Fiat 500?
« Одговори #1 на: Мај 16, 2019, 14:28:16 pm »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19518
Одг: Fiat 500?
« Одговори #2 на: Мај 16, 2019, 14:29:43 pm »
Не знам колку место би имало позади, ама секако не е олеснителна околност што Фиат 500 нема задни врати :-\

И јас го размишљав истото ауто, поради истите причини, и се пишманив, пошо иако сеуште е фацка, не ми исполнува критериуми за практичност.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zlatkoa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2703
Одг: Fiat 500?
« Одговори #3 на: Мај 16, 2019, 14:44:12 pm »
Здраво дечки,

разгледувам по огласиве Fiat 500, 2008-2010 година, ми треба како втора кола за сопругата за до работа и назад и да има место за децата. Во моментов вози Смарт, така да барам што е можно по мала кола, ама па и да личи на нешто. Не сум имал никакво искуство во новото „фиќо“ па ако има некој што ги возел нека ми пише на што да пазам или дали воопшто да размислувам на оваа комбинација или да барам друга кола.

Фала

Јас имам Фиат 500 1.2 Lounge.

Кога ќе го пазариш, гледај да има сочувано подвозје и механички да е спастрено. Провери заден трап, знае да коридира, ама се санира, не е страшно.

Провери си парното дали функционира ако е климатроник, имаат проблем со клапната која што знае да заглави и да немаш парно. Зафркнат дефект е, се прави ама не е ефтино.

Механички се солидни, немам забелешка. Како возило е многу подобро изработено од Цитроен Ц2, VW Up, Peugeot 107, и сличните. Имаат вложено малку љубов и знаење во дизајнот итаљаните и не е само лим и тепих. Како другите возила од конкуренцијата. Задната клупа собира двајца возрасни ама не е многу комотно. Две деца или тинејџери ќе се вклопат на задна клупа одлично. Пристапот до седиштата широк и нема проблем да се пикне некој позади. Имај во предвид дека задното седиште е наменето да пренесеш двајца возрасни од Ѓорче до Ново Лисиче ако случајно врне и немаат превоз. На задна клупа нема многу комфор за да патуваш на подолга дестинација.

Генерално електроника знае да зафркава ама не е ништо сериозно за да те одврати од купување на колата. Најчесто јавува рандом ерор за прегорена сијалица или фалично серво, ама се решава тоа со гасење мотор и пак палење. Спорадични се овие еррорчиња, не се јавуваат нон стоп. Кај мене се појавиле 3 пати во последнава година.

Потрошувачка 6.5 литри строго градска. Сервис му правам во Аутомобиле СК, ама најверојатно ќе продолжам на друго место.

Исто така провери во каква состојба е ламела, потисна најчесто овие возила се возени во градска средина и овие елементи се амортизираат многу бргу. Плус жени ги возат и многу често си ја потпираат ногата на кумплунг.

Јас би ти препорачал да си го купиш фиќото што си го намислил, одлично возило е за низ град и ако редовно го сервисираш ќе си ги врти километрите без проблем. Барај модел со повеќе опрема, сончев покрив и убави бандажи. Пред некое време сакав да го продадам Фиќото затоа што не ми беше планирано да го имам како трето возило, ама како што поминува времето, не ми се дава и ќе си го возам. Има некоја хемија што итаљанскиве коли ти ја пуштаат и те навлекуваат да ги сакаш, веројатно затоа и алфистите се толку заљубени во своите возила и покрај сите "шпекулации".


Еве ја темата од моето Фиќо, клик тука и читај.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3107
Одг: Fiat 500?
« Одговори #4 на: Мај 16, 2019, 14:46:07 pm »
Практично деца во кола со три врати возам од две годишна возраст на помалиот. Сега се 7 и 9. Планирам да ја задржам уште 2-3 години истава варијанта. Секој ден одиме во школо и се враќаме со кола. Одиме на кампување и скијање за време на одморите и некои викенди. До сега немам поголеми проблеми со нивно излегување и влегување. Дури и во колите кои што имаат повеќе врати заради child lock повеќе излегувам да отворам врата  отколку од оваа. Имаш тука пљусои и минуси но не е толкав дилбрејкер. Ако треба баби и дедовци да возиш Позади дефинитивно нема смисла.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16292
  • (•_•) ( •_•)>⌐■-■ (⌐■_■)
Одг: Fiat 500?
« Одговори #5 на: Мај 16, 2019, 15:30:44 pm »
Пежо 106 со 4 врати.

Отсутен stefanel984

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Fiat 500?
« Одговори #6 на: Мај 16, 2019, 21:10:59 pm »
Не знам колку место би имало позади, ама секако не е олеснителна околност што Фиат 500 нема задни врати :-\

И јас го размишљав истото ауто, поради истите причини, и се пишманив, пошо иако сеуште е фацка, не ми исполнува критериуми за практичност.

А Opel Adam, сличен коцепт.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 35601
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Fiat 500?
« Одговори #7 на: Мај 16, 2019, 21:31:32 pm »
Три врати се сасвим ОК за деца. Апсолутно никаков проблем немаат децата со влегување позади. Откако имам две коли, втората ми е  со 3 врати. Фичко или Мито се колите кои би ги размислувал во иднина за втора кола, така да повторно би останал на кола со 3 врати. Деца може да се возат позади во вакви коли малтене до нивни 15-16 години, без мака.
FIAT 500 имам возено во повеќе наврати, мене ми се допаѓа генерално како хендла, дури и со 1.2 моторот. Седењето на предната клупа е прилично исправено, што овозможува патниците позади да имаат повеќе простор од тоа што првично изгледа. Поспортските верзии и 500c имаат пониски предни седишта и поудобни воедно, но страда местото на задна клупа.
1.3 jtd е одлична опција за во град, но малку побучна од бензинците, бензинците имаат супер звучна нота :)

FIAT 500 е одличен пример за тоа што FIAT најдобро знаел од секогаш да го прави - мали симпатични градски аута.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 19518
Одг: Fiat 500?
« Одговори #8 на: Мај 16, 2019, 21:44:22 pm »
Не знам колку место би имало позади, ама секако не е олеснителна околност што Фиат 500 нема задни врати :-\

И јас го размишљав истото ауто, поради истите причини, и се пишманив, пошо иако сеуште е фацка, не ми исполнува критериуми за практичност.

А Opel Adam, сличен коцепт.

Ист концепт, не сличен... Затоа и од Адам се пишманив.

Успут, пошо глеам дека нешо се потресоа некои особи, не реков дека е невозможно да се возат деца во кола со три врати, туку дека трите врати мене не ми исполнуваат критериуми за практичност.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 35601
  • Il Moderatore
    • alfisti.mk
Одг: Fiat 500?
« Одговори #9 на: Мај 16, 2019, 21:51:35 pm »
Не е баш дека се потресоа, само пренесуваат сопствени искуства, и посебно укажуваат на моментот дека 3 врати не треба да се елиминаторен критериум, поготово не за второ возило у куќа. За мене ни за прво возило не би бил елиминаторен елелемент.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен t0m1cA

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 852
Одг: Fiat 500?
« Одговори #10 на: Мај 16, 2019, 22:26:02 pm »
До пред 3 год во Југо се возевме фамилијарно, па ништо не ни фалеше.
Земај фиќото и не му ја мисли, по можност 1.4т, и Злате како што ти кажа со панорама и повеќе опрема.
Секогаш може, побрзо, подобро, појако...

Отсутен Bravo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
Одг: Fiat 500?
« Одговори #11 на: Мај 17, 2019, 00:13:04 am »
Друже, ја сум моментално во Италија, и не е  нормално колку се возат овде. Значи ги вози и старо и младо и женско и машко. Ја стварно не знам дали им е врзано као лајфстајл симбол али количето ептен е присутно.
Шо би се рекло, чим толку луѓе го возат, нема мака.
Моја блиска има вакво на ново купено, колата е бонбонче. Мало е, но тоа е и поентата. Градинка, англиски и базен, а притоа и стил гратис.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9366
  • Giulietta QV
Одг: Fiat 500?
« Одговори #12 на: Мај 17, 2019, 08:26:08 am »
многу сакам 500 Абарт
ама ептен многу

Отсутен t0m1cA

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 852
Одг: Fiat 500?
« Одговори #13 на: Мај 17, 2019, 08:32:27 am »
многу сакам 500 Абарт
ама ептен многу
Па купи си де, како грофта...
Секогаш може, побрзо, подобро, појако...

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9366
  • Giulietta QV
Одг: Fiat 500?
« Одговори #14 на: Мај 17, 2019, 08:41:48 am »
па имам скутер
ама здравје, обично кога нешто многу сакам, го добивам ;D