Здраво, пред се да кажам дека веќе некое време го читам форумов и конечно одлучив да се приклучам како млад (и не доволно искусен) ентузијаст за автомобили.
Е сега, последниве 2 месеци цело време гледам огласи, собирам информации, но ми се чини дека колку повеќе гледам, толку по изгубен сум. Претпоставувам дека тоа повеќе би се должело на моето не доволно познавање на тоа што се вози кај нас (поготово до овој ценовен ранг), и дека лесно е да се изгуби човек доколку на youtube гледа канали каде што се прават reviews на нови коли, каде што главен проблем им е на американциве дали нивниот cupholder би собрало 2 пијачки од старбакс.
Мојот daily commute би бил од прилика 40тина километри, каде што барем половина од тоа би биле на отворено. Се разбира тука постои и лимитот дека колата треба да биде до 77kw максимум, а дали е 3 врати или 5 врати, искрено, не ми менува толку. Повеќе сум загрижен за потрошувачката, ама па во исто време не би сакал да возам досадна кола од 50hp само затоа што можам да го пројдам цел месец со 1000 денари за гориво.
Претпоставувам дека просторот за цената може и до 5.000€ да биде, доколку изборот е правилен. Тука спаѓа во игра и longetivity, бидејќи ќе се зима кредит, највероватно оваа кола ќе треба да се вози наредните 4 години. Било каков совет убаво би ми дошол, фала ви за времето.